Небо-земја е разликата тука. Едноставно нема што да бараат против вакви екипи. Два различни спорта се играат тука.
Одбивам да верувам дека со прав тренер, еве од овие наведениве Тухел или Терзич (кој лани со Б.Д исто се прошета на Сан Сиро) ќе бевме волку дрва и инфериорни и до овој степен ќе пукаше од сите страни.
Но, секако мора да се земе у предвид следново:
Двете екипи имаат нови тренери. Со тоа што едниот наследи империја, другиот локален башибозук. Милан години наназад работи неплански ако се спореди со Ливерпул.
Алисон, Трент, Конате, ВВД, Жота, Салах. Еве и Робертсон ќе го ставам. Тоа се 7 играчи кои играат 4+ години заедно.
Додека нашиве секоја година имаат по 3-4 играчи нови. Значи нешто не е како што треба.
Пак ќе напоменам, немаме лош ростер, особено не оваа година. Од тој аспект Милан има добра екипа, со оглед на финансиските можности. Проблемот е што менаџерот е просечен. СИТЕ ама АПСОЛУТНО СИТЕ се свесни дека е тапа Фонсека, од управа, навивачи, новинари, дете бе од 5 години сфаќа дека не го бива.
Едини спас сезонава е да ја изгубиме оваа, да изгубиме со Интер, ок ајде со Лече валда ќе тепаме, да го напунат во Леверкузен и да изгуби од Фиорентина. Толкав притисок да има врз недокваканиов и да го отпуштат во октомври. Па и така пак ќе го држат, ќе биде пресмешно да слушаме изјави како се вадат "на секој тренер му треба време", "ова е долгорочен проект, веруваме во Фонсека", "нема да дозволиме неколку слаби резултати да влијаат врз овој грандиозен Европски долгорочен проект". Ко пичиња некои.
Мислам дека попрво ќе отидам на Марс него да видам асален тренер да го води Милан и да го отпуштат овој.
Уште од старт бе се виде дека this won't end well.