Гликемискиот индекс (ГИ) - Glycemic index (GI)

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.341
Не е контролирана за калории, читај малце што пишувам.
...а калориите не се во храната што се внесува, треба да ти пишува ,,калории" за да те убеди? е па ајде тогаш потври го твоето толкување со студија, за да читам малце што сакаш да кажеш и пишуваш, кога бараш нешто треба и да дадеш и ти нешто како студија! чекам!
...до тогаш, да спомнеме дека додавањето масти и протеини во јаглехидратите ги намалува гликемиските одговори со одложување на празнењето на желудникот и стимулирање на секрецијата на инсулин, внесената храна е таа со тие калории, но таа комбинацијата не не' тера да внесеме други калории што ќе делува на зголемување на телесната тежина.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Разлика помеѓу личност со пореметени хормони, и таа без е околу 50 калории на ден, или во превод ако јадеш 1/2 кришка помалце на ден НЕМА да се здебелиш, нема тука мислења, има наука и консензус, не твои хипотези и фантазија. Ако ова што зборите и хипотезата за инсулин и спајкови се точни, ЛУЃЕ со тип 2 дијабет, НЕМА да можат да ослабат.
Ако во ова ти се и тироидните, кортизолот, тестостеронот, хормонот за раст, оваа разлика е далеку од 50 калории (неколку пати од ова).

Движењето е клуч, не зборувам за класично кардио, туку генерално поголема активност.

Тука е опфатено малку повеќе за улогата на NEAT (Non-Exercise Activity Thermogenesis), и како е истиот афектиран од различни фактори.

Околу диетите, кето е ефективна пред се затоа што лимитира каква храна може да внесуваш и индиректно прави превенција од јадење на глупости, инаку за тие што сакаат јаглехидрати, ротација на јаглехидрати (carb cycling) е најдобрата комбинација да ослабите, а патем да не го натерате телото во мод на преживување, најбитно, калориите мора да се кратат полека.
Има начини како да се ослаби и со 500 калории на ден, и да не се успори метаболизмот, но со користење на хормони, се друго се сведува на дефицит + контрола на јаглехидратите и со тоа инсулинот.

Протеините играат улога и во хормоналниот дел (зголемување на PYY и GLP-1 што сериозно влијаат врз ситост), и во задржување на мускулната маса, и имаат највисок TEF (thermic effect of food), 20-30%, споредено со јаглехидрати кои имаат 5-15% и мастите мислам беа 0-5%. Затоа се препорачува висок протеински внес.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483

Затоа збориме цело време дека треба да е се еднакво за да има соодветна споредба помеѓу 2 групи на исхрана, исто калории и протеини, бидејќи протеините се најважни за слабеење заедно со растителни влакна.

Иначе не се согласувам дека е неколку пати повеќе, грото од студии укажуваат на бројка од 50 на калории.

Кога и да имате дилема за слабеење и хормони читајте за слабеење кај дијабетичари, слабеат скоро идентично како тие кои немаат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Затоа збориме цело време дека треба да е се еднакво за да има соодветна споредба помеѓу 2 групи на исхрана, исто калории и протеини, бидејќи протеините се најважни за слабеење заедно со растителни влакна.

Иначе не се согласувам дека е неколку пати повеќе, грото од студии укажуваат на бројка од 50 на калории.

