Своите лични желби задржи ги за по дома.Отец Симеон зборува апстрактно за тоа што е напишано во библијата. Не пишува за плановите за Евреите кои ги спомнуваш, туку пишува буквално што е напишано во откровението на Јован дека антихристот ќе виде од дановото племе, ќе ги убие пророците Енок и Илија и дека ќе се зацари во возобновениот Соломонов храм.
Кога гледаме апстрактно како овој текст на отец Сименон и направиме аналогија на историјата, можеме да кажеме дека антихристот бил Мухамед, кој доаѓа од дановото племе и се зацарува во возобновениот Соломонов Храм (Ал-Акса).
Во врска со електронското ропство не ни сакам да зборам, тоа е социлошки проблем, кој е доста очигледен и за кој светот и тоа како станува свесен. Но хеј, ти тие информации од коишто го црпиш своето „знаењње“ претежно ги земаш од интернет (не верувам дека си прочитал некој обична книга, а уште помалце духовна), проповедаш на интернет и така натака... Што си ти во очите на Отец Симеон ако не лажен пророк ?
Во Писмото е напишано она кое е напишно, кое ти не го разбираш и кое не ги содржи нештата кои ти би сакал да ги видиш и прочиташ.
Во Писмото не се запишани ниту масоните, ниту Ротшилдите.
Накратко кажано, ако нешто не разбираш, тоа е само твој проблем.
Цело време изнесуваш свои ставови со кои ја пренасочуваш темава и кои немаат ништо заедничко со ничие есхатолошко учење, кое стои зад секоја политика.
Според твојава премудрост, ќе испадне дека сите процеси кои се одвиваат или на локално или на глобално ниво‘, се процеси кои се „так‘ нормални„, речиси природни, и кои се само прост редослед од историски настани, кои се одвиваат механички, без да имаат некаква смисла или цел.