...пеколот нема да постои повеќе, сите ќе бидиме во рајот
Религиите и догмите пласираа извртени толкувања на писмата со што верувањето го "подигнаа" на повисоко ниво, а тоа е верување во бајка.
А каде се верува во бајка, таму разумот го нема.
Исус(помазаник) никогаш не ни отишол, туку луѓето се одалечија од него. Дали тој ќе дојде или човек кон него да појде , нема разлика.
Сепак, првото им е поприфатливо и само тоа се фаворизира "помазаникот да дојде".
Друга работа е терминот судија.
Кога ќе дојде, ќе им суди на луѓето, но забораваат дека телесните се судат со телесните,а духовните со духовните.
Бидејќи сите луѓе се телесни, судија ќе им бидат децата.
Ете го помазаникот, меѓу нив, но поради временската дистанца во текот на еден човечкиот живот, немаат очи да го видат тоа.
Рајот и пеколот се "места" во времето, а не во вечноста.Или поинаку кажано, телесните ќе газат по рајот и пеколот ,а духовните ќе ги рушат и повторно градат.
Сакаш да си духовен, одреди ги границите на земното и небесното, слези во пеколот и искачи се на небото.
Помазаникот го руши времето.