Кои? Слаб сум по математика, молим те објасни. Еве ако сакаш у пм објасни ми ако не сакаш темата да ја трупаме.
...за одредени математички ситуации кога еден и еден не се два, ќе напишам на друго место со претходно потсетување, оти помина време па да не погрешам, а за медицинска ситуација на еден и еден не се секогаш два во медицината, како израз, ќе опишам, еве еден случај каде некои доктори грешат кај своите пациенти токму во препорака на тоа „еден и еден се два“, но грешат и не се два!
...пример, најчесто лек против било која болест не мора да ја прецизираме ја има во различна јачина 25мг, 50мг,100мг, начинот на пристап на терапија со која јачина ја одредува докторот со негово искуство, знаење и од моментална акутна или хронична состојба на болеста на пациентот, еве на пример се случува ситуација да за една болест се одредува лек од 50 мг јачина со што пациентот после една, две недели не е задоволен ги има сеуште симптомите или пак докторот увидува дека не дава добри резултати таа јачина на лек од 50 мг и му вели на пациентот „од утре земи две таблети да ја зголемиме јачината“ значи едно (50мг) + едно (50мг) се како две испиени таблети (100мг), НО ДАЛИ СЕ?
...кога некои ќе испие наеднаш две таблети од 50мг+ 50 мг, пациентот само во моментот на испиените таблети можеби ќе осети некое моментално подобрување, но и попотенцирани несакани ефекти што секој лек го има, со 50 мг можеби не чувствувал никакви тегоби, но со две таблети тие тегоби се видливи, а крајниот резултат пак не е задоволителен и пациентот приквечер и навечер повторно му се влошува состојбата и генерално земено нема да биде задоволен иако јачината на лекот е покачена дупло со две таблети наеднаш!
...правилно би било кога би се преминало на јачина од 100 мг во една таблетка, затоа што тие фабрички се модифицирани да во првите 6 часа се ослободува 50 мг од лекот, па после тие 6 часа ослободуваат другите 50 мг со што пациентот е покриен 12ч и приквечер, а дополнителнните супстанции се во помала количина за разлика во една плус една таблета на ист лек и пациентот нема да има видливи несакани споредни ефекти, односно би се дозирало една таблета од 50 мг наутро и после 6 часа друга таблета од 50 мг со што би бил покриен пациентот 12ч со лекот, но никогаш не може да биде покриен со лек 12ч ако би испил две таблети од 50 мг наутро,
...еве друг случај конкретно со внес на калории, дека се единствени важни за гојазноста ВНЕСЕНИТЕ КАЛОРИИ, односно дали една особа ќе биде дебела или слаба, значи еден (калории) + еден, еве нека биде и висок гликемичен индекс (ГИ) = на два, конкретно покачена телесна тежина,
- е па не е така, ако особата која внесува повеќе калории во текот на денот, а има хипертиреоза (зголемена функција на штитна жлезда) со што неговиот метаболизам работи 200 на саат, патолошка состојба на пациентот, тој никогаш нема да има ниту сало ниту покачена телесна тежина, додека обратно цел ден некој да си ги брои калориите, да бидат минимални колку за опстанок и гликемичниот индекс (ГИ) најнизок, таа особа повторно ќе со тек на време ќе има сало и телесна тежина над нормала, со изразите на многу луѓе „воздухот што го дишам ме дебели“, токму поради хипотиреоза (намалена функција на штитната жлезда) што во тоа телото метаболизмот е „заспан“ и состојбата не телото не соодејствува со внесот на калориите или (ГИ).
Прашањето не е за тоа. Кога протеините И КАЛОРИИТЕ се еднакви, што и да јадеш ќе ослабеш исто, дали е кето, дали е растителна диета, НЕ Е важно, има еден тон студии на оваа тема во "метаболички установи" НЕМА РАЗЛИКА.
Во тие студии, на учесниците им е забрането напуштање на установата, не смее никој да ги посетува, и СЕ ПОД надзор на кој претходно даваат согласност и се платени за истото, јадат точно она што ќе им дадат, во точни концентрации, имаат слична возраст, и здравствена состојба, во тие студии апсолутно не е важно на КОЈА исхрана си, СЕ додека ИМА идентична концентрација на протеин и калории слабееш идентично.
Овие студии се златен стандард во науката.
Разлика помеѓу личност со пореметени хормони, и таа без е околу 50 калории на ден, или во превод ако јадеш 1/2 кришка помалце на ден НЕМА да се здебелиш, нема тука мислења, има наука и консензус, не твои хипотези и фантазија. Ако ова што зборите и хипотезата за инсулин и спајкови се точни, ЛУЃЕ со тип 2 дијабет, НЕМА да можат да ослабат.
...дали знаеш што значи денес „наука“ и кој све можат да бидат„научници“ и кога и какви клинички студии се изведуваат, секоја чест на исклучително малкуте професионални ентузијасти?
...ти тоа го пишуваш да речеме од што ја читаш „наука“, јас тоа го пишувам од што ја читам науката, но и од пракса, односно селектирам, не сум верник на све што „научно“ се пишува, оти знам како денес се постанува „научник“ и на кој начин се вршат клиничка студии, да не речам често „по нарачка“, ти се водиш по друго мислење, а јас по сопствено, оти ти не си медицински едуциран (без да се лутиш), затоа ОК е да си пишуваме мислењата, па макар да се спротивни, но да го држиме нивото, се сложуваш?
Разлика помеѓу личност со пореметени хормони,
...тоа е еден дел,
што со тие луѓе со различна ресорпција на хранливите материи (калории), еве јас внесувам храна преку ден високо калорична со висок гликемичен индекс (ГИ), а ресорпцијата на истата ја немам како кај другите и храната само ќе „прошета“ низ дигестивниот тракт, односно внесувам храна високо калорична со висок гликемичен индекс (ГИ) но во моментот на оброкот ја комбинирам така нема добро да се ресорбира или едноставно се намалува (ГИ) индекс, а со тоа тие калории што ги внесувам комбинацијата на храната на оброкот ја намалува ресорпцијата, тука колку ќе намалиш „кришка леб“ ?