Леле истите муабети 1000 години на форумов, второто доаѓање на Исус ќе го дочекаме попрво него ли муабетиве што ќе прекинат некогаш. Решив едно време воопшто да не бидам активен на темава, постовите каде што се пишува за се и сешто ги скокав, и ги гледав само извештаите од утакмиците, што и тоа беше реткост, Кумани постираа слики дека се активираа во последно време, Рибари, Паткари, и добро слики од Комити и Чкембари од утакмиците. Ама дај бе веќе еднаш прекинете со тоа вие волку бевте, вие толку бевте.
Ракомет не привлекува публика, освен ако е некоја јака утакмица со резултатско значење, дерби со Пелистер или ако гостува друга навивачка група. Истото се сличува и во Битола, и секаде во светот не дека ние нешто сме измислиле овде во државава. Споредувате слики од најразлични утакмици и ситуации каде што еуфоријата, атмосферата и ред други фактори биле различни.
Лани се коментираше за бројката на Чкембари на фудбал, затоа што беше пресмешна, еве годинава се поправиле идат стандардно се гледа некаков напредок. Комити после 3 години водење на клубот и еден куп прејаки изданија, годинава на неколку утакмици под своето ниво, ама и тоа е разбирливо, затоа што предходните години имаше атмосфера околу клубот и играчите, годинава нормално после сите случувања со свињата и поразите дека атмосферата ќе падне, а со тоа и бројката и квалитетот.
Се понашате сите овде како да не знаете како идат тие работи со навивачки групи, бројки, изданија, атмосфера и слично. Секој клуб и група има успони и падови и тоа се дешава во циклус од неколку години, неизбежно е и мора некогаш да се случи. Имате децении искуство на трибина и уште не го сфативте ова? Треба да сте реални некогаш не само со главата у ѕид да идете. Гледајте си клубовите таму што едвај ни кубурат и преживуваат, и тој малку спорт што го имаме си го уништуваме меѓусебе.