Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.134
- Поени од реакции
- 12.115
Робовите исчезнуваат заради друго, не заради христијанството... во новиот завет и те како се зборува за робови! Сешто калемите на христијанството што сметате дека е полезно, а не е така!Па ако се водиме навистина по неговите учења, тогаш ќе сме здрави и силни и напредни. Со гнев и угнетување на други никогаш нема да постигниме успех. Ама со почит и разберање се оди напред, не назад. Не е некоја голема филозофија за протегање на мозочни гимнастики. Спонтан и искрен човек бил, не високо образован.
Но да се биде така спонтан и искрен е ретко кај луѓето во глобала. Сите проповедаме едно, а правиме друго. Личниот бенефит ни е секогаш на прво место. Тоа е она што го прави него посебен.
И ајде да сме реални, фактот што повеќе немало робови и борби со гладијатори е само посебе вселенски напредок. Луѓето во рана Византија меѓу себе се викале браќа и сестри. А тоа е астрономска разлика во споредба со државното уредување кое го оставиле зад себе.
Кога некој зборува за другите дека се секташка сатанистичка збирштина бидејќи не се христијани, или дека источните школи се сатанизам и еготрипови исто така бидјеќи не се христијанство, не е тоа гнев и угнетување насочен кон другоста?
Токму свештенството е умислено дека тие се врвот, мирјаните пак ги копираат и шират вакви гневни муабети задскриени со „добронамерност“ и „љубов“. А кога ќе вратиш со иста мера муабетот оди „Лелее види го што зборува за Исус или за христијанството“.
Што сакаме можеме да зборуваме исто како што ти и твоите духовни отци од нивното дувло со векови сатанизираат и бесправно омаловажуваат туѓи идеали кои го прават човекот подобар... ако ти е верата тебе силна, фалусот не треба да те боли за другите и за животот и за Земјата и за политиката... небитно, ти си само прашина! Гледај си маката...
Лесно е со прстот постојано кон другиот, посебно кога се има вековна пракса да се угнетува и пали другиот, што правиме сега, 100 години од новото време кога полека други сили настапија на Земјата?
Некако се помалку верување и догми... некој ќе каже хаос... нормално, стариот еон ко на апарати троши ресурси и не бира средства за да се одржи во живот, новиот еон турка со сета сила и менува, време е не монструми, меѓу фаза
И прашав претходно, ако толку христијанството со неговите гревови и слично, и смрт и страдање - како се дрзнуваат христијаните да носат живот на Земјата? Со кој ум? За да се броиме поеќе? Смрт не е убаво да се носи на Земјата како што велиш ти, на било кој начин или барајте други верувања и други идеали, бидејќи не е само исламот и христијанството, заедно со јудаизмот на Земјата - не се праведни кон другите, а бараат и трубат за правда!