- Член од
- 3 мај 2022
- Мислења
- 161
- Поени од реакции
- 1.595
Не можам да ти вратам на секој пасус, немам ни време ни нерви толку, искрено алал да ти еДа се изваЈ ситуацијата? Која ситуација друже, заедно со Лозари не можете еден бус да склопите, нас ни бараш 20 Вие доаѓате 50 луѓе ние во една недела 250+ во Кавадарци, 500+ со Силекс и 700+ со вас, со се корео/пиро и ние сме под паника?? )))
Сам провоцираш, нормално аргументирано ти се враќа и тогаш во момент на немање што да вратиш пишуваш ,,Гебелс"...
Паника и немир има кај вас, свесен си и ти за тоа. Ваков дебакл за дерби во Скопје не ви се случил одамна. Ние за 2-3 дена мобилизација во Втора лига, дојдовме речиси 300 луѓе. Рекорд кој се уште не можете да го надминете и тоа на ваша трибина, за која молевте со години и пред Општина и кај Груевски на тие собирите кога ги правеше, па и ние извадивме парола зошто стварно заслужува Битола нов стадион. Но за истиот барем пристојно да биде наполнет, треба континуитет и здрав правец, зошто дерби со Вардар е 1-2 годишно, а групата треба да држи темпо 365 дена...
ФК Вардар со децении бил единствен респектабилен клуб кој покрај навивачите во Скопје, сходно политичките збиднувања и големиот интерес за фудбал, станал клуб-репрезентација на Македонија.
Знамиња од сите градови, екипи од сите градови. Првите екипи на сите групи денес речиси, своите први искуства ги имаат на западната трибина на Градскиот стадион. Факт е тоа. Не е којзнае што, нит па имало организирано навивање како денес, но основното(знамиња, тапан, воџа, ограда, гостувања, реквизити колку толку, пиро/корео) било горе доле ок за тие услови.
Имаш интервју на вашиот основач, кој за жал денес е дел од големо бугарската пропаганда, во кое вели дека нормално се доаѓало да се помогне клубот на натпреварите од Екс-ју лигата. Додека за жал не беа нападнати на запад, нешто кое мислам дека е грешка, зошто западната трибина и денес ги чувствува тие последици.
Колку знамиња и екипи од други градови фалат..се вратија мал дел од екипите, но фали многу поорганизирано да биде сето тоа. На тоа особено треба да се работи!
За тој ,,клуб на народот" цела Македонија доаѓала во Скопје, како што беше и случајот со РК Вардар, па мораа Чкембари да лепат плакати по Битола, со кои ги повикуваа Битолчани да не гледаат Вардар ракомет. Збори ми за паника Ова е инаку по мене најпонижувачката акција на мак-тифо сцената, каде што низ Битола Чкембари бркаа вештерки со месеци и години, убедувајќи ги луѓето да не навиваат за Вардар. Ја разбираш разликата ваљда? Вие две години играте ЛШ, никој во Скопје не се замара воопшто. А уште помалку групата, па уште плакати ќе лепам...
Комити во моментите кога целосно го превземаа клубот, само го рециклираа ова мото со цел да се прошири мрежата на луѓе, на генерации кои би се вклучиле во борбата.
Ова горе доле е поентата, да не тупиме зошто милион пати е пишано. Ќе кажеш пак ,,Гебелс"
Разликата е во плаќање 200 денари билет, во привлечноста на западната трибина чие јадро константно се труди да има брутални изданија, во креативноста, маркетингот, во пристапот и приказната, во акциите за мобилизација и др. Тоа прво гледај го, па после бројката. Таа доаѓа откако сево ова ќе го завршиш.
Плаќате ли воопшто билети вие? Зошто нашите членови, дури и деца плаќаат по 200. И сега и додека бевме во Втора лига. Ај еве почнете со таква пракса, па ќе видиме. Па и на ракомет во ЛШ за која плачевте со векови, не можете уште во 2 години да наполните коп. Да резултатите се виновни, но и ова влијае знаеш и сам. Не плаќајте за ракомет, ќе видите поголем број одма, ама па не е во тоа поентата. Навивач треба да одвојува за трибина, да мисли цело време како ќе помогне, а најмалце што треба е да купи факинг билет..