Кога и да имате дилема за слабеење и хормони читајте за слабеење кај дијабетичари, слабеат скоро идентично како тие кои немаат.
Најчесто разликата е во проценти, па самиот број на калории ќе варира од особа до особа. Нормална машка особа, со просек 2000ккал BMR грубо може да варира од 10-20% само поради проблеми со тироидната и тестостерон. Ако ставиш и најчест проблем со замастен црн дроб ова може да отиде многу нагоре. Плус проблеми со рецептори , слаба мускулна маса, низок внес на протеини, многу висцерално сало, пореметен биоритам со спиење...само со средување на овие проблеми може да се натера телото да троши и многу повеќе, неретко и преку 500ккал, што на месечно ниво е сериозна разлика.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Најчесто разликата е во проценти, па самиот број на калории ќе варира од особа до особа. Нормална машка особа, со просек 2000ккал BMR грубо може да варира од 10-20% само поради проблеми со тироидната или тестостерон. Ако ставиш и најчест проблем со замастен црн дроб ова може да отиде многу нагоре. Плус проблеми со рецептори , слаба мускулна маса, низок внес на протеини, многу висцерално сало, пореметен биоритам со спиење...само со средување на овие проблеми може да се натера телото да троши и многу повеќе, неретко и преку 500ккал, што на месечно ниво е сериозна разлика.
Постојат исклyчоци каде што луѓе при екстремен стрес и други специфични кондиции имале такви проблеми, кои претежно доаѓаат од ретенција на вода.

Иначе кога се работи за инсулин кој тука е на тема не игра скоро никаква улога, има студии каде што со скоро 50% понизок инсулин луѓето на кето диета се здебелија повеќе него на високи јаглехидрати исхрана.....

Мислам дека луѓето не сфаќаат дека после 1-2 недели рестрикција на калории гладот опаѓа кај грото од видови на исхрана се додека истата е балансирана од аспект на макронутриени.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.341
Околу диетите, кето е ефективна пред се затоа што лимитира каква храна може да внесуваш и индиректно прави превенција од јадење на глупости, инаку за тие што сакаат јаглехидрати, ротација на јаглехидрати (carb cycling) е најдобрата комбинација да ослабите,

Затоа се препорачува висок протеински внес.
...пишуваш за кето диета?

najadeni-ste-a-slabeete-plan-za-keto-dieta-za-pocetnici-2.jpg

...70% масти, а само 5% јаглехидрати и кога таква особа ќе оди да направи крвна слика лабораториски резултатот на гликоза највероватно ќе биде висок, а само 5% внесува, што мислиш од каде таа гликоза во крвта покачена и што прави инсулинот во телото на таа покачена гликоза, а особата според кето диета внесува храна богата со масти 70%, а не со јагленохидрати 5%?

...лабораториски наод би бил и променета на нормална pH на урината во многу кисела поради појачана исхрана со масти, па и со протеини, покачен калциум, а намален внес на вода зашто со 5% јагленохидрати нема да ни се пие толку вода, а бубрегот во таква ситуација што ќе прави?

...што мислиш дијабетот кој е толку проширен настанува поради јадење благо т.е. внес на јагленохидрати, па има дијабетичари се однесува за тип 2 што не пробале благо, а се тешки дијабетичари под инсулинска терапија, а некои доктори им даваат совет да не јадат благо, слично како луѓе кои се слаби со висок холестетол, а ги советуваат да држат диета !
...потоа грешките тешко се поправаат или пак воопшто не може да се поправат поради пореметениот метаболизам,

...не постои формула, диета, стриктно правило за да се биде здрав, секој човек е приказна за себе и треба све да се зема во обзир, но не смееме да се мешаме во тоа што телото сака, ако има пореметување на пример во дебелина не се иде дилетански краткорочно со диети или нагло менување на исхраната и вештачки суплементи,

...природата ја создаде храната и сложената човечка лабораторијата да ја процесуира, не смее да се чепка таму, поврзано е со функција на органите, со функциите на жлездите за внатрешно лачење, ние ќе делуваме на едно со моментален задоволителен краткорочен резултат, а десет ќе се расипе со долгорочен пореметен резултат што носи најчесто болест,

...ние треба да делуваме само на факторите на стрес, на брзината на живеење, сон, дружење, радост, расположение, добрина, природа, секс и љубов, а да внимаваме на исхрана, но не да видоизменуваме!
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Постојат исклyчоци каде што луѓе при екстремен стрес и други специфични кондиции имале такви проблеми, кои претежно доаѓаат од ретенција на вода.

Иначе кога се работи за инсулин кој тука е на тема не игра скоро никаква улога, има студии каде што со скоро 50% понизок инсулин луѓето на кето диета се здебелија повеќе него на високи јаглехидрати исхрана.....

Мислам дека луѓето не сфаќаат дека после 1-2 недели рестрикција на калории гладот опаѓа кај грото од видови на исхрана се додека истата е балансирана од аспект на макронутриени.
Висок инсулин е во директна корелација со чувство на глад и потреба да внесеш шеќер во себе.
Се додека јадеш иста количина на протеини и калории нема да има разлика.

Е сега во пилешко има 3x повеќе протеини од грав по грам, затоа на растителна диета треба да додадеш nuts/seeds и други житарици.
Автоматски споено мислење:

Не е контролирана за калории, читај малце што пишувам.
Има разлика, не сум експерт по темата, ама животинските протеини се комплетни протеини со сите аминокиселини присутни, што не е случај со растителните.

Точно, тоа значи треба да изедам х3 количински грав за да го внесам истото ниво на протеин, а ова за јатки и семиња искрено прв пат слушам дека имаат протеини...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.341
Висок инсулин е во директна корелација со чувство на глад и потреба да внесеш шеќер во себе.
...не секогаш, ете на пример во кето диетата јадиме храна богати со масти, а во крвта нагло се зголемува гликозата со што повлекува лачење инсулин, а ние се прејадовме масна храна со ич шеќери, дали пак ќе чувствуваме глад и пак ќе јадеме масна храна како е кето диетата?
не сум експерт по темата,
...никој не е експерт, ниту тука на форумот ниту надвор од него, дебатираме, разменуваме исти или различни мислења и излегуваат нови моменти и сознанија што лични што од Нет, секој ден учиме нешто ново, така да те охрабрувам и тебе и другите да продолжуваат со пишувањето.
 
Последно уредено:
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
439
Апсолутно се слагам со @Lester Freamon за ова

Околу диетите, кето е ефективна пред се затоа што лимитира каква храна може да внесуваш и индиректно прави превенција од јадење на глупости.
И затоа оваа диета е добра.

А @zmej gorjanin сака да каже дека 200 па и 150 калории од стек повеќе заситуваат него 200 калории од варена леќа,леб,крофна итд.
Што е апсолутно точно.
И со тоа се намалува потребата за јадење на други глупости и така слабееш.

И ова е точно.

Јас сум повеќе на растителна храна но да изедам 200г стек малку пире и нешто зеленчук цел ден не ми се јади.
А тука ево да речеме има 400 калории....а истиве калории од крофна,леб,леќа,грав не заситува исто кој сака нека кажи.

Автоматски сум во calorie restriction и внесувам пак добра количина на micronutrients.

А проблемот со isocaloric e тоа што не можеш во растителна храна да најдеш чисто протеин пример леќа има и протеини и јх, или има масти и протеини.

А за да го направиш isocaloric треба цел ден тука да му ја тупиш.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Висок инсулин е во директна корелација со чувство на глад и потреба да внесеш шеќер во себе.

Има разлика, не сум експерт по темата, ама животинските протеини се комплетни протеини со сите аминокиселини присутни, што не е случај со растителните.

Точно, тоа значи треба да изедам х3 количински грав за да го внесам истото ниво на протеин, а ова за јатки и семиња искрено прв пат слушам дека имаат протеини...
Ова ќе пробам уште еднаш да ти го објаснам, и веќе нема.

Доколку јадеш исто протеини (не е важно во што има повеќе по грам) ќе имаш еднаков ефект, значи наместо 100г стек, 50г мелени семки од тиква, и 100г грав, ќе внесеш еднаква количина на протеини кои ќе имаат еднаков анаболички ефект. Не спориме дека во животински продукти има повеќе протеини, него дека АКО ги изедначиш како количина нема разлика.

