Овде стварно си пиши кој шо сака (и то е поентата на форумот) ама стварно и си чита и разбира кој како сака работата, а најчесто обратно од смислата на напишаното.
Јас не прочитав нигде
@toplinka да напиша нешто КАКО да ги брка. Доста преувеличувате и потпалвате. Факт е дека ПРЕМНОГУ играчи се згрешија сите овие години (после Бабиќ), до времето негово мислам дека киксој немаше и сите си ги оправдаја очекувањата. После него секој втор донесен ПРОМАШАЈ. Од кај да почнам незнам, Нилсен, Хенеберг, па и Кисум ништо спец, пољакот пикер, Цикетиќ, Манасков, Даре Стевановиќ, Тајник, па и Богдан ако се прашвам не би го донесол и дебело платил (покрај Костески и Бели), сите овие се дебело платено, и пак неможат 4 битни утакмици да победат во сезоната. Никој не очекува Киелце или Веспер да паднат, ама зато секој очекува вакво расклантан Вардар во секој сегмент послаб и финансиски и играчки и организационо да го треснат без разлика дали е дома или гости. Со децата на Лазаров потежок трененинг да биди ама за жал не е така. За брзо титулата кој ни беше "СЕ" во претходните сезони од Супер Купот стана "небитна" по поразот од Алкалоид, поразот од Вардар слушам како некој без тронка срам НЕБИТЕН го нарекува, имало реванш, многу километри поминати во 48 часа итн. факт е дека е така и едното и другото АМА не е изговор, тие се платени за то, посебно за натпреварите каде титула се решава. Факт е дека управата дали Ванчо Димовски (скутот и менаџерот) дали Звонко Шундовски и Бранче потфрлија со играчите заради нивната неспособност да се носат со тежината и предизвиците кои се пред Пелистер незнам ама негде смрди. Како бе никој после дерби утакмица изјава не дава нигде? Кој му го дозволи то бе? Со кое право бе? Абе онде светски тренери, после покатастрофални утакмици давале изјави, кај нас штама е, ШТАМА. Толку бе немат образ НЕОТПИКЛИВА оставка да си дат? Толку бе крлежи се и немаат срам? Мене јасно ми е дека му се уникале на професорот и на синчето под кожа длабоко, до степен да му е незгодно да ги сменат, ама спортот нема милост, резултати се барат, а моментално не само тие, ништо немаме. Јас првпат гледам во 17 години одење по сали и стадиони, некој ради неколку личности да сака својот клуб во дерби да изгуби, два дена расположението во Битола беше ќе изгубиме со Вардар то никогаш претходно (барем јас) не памтам да се случи, џабе пробваш атмосфера да крениш, некако се осеќа дека вештачки без кеф сите. Цела негатива енергија од внатре излезе надвор и се одрази на сите за жал, за жал. Очигледно е дека нешто не штима внатре, дека нема некоја хемија. Ја гледав пак утакмицата пробав да анализирам малце, во две до три ситуации како да се чека некој да згреши и други 1-2ца одма да оговараат да негодуваат, така ДЕРБИ не се добива, ако не гиниш заедно, ако не дишиш заедно, ако не си заедно и во арно и во лошо ќе изгориш, а нашите изгорија.
П.С. Некој пиша дека од клубот не читале тука, јас го тврдам спротивното дека ЧИТААТ СЕ ! Нека читаат, никој лошо не му мисли, сите критикуваме ко ќе е за критика и браво ко ќе е за браво. Сменете си луѓе на клучните позиции во клубот и пробајте да ставите такви што ќе имаат визија, план и ќе одговараат на амбициите на клубот (менаџери, спортски, тренери, координатори, скаути), доста му е на неспособните во клубот.
САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА !
Sent from my SM-G998B using Tapatalk