Кај е нашата историја пред ВМРО 1893г? Тврдиме антика, а немаме ни 150 години историја.
Тревата е зелена, водата е мокра, а небото е сино...
Секако дека немаме историја како наука, како форма на колективно сеќавање, која е непосредно поврзана со постоење на своја држава во историско-временски континуитет, со сите нејзини артибути, институции и установи. Тоа (основањето национална држава) ни се случува со АСНОМ, па оттогаш можеме научно да потврдиме кои сме и што сме.
Пишуваш произволни ставови, ама кога ти би сакал, би ги нашол одговорите на твоиве прашња.
Апла е познато под чија окупација (ропство) сме биле 5 векови, и дека во тој период немавме држава па автоматски нема(в)ме ниту историја, во облик од хронолошки записи, изработени од соодветно квалификувани лица.
И секако дека нашата подалечна/средновековна историја е поврзана со Самоила, со источното Римски Царство, не со Аспарух.
Се чини дека преродбениците од XIX век имале повеќе свесност за својата македонштина од тебе...