Екипа корео што ви прави? Мобилизации? Жими таа со коњите и толку...пак ќе чекаме дерби..не оди така друже. Искрено не знам што правите цела недела пред натпреварите. Стварно ли мислите дека од онака ќе се наполни копот? дека изданието ќе биде топ? И како не ве влече максимумот да го дадете..
А за ова 50-100 ќе ми извиниш
Брера-Струмица (200+), Вардар-Пелистер(1800-2000), Вардар-Воска(300), Тиквеш-Кавадарци (250+), Вардар-Силекс(500+), РК Вардар-РК Еурофарм Пелистер (600/700)
При сево ова ФК Вардар е бетониран на дно со години, а РК Вардар дури сега фаќа приклучок, по лоши години, во кои СЕПАК одлично играше во лигата, особено против вас, но две години по ред несреќно титулата бега на други натпревари. Секоја чест за момците секако, шампионски менталитет не се руши така лесно. А можам да замислам Вардар јак да беше, каква еуфорија ќе се направеше, колкави бројки ќе се вадеа...заслужува групата успешен Вардар ама тоа е.
Јас ќе ти направам услуга и ќе замижам на напишаново, зошто ова е веќе лудост. Лага до лага. Секој викенд некоја ваква небулоза пишувате. Одма на старт да скратиме, лага.
Ако имаш аргументи, повели, тоа е веќе друг муабет.
Не треба експертиза, треба само да не пишуваме нешто што не знаеме.
Тендер? Вработени им капе денар? Небулоза до небулоза...ова не ,,Гебелс", не знам што е хаха ајде баш чекам аргументи за ова. Повели, чекам! Доста беше да фрлате лага и као после ок ќе се извиниме. Да видиме кој е Гебелс
Како што и напоменав погоре, Комити многу позитивно се позиционираа не само во навивачкиот туку и во обичниот свет. Гледаат луѓе, препознаваат вистинска приказна, секој сака да помогне. Колку пати луѓето не сакале боја да наплатат, викале колку можеме да помогнеме, колку пати луѓе ако е членската 1000, оставале по 50 евра, само за да помогнат или плаќале наместо еден билет два..тоа е мал гест но секој желбата за помош е тука поентата.
Многу полошо е како Лозари да украдеш цела кореогеафија на Фирма, иако имаш јак дизајнер член. Или да пишеш ,,Стил гоинг стронг"...но тоа е што е
Си се фатил за 0.5% од кореа за кои имало помош од човек кој е да уметник, ама кој доаѓа на Вардар и кој никогаш не наплатил ништо, туку се чувствува дел од приказната и сака да даде допринос. За ова е греота да лажеш, но ајде...боже господе, тендери, вработени по фирми, ,,капе денар", затворање врати,....не Гебелс вие ја свртевте играта во лажење Како и да е, батали глуп муабет.
Изгледа не си бил во СК на последната, зошто вашиот коп кој патем беше мртов цел натпревар, рипна побудале кога Комити ја извадија паролата ,,Брат брата не брани, тешко на вас со Чкембари"...такво нешто немам видено. Цел комплекс со се гарнир ви експлодираше пред очи
Таа е реалноста друже, додека за Европската срамота Бране уште изгледа не платил
Така да вие обичен тренер дур не можете после 18 порази во ЛШ да избркате, малце е глупо да коментираш за козари и Управи, иако се слагам апсолутно-треба да летаат сите до еден!
Само ќе ти кажам накратко, пошто бараш докази за затворените врати и за платени цртачи, од матријални докази имам скрин шот од разговори, и разговори во живо е сега не знам дали ќе ги прифати тие докази основен суд скопје па да не ги пуштам овде за џабе.
Рвр бренд учествувале во 0.5% од кореографиите... ххмммм
Нека отвори кој сака на нивниот профил на инста и фб јасно си пиши за секоја кореографија и за некои графити "Заедно со комити ја изработивме кореографијата..."
А тој дечкото уметникот ако црта патики и ако то му е работа не знам дали ќе си го губи времето и една недела да црта корео за лепе очи.
На крај краева, функционирајте како сакате, ваше си е...само важно е да се знај вистината и да не се манипулира.