- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 3.975
- Поени од реакции
- 9.636
Да, да затоа има доста АКО во борбава. И точно е тоа дека различен мечап е секој натпревар за нив тројца. Затоа и ме интересира како Макс ќе ги прими ударите на Илко и обратно. Имаше Илко еден меч со Херберт коа прими така јак хај-кик, ама успеа да се извади и потоа да го прати во светот на бајките.Волк е полош мечап за Макс, Макс е полош мечап за Топурија отколку за Волк, а па Топурија е полош мечап за Волк отколку за Макс. Едноставно така функционира, математиката во спортов не постои.
Волк е доста агилен и прима малку удари, што го прави Макс да троши многу муниција и ги изгуби на поени мечевите. Топуриа е доста допирлив, Макс ако пласира на него 60% од волуменот - нема да го препознаеме Илко после 3-та рунда. Илко прима доста удари, статичен е. Да, ако те погоди паѓаш, ама Макс има 3 пати повеќе издржливост од Волк. Тоа е таа споредба што се обидов да ја пласирам. Сите тројца ако ги искомбинираш различно различен исход ќе добиеш, или со други зборови стајлс мејк фајтс.