Тие тренеро не го менват, шо да очекуваме пак за спортскиот прекршок кој го направија тројцата играчи, неделата во утринските часови, таков ни е градот за кратко се се знај и брзо се шират муабетите, а капак на се да биди се случвало после утакмицата и изгубеното дерби со Вардар, овде дефинитивно е " Кучињата лаат, караванот си врви".
Tотален башибозук, вакво безредие не сум памтел, нормален клуб ги отстранува трајно од тимот и продолжува без нив, парично ако ги казниш, мува не ги лази пак....
Дефинитивно си играат со нервите на навивачите/публиката, не ме чуди од следните утакмици и свирежи да јадат, овде градот не пие нафта, а реално и заслужуваат, никој не е поголем од клубот, се е минливо...
А од меч во меч дури не се средат работите ќе биди празна салата, Фуше Берлин ти иди пред пола месец да не можиш да ја продајш цела сала, нешто не штима значи, а да не зборам и лани на колку утакмици беше празно ќе ги земам Сегед, Киелце и Алборг, на овие утакмици да не наполниш 3500 е дебакл и за нас како град, то ракометен град заборајте го, срамота е да се изусти...
Ќе ми текни порано за неколку саати немаше карти, во истиот ден се беше распродадено и тоа за екипи како Адемар Леон, Дуделанж, Онорхеи, Мешков Брест....се гризеше за карти....
Сега сите светски ракометари во градот ни идат, класа играчи, легенди, најдобри стрелци и пак празно, ова е поразително за нас како град, значи нешто смрди...