Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.047
Поени од реакции
11.153
„Му ја кљопнавме зрнестата на манчета“
На денешен ден, 9 октомври, 1934 г. во Марсеј, Франција е извршен атентат врз Луј Барту, Министерот за надворешни работи на Франција и Александар Караѓорѓевиќ, кралот на Југославија.
Атентатот е дел од операцијата „Тевтонски меч“ во организација на елитите и тајните служби на тогаш растечките нацистичка Германија и фашистичка Италија. Главна мета бил францускиот министер Барту, но и југословенскиот крал, а целта била да се разнишаат и растурат договорите и односите меѓу земјите потписнички на Версајскиот мировен договор коишто во ПСВ учествуваа на страната на Антантата, против силите на Оската.
Некои анализи велат дека овој настан е еден од низата коишто неполни 5 години подоцна, на 1 септември, 1939 г., ќе доведат до отпочнување на ВСВ.
Извршител на атентатот е Владо „Черноземски“, професионален атентатор во служба на фракцијата на ВМРО предводена од Ванчо Михајлов, по чија наредба претходно истиот има убиено и многу видни македонски дејци.
„Черноземски“, заедно со други, за атентатот е обучуван во илегален камп во Унгарија и му е издаден пасош под лажното име Петер Келемен. Откако по атентатот умира од раните здобиени од сабјата на францускиот офицер од придружбата на министерот и кралот, на неговото тело е пронајдена тетоважа со мртовечка глава и иницијалите на В.М.Р.О. по што се открива неговиот идентитет и кој делумно стои зад атентатот.
Велам делумно, затоа што главната организација и наредба доаѓа од Германија и Италија, а за извршители се избрани хрватските усташи и македонските револуционери. „Черноземски“ е всушност само еден од групата атентатори и неговата задача била да дејствува ако другите се спречени или не успеат, како и што се случило. Претходно имало неколку обиди за атентат врз кралот Караѓорѓевиќ, од кои најпознат е тој во Загреб. Тие биле во организација на хрватското усташко движење на чело со Анте Павелиќ, човекот што во рамките на неговата НДХ, за време на ВСВ му пружаше гостопримство и прибежиште на Ванчо Михајлов.
Александар Караѓорѓевиќ, кралот на Југославија бил диктатор којшто вршел жестока институционална тортура за однародување и асимилација на Македонците во вардарскиот дел на Македонија, окупиран од страна на Србија после Балканските и ПСВ. Во неговото кралство немало Македонија и Македонци туку „Јужна Србија“ и „јужносрбијанци“. За непречено спроведување на големосрпските апетити од 18,000 жандарми во целото кралство 12,000 биле стационирани во Македонија. Вршена е и масовна колонизација при што најдобрата и нај обработлива македонска земја и поседи им се давани на доселени српски фамилии.
Моето потекло, по таткова страна е од едно од најпрочуените мијачки, македонски села Галичник. Таткото на мојата баба, мајката на мојот татко, се викал Соломон Лаќински.
На крајот на 19 и почетокот на 20 век тој мој прадедо имал свој дуќан во градот Солун. Меѓу Галичаните се знае, а пишано е и во книга (Галичка Повест) дека кога во Солун доаѓал Гоце Делчев, наоѓал прибежиште и по потреба се криел во дуќанот на Соломона.
Кога се случил атентатот во Марсеј, и се разбрало дека ВМРО има удел во тоа, Србите со целиот свој државен апарат спровеле дополнителна тортура врз Македонците. Никој во Македонија не смеел ни да зборува за тоа, камоли да го прослави убиството на македонскиот крвник Караѓорѓевиќ.
Во Галичник до ден денеска знаеме која куќа била користена од српската џандармерија. Веднаш после атентатот српските џандарми во селото се однесувале уште поостро и по нечовечки, иако поголем дел од Галичаните се’ уште не разбрале за што станува збор.
Прадедо ми Соломон, кој во тоа време веќе бил во поодминати години, по свои канали разбрал за атентатот и решил да им пренесе на другите галичани. Отишол на сред село каде се собирале главите на фамилиите, но и српските џандари. Седнал и за Србите да не разберат, на Галичаните со намигнување и блага насмевка им рекол:
„Му ја кљопнавме зрнестата на манчета“
Што значело, му се најадовме блага пченица, којашто традиционално се става до главата на покојник, на манукот т.е. кралот-деспот.
Галичаните разбрале, се насмевнале и намигнале назад во знак на разбирање и одобрување, по што информацијата ја пренеле во своите фамилии.
За дедо Соломон, еднаш одамна, сега веќе покојниот Велимир Гиновски, на мене и татко ми ни’ рече:
„Немаше поумен човек во Галичник од Соломона Лаќински“.

 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Балансер конечно заминат во историја.Добро звучи ама на крај ако ги напикаат шпоните на 50% во државно нема да ме чуди
Веќе беше кажано дека спремаат ЗАКОН за да го заменат балансерот. Со тоа акт што можеше кој било министер да го смени они ќе го заменат со законска регулатива. Тоа е уште поголемо закопување во дупка. Еквивалент на тоа е СДС и ДУИ кога го донесоа законот за јазици.

Се што требаше да направат е за не се користи повеќе балансерот е министерот за администрација на прв ден на работно место да го поништи. Толку е целата процедура.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.322
Поени од реакции
6.329
ОМД: Македонците ширум светот го прославуваат членството на Македонија во Советот за Човекови Права на Обединетите Нации

Апсолутно никој ништо не прославува ни кур го заболе за ваква работа.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
ОМД: Македонците ширум светот го прославуваат членството на Македонија во Советот за Човекови Права на Обединетите Нации

Апсолутно никој ништо не прославува ни кур го заболе за ваква работа.
Speak for yourself, јас си спремам слава за вечер во чест на овој настан.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.047
Поени од реакции
11.153
Тури и кур на таа организација каде македонците не смеат да се кажат македонците ни во својата земја
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
49.027
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.743
Поени од реакции
5.674
Демек постоењето на македонска држава од нив зависи, оф умислени и самобендисани, еднаш мора да им се дотера паметот дека се малцинство и ништо друго.

И ова од некој со име Ријад како главниот град на Саудиска Арабија, он таму може со камилите да кажува кога ќе врне.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
346
Би било корисно ако (у)видиме од кој контекст е извадена оваа изјава од хидрашот...
Го нападнаа Мицкоски дека син му патувал со него на државна сметка. ДКСК отвори предмет, најде гол стап и го затвори предметот. Комуњарска работа :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom