После Вардар ова е нова утакмица каде ќе кукаме по бодовите, чисти 3 бода требаше да имаме со Струга, надиграни беа во секој сегмент, дали удари на гол, прекини, корнери во се подобри, штета шо не се искористија шансите, на вакви домашни утакмици МОРА да победваме за да бидиме поблиску до целта, од друга страна реално пред утакмица некој бод да ни понудеше беше полна капа за нас, ама кога видовме на терен како стојат работите ќе жалиме шо не успеавме да имаме уште +2 бода.
Првото полувреме Мики не сакати, па толку себично суштество немам видено, фудбал не се игра сам, ајде еден два ќе помини, сака со се топка вгол да влези, многу од фудбалерите Меси и Роналдо ги гледат и му се идоли и глумат лудила, контрата во првото мораше да го проигра Спирковски кој имаше по поволна ситуација тој се сплетка само, мораше и побрзо да го извади Костов, дури не научи да не се себичи, нека биди резерва.
На штопер уште еднаш се докажа дека без синчето сме подобри назад, Кице со Егри се солиден тандем назад, бекчето Христијан Стојановски исто искина, за разлика од тој 2ката Ивановски овај е далеку подобар и постабилен назад, а гледам дури 2 години е помлад од него, така да на оваа позиција со него сме покриени и со у21, добар играч во најава можи да е Стојановски од то шо изигра со Струга ќе го видиме на следните....
Мирко е прав лидер на ова екипа, играчиште е Мирко, штета шо немаме во екипата уште еден како него, па тогаш ова екипа дури и за Европа би се борела, голем сенс има, знаење и игра со топка, ама сам се не можи, мора останатите играчи да го користат и да дават се од себе со самото шо успеавме да го донесиме тука, плус голем авторитет има кај судиите, неколку пати му се спротистави и на Ставрев, сепак е име за во нашата лига, уште малце ќе почни да ги тепа сите
Следно коло мора да се победи Беса, да се крени самодовербата и кај другите....