Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Има песни и има песни. Магијата кој некои песни ја содржат е необјаснива на рационален начин, дури делува дека се работи за нешто натприродно. Across the Universe е една од нив. За изразено вонвременско искуство оваа песна би била саундтрак на едно прекрасно попладне со кодеин уз кафица, нотите едноставно играат во длабочината на човековата перцепција, го прават немоќен да најде зборови со кои би го изразил она кое со зборови не може.


Nothing`s gonna change my world :)
 
Последно уредено:
Сега ко че си легнам че сонувам дека Ставро сум го однел на ТурбоФолк журка, по некој српски клубој во Санкт Гален овде, или во Клубот Метропола во Штутгард (Шваби дали ве има?? Да ве чујам?? Прчи микрофон кон кајги публика). Со Бресквица на репертоар да ни пеј во живо. Или Теа Таирович Израел и Палестина.

Да глеа српски фуфи кај шо ги прча дак фејс гумените муцки. Од кај полноќ натака, идат неколку фуфу облечени само во трикоа и пердуви. Сето илирски фарбани фејк рускоси од по скоро 2 метра. Овие не се стриптизети, во романска смисла на зборот. Туку едноставно неколку избрани кукли, веројатно старлети во најава?, кој ја подгреваат атмосверата. Најчесто носат со себе прскалки и од оние ко чадни бомби во боја и прат една прошетка низ клубот со пехар полн шишлаци Моет во него.
Ако не е по фуфите, ок имаат и друго во понуда они <3 хаха.

Ко че види Ставре во туѓина, без Фамилија, ни вистински другар до себе, како фер србите го прифатиле ко свој - а сепак туѓ за нив, ќе разбере троа во тоа црпката сан стефанска супериорна а кон нас толку омаловажувачка.

Јас че и клам на Теа една стотка франки меѓу цицки, да му замеша на Ставрета посебно. Знајш како вела, дур не си ватил џупка за газ нема да мојш да запалиш оган? Е.
 
Драга
Нема многу ликови кои беа мн активни овде ,па ми фалат... незнам зашо . Имаа стил на пишување ,изразување ,многу едуцирани, интересни, прилагодливи на безброј тема. Сега малку некоја друга пкола се вклучува ,не ,не е таа стара школа ама па шо знам новата школа ниту мегу редови чита ниту пише мегу редови ,а бе мислеш од транслејт читаш па никако не го разбираш. Туку ,ајде форумот имаше сериозни членови.
 
Дк, сум се угоила сум се упрасила, неможам да се поднесам во стомакот, ем благово го исфрлив од мени, ама џабе, си лапкам, нешто ме тера одвнатре некој црв во стомачево ми мрда, ми ствара апетит. А и времево ваму ко децембар македонски и тоа не помага баш :mad:
 
Midnight and the moon is out, careful you might hurt yourself. Pleasure leads to pain, to me they're both the same. And you might be insane but maybe we're the same. Tonight, you came here, cz you know what I need, and no one likes to be ALONE. I don't need your future! I just need a lover, so gimme what I want, or I'll give it to myself. :pipi:

Вака некако. Добра ноќ, само на Mакедонците (ако ги има воопшто, овде).
 
Уште едно ремек дело на мајстоорот......ај, гуд најт.
 
Интервју со еден од најголемите умови во боречките вештини, Џон Данахер.

 
кеј,

ретко кој има сенс за естетика ко мене, уште поретко кој го цени убавото ко ја.
Дар е од Бога, јасно ми е, фала му. Уште сум, толку чуден и див.
 
Една од најголемите небулози што циркулира меѓу нашиот народ е дека ако се менува времето ќе те “врти„ коленото/рамото/раката сеедно. Еве ја праев операција на колено пред 2 и пол месеци, од 20 души што имаат операции правено на било какви делови од телото ми беше најавено дека ќе ме боли коленото на промена на време, а ако одиме по таа логика последниве две недели требаше да ми ја ампутираат ногата од временските амплитуди и промени. Какви глупоштини се ова мајко мила, само народ ко нас може да верува у такви идиотизми.
 
Драга, 16+ години откако се зачленив. летна времето.

Но, не е тоа поентата.
Мислам дека веќе е повеќе од евидентна твојата да речам дееволуција и своевидно објективно пропаѓање, полека полека скапување.
Гледам многу луѓе овде кенкаат и плачат по некои постари времиња, но забораваат дека тогаш сите беа дечишта со повеќе време, веројатно сега сите горе доле начукаа 30ка па и повеќе. Плус, тогаш не земаа замав социјалниве мрежи и ги немаше еден тон како што е случај денес.
А и секако, луѓето се променуваат и генералната популација веќе не е желна за, да речам темелна дебата, туку све стана површно, за жал. Хехе, хаха, тролање и хејтање, се тоа у рамки на својот меур на размислување/идеологија.

Но, пак те сакам, и покрај тоа што се накотија 1 тон луѓе кои се сеприсутни, дежурни експерти, политичари и тн, ликови кои натепале мислења, чисто колку да се пише нешто.
Јас, искрено никад не сум бил од тие, иако во овие 16 години имало ситуации кога не сум се уклучувал и не сум учествувал у дебата со месеци.

Се си има ups and downs, реално, да не се лажеме многу често ради технички проблеми те снемува неколку денови, и тоа е доста потценет факт како дел од твојата "дееволуција"... Јбг, таков е векот, мора да си цело време он, за да имаш user retention. Али мислам дека после задниве неколку "паѓања", онака, кога гледам ретроспективно - веќе не си иста. Можеби јас сум имал розеви наочари и тоа што се случува со години не го приметувам, ама мислам дека да, после задниве паѓања најевидентно е дека ситуацијава е штама на форумов in general.

Реално и таков стана светот некако, никој со 3 грама свест не сака да се расправа за банални глупости со некој радикално спротивен од него, губење време е. Ептен некако у задно време има такви различности меѓу луѓе, што е невозможно да се најде некој middle ground. Сите си живеат во својот меур и тоа е тоа.
А и никој никад у 30+ годишната историја на интернет не рекол "Еј да брат, во право си".
Што е најтрагично, може и ова е мое субјективно искуство, ама, многу ретко кога ќе се влезе у некоја дебата, луѓево вистински го читаат и го перцепираат својот соговрник. Ретки се веќе таквите, и со нив е стварно уживање да се влага у дебата. Туку најчесто е "ќе биде по мое/ќе бидам јас у право па што сака нека биде/глава у ѕид/лечење фрустрации/чекај сеа чичо да ти каже" его трипови. Ќе мењаат тема на разговор едно 20 пати, само за да испаднат у право. Ќе игнорираат тоа што ти сакаш да го кажеш, ќе вадат од контекст и такви некои его причи. И зашто ја би се замарал да си трошам време да влагам у дебата со некој што воопшто НЕ сака да го исперцепира мојот став. Не само што не те исчитува до крај, туку не ти го валидира ни ставот, што е спротивен од неговиот...

Што знам, можеби и јас у последно време почнав да го сфаќам "сериозно" форумов и затоа сум у таков некој период.

Сепак, како што кажав, пак те сакам, и каде и да сум во животот, пак ќе те посетувам од време на време, макар и 3ца останале овде. I owe you that much.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom