Витилиго - Хипопигментацијата
Прегледај го приврзокот 429735
... депигментацијата (хипопигментирана кожна болест) ситуцација кога кожата целосно го губи пигментот и побелува (губење на меланоцити), тоа би било автоимуната состојба витилиго.
...причина различна фактори индивидуални, може генетика, може како последица од примена на некои лекови, може претерано изложеност на УВ зраци, емотивна и психолошка состојба, може габични инфекции, може автоимуна состојба витилиго, предизвикуваат пигментни абнормалности.
...хиперпигментацијата и хипопигментацијата се двата основни типа на пигментација на кожата, кога меланин се произведува прекумерно, предизвикува хиперпигментација, која се манифестира како потемни дамки на кожата, а хипопигментацијата е предизвикана од губење на меланин.
Прегледај го приврзокот 429736 Прегледај го приврзокот 429737
... третмани при хипопигментација траат подолго за да се добијат видливи или постојани резултати и затемнување на кожата, што може да потрае многу месеци, на тој начин што ги намалуваат воспалителните или хиперимуните одговори и двата вмешани како механизми за витилиго, кортикостероиди се препишуваат како креми/масти (Clobetasol propionate, Betamethasone dipropionate, Fluticasone propionate).
...светлосна терапија (фототерапија) како најефикасна меѓу достапните третмани за витилиго обично се дава 2-3 х неделно и често комбинирано со кортикостероиди или инхибитори на калцинеурин може да помогне во забавување на прогресијата, иако може да бидат потребни неколку месеци за да се видат одржливи ефекти.
Прегледај го приврзокот 429728Прегледај го приврзокот 429730
Метоксален (8-метоксипсорален)
може да се користи за лекување на псоријаза, витилиго и други болести, 8-Метоксипсорален има силна фотосензибилна активност и лесно се активира со долготрајни ултравиолетови зраци за да произведе фототоксичност што може да ја инхибира синтезата на ДНК и делбата на клетките на кожата, метокссален може да акумулира ултравиолетови зраци во бели дамки и да го забрза производството на меланин.
Дозирање 1% метоксален (меланоцил) при Псоријаза:
Возрасни: Во форма на 0,15% раствор (доколку е потребно, разреден до 0,015%) се нанесува на погодените области 15 минути пред изложување на UVA, како алтернатива, пациентот може да се бања за целото тело со раствор од метоксален 15 минути, проследено со непосредно зрачење со УВА.
Репигментација на витилиго области:
Возрасни: во форма на 1% раствор (разреден до 0,1-0,01%): се нанесува на погодените области, потоа веднаш по нанесувањето, се изложува на UVA до 2 часа, а се заштитува областа околу лезијата со крема за сончање, третманот обично се повторува еднаш неделно, репигментација обично ара од 6-9 месеци третман.