Висок инсулин не прави никаква разлика,

All 27 IF trials found weight loss of 0.8% to 13.0% of baseline weight with no serious adverse events. Twelve studies comparing IF to calorie restriction found equivalent results. The 5 studies that included patients with type 2 The 5 studies that included patients with type 2 diabetes documented improved glycemic control
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ова ќе пробам уште еднаш да ти го објаснам, и веќе нема.

Доколку јадеш исто протеини (не е важно во што има повеќе по грам) ќе имаш еднаков ефект, значи наместо 100г стек, 50г мелени семки од тиква, и 100г грав, ќе внесеш еднаква количина на протеини кои ќе имаат еднаков анаболички ефект. Не спориме дека во животински продукти има повеќе протеини, него дека АКО ги изедначиш како количина нема разлика.

Висок инсулин не прави никаква разлика,

Не мора да ми објаснуваш, очигледно за различни работи збориме. Ја зборам за тоа дека составот на животински и растителни протеини е различен, ти збориш за количина на протеини и дека ќе имале ист ефект на крај. Ако протеините имаат различен состав како би имале ист ефект?

Еве ти, пошто си љубител на студии

.
Автоматски споено мислење:

...не секогаш, ете на пример во кето диетата јадиме храна богати со масти, а во крвта нагло се зголемува гликозата со што повлекува лачење инсулин, а ние се прејадовме масна храна со ич шеќери, дали пак ќе чувствуваме глад и пак ќе јадеме масна храна како е кето диетата?

...никој не е експерт, ниту тука на форумот ниту надвор од него, дебатираме, разменуваме исти или различни мислења и излегуваат нови моменти и сознанија што лични што од Нет, секој ден учиме нешто ново, така да те охрабрувам и тебе и другите да продолжуваат со пишувањето.
Зависи од типот на храна и начинот на кој е приготвена. Имаш и варено пилешко, ама имаш и deep fried chicken, второто ќе предизвика лачење на поголеми нивоа на инсулин. Инаку најлоша храна за покачување на инсулин ти е храна полна со прости шеќери и храна полна со заситени масти.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.341
Околу диетите, кето е ефективна пред се затоа што лимитира каква храна може да внесуваш и индиректно прави превенција од јадење на глупости.
И затоа оваа диета е добра.
... не е точно и кето диета не е добра, а првенствено се користи за справување со напади кај деца со епилепсија, штета што не ми го прочита мојот пост и објаснувањето што може да направи висок внес на масти кај кето диета.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
439
... не е точно и кето диета не е добра, а првенствено се користи за справување со напади кај деца со епилепсија, штета што не ми го прочита мојот пост и објаснувањето што може да направи висок внес на масти кај кето диета.
За кето едино добро е ова и потопло се слагам со @Lester Freamon негово е ова јас само цитирав.
Ако јадеш кето големи се шансите да намалиш junk food во таа смисла.
И е лесна диета за пратење.

Оди ти само со растителна храна направи некој баланс треба многу повеќе планирање.

Пример леќата,гравот имаат протеини но имаат и јх...ореви лешници имаат протеини но имаат и масти.
 
Леброн, Роналдо итн, итн имаат напади на епилепсија очигледно

и двајцата имаат округло 40 ка и двајцата уште активно играат
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Постојат исклyчоци каде што луѓе при екстремен стрес и други специфични кондиции имале такви проблеми, кои претежно доаѓаат од ретенција на вода.

Иначе кога се работи за инсулин кој тука е на тема не игра скоро никаква улога, има студии каде што со скоро 50% понизок инсулин луѓето на кето диета се здебелија повеќе него на високи јаглехидрати исхрана.....

Мислам дека луѓето не сфаќаат дека после 1-2 недели рестрикција на калории гладот опаѓа кај грото од видови на исхрана се додека истата е балансирана од аспект на макронутриени.
Ако јадат премногу, нема врска дали е кето, карнивор, аткинс, високо протеинска или со многу јаглехидрати, ќе се здебелат во секој случај. Многу зависи колку се оштетени клетките, ако има апла висок insulin resistance, тогаш треба прилично сериозен пристап на било каква диета. И како што спомнав претходно, состојбата на црниот дроб и на тироидната жлезда е исклучително битна.

...пишуваш за кето диета?

Прегледај го приврзокот 430006

...70% масти, а само 5% јаглехидрати и кога таква особа ќе оди да направи крвна слика лабораториски резултатот на гликоза највероватно ќе биде висок, а само 5% внесува, што мислиш од каде таа гликоза во крвта покачена и што прави инсулинот во телото на таа покачена гликоза, а особата според кето диета внесува храна богата со масти 70%, а не со јагленохидрати 5%?

...лабораториски наод би бил и променета на нормална pH на урината во многу кисела поради појачана исхрана со масти, па и со протеини, покачен калциум, а намален внес на вода зашто со 5% јагленохидрати нема да ни се пие толку вода, а бубрегот во таква ситуација што ќе прави?

...што мислиш дијабетот кој е толку проширен настанува поради јадење благо т.е. внес на јагленохидрати, па има дијабетичари се однесува за тип 2 што не пробале благо, а се тешки дијабетичари под инсулинска терапија, а некои доктори им даваат совет да не јадат благо, слично како луѓе кои се слаби со висок холестетол, а ги советуваат да држат диета !
...потоа грешките тешко се поправаат или пак воопшто не може да се поправат поради пореметениот метаболизам,

...не постои формула, диета, стриктно правило за да се биде здрав, секој човек е приказна за себе и треба све да се зема во обзир, но не смееме да се мешаме во тоа што телото сака, ако има пореметување на пример во дебелина не се иде дилетански краткорочно со диети или нагло менување на исхраната и вештачки суплементи,

...природата ја создаде храната и сложената човечка лабораторијата да ја процесуира, не смее да се чепка таму, поврзано е со функција на органите, со функциите на жлездите за внатрешно лачење, ние ќе делуваме на едно со моментален задоволителен краткорочен резултат, а десет ќе се расипе со долгорочен пореметен резултат што носи најчесто болест,

...ние треба да делуваме само на факторите на стрес, на брзината на живеење, сон, дружење, радост, расположение, добрина, природа, секс и љубов, а да внимаваме на исхрана, но не да видоизменуваме!
Штетата што ќе си ја нанесе со вишок килажа, е далеку поголема од таа што ќе ја добие со 4-5 месеци кето диета. Ретко кој останува на таа диета на подолг период, а како диета е една од најефективните.

Постои за да се биде здрав, тоа е умереност и непроцесирана храна, со таква тешко и да успееш да се прејадеш затоа што заситува и не е толку лесно достапна, помини - лапни.
Автоматски споено мислење:

За кето едино добро е ова и потопло се слагам со @Lester Freamon негово е ова јас само цитирав.
Ако јадеш кето големи се шансите да намалиш junk food во таа смисла.
И е лесна диета за пратење.

Оди ти само со растителна храна направи некој баланс треба многу повеќе планирање.

Пример леќата,гравот имаат протеини но имаат и јх...ореви лешници имаат протеини но имаат и масти.
Ако треба да бидам една диета која е најдобра, генерално и најздрава при слабеење, би одел со ротација на јаглехидрати, повторно јадеш нормално, само пазиш на калории и во кој ден од што треба да доаѓаат, ама е замаранција (треба доста планирање и мерење, обично оброците јас ги правам 1-2 пати неделно и ги ставам во фрижидер, но сепак...). Кетото е прилично едноставна, иако е ригорозна и тешка (особено првите 2-3 недели), еднаш кога ќе почнеш нема бегање.

Јас тестирав и 1 месец карнивор, оваа е далеку потешка од кетото, но не би ја практикувал повеќе затоа што не ме држеше сит колку кето, плус е апла лимитирана. Инаку се чувствував ок од поглед на енергија, само имав за нијанса повеќе глад.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom