На што се базира бугарската пропаганда?

Член од
27 мај 2018
Мислења
914
Поени од реакции
1.567
Може да ги слушаш бидејќи ова е самоопределување. Секој е слободен да се самоопределува како што сака. Нема ништо спорно во тоа.

Инаку, можеш да слушаш кој сакаш. Тоа е твој проблем. Ако сакате и рамноземците слушај... Читам сериозна литература и имам критичко размислување.
и сега постојат македонците или не? Што вика СЕРИОЗНАТА литератуа ?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.404
Поени од реакции
9.016
Може да ги слушаш бидејќи ова е самоопределување. Секој е слободен да се самоопределува како што сака. Нема ништо спорно во тоа.

Инаку, можеш да слушаш кој сакаш. Тоа е твој проблем. Ако сакате и рамноземците слушај... Читам сериозна литература и имам критичко размислување.
Се радувам што читаш сериозна литература. Тоа значи дека не читаш бугарски академици, што е за пофалба.
Па да почнеме со ред.

За првпат, племињата „Бугари“ се споменуваат во анонимниот „Хронограф“ од 354 год.

1724675928194.png

77. (Зиези откого се Бугарите.)

Инаку целото:

Liber generationis II

1724675989008.png
1724676014231.png

49. Имињата на синовите на Сем, првородениот на Ное: 25 племиња; населени кон исток.

Од 51. почнува да ги набројува народите - Еламити, Асиријци, Халдејци итн., и стигнува до 76. Еiluat ex quo Grymnosophiste (овде r е вишок, што може да се види од Liber generationis I ((18) Sapientes qui dicuntur gymnosofistae).

Гимнософистите не се народ, тие биле индиска аскетска религиозна секта, буквално „голи филозофи“.
Зад нив, па уште и во заграда, имаш 77. (Ziezi ex quo Vulgares).

Како знаеш дека и овде станува збор за народ, а не за некоја секта или некоја слична групација? Настрана што Vulgares на латински значи: прости, примитивни, необразувани...?

Втора нелогичност:
Aрапите имаат два родоначалникa, а Ерменците три. Значи имаш недоследности во излагањето.

1724676944464.png LG II
1724676970632.png LG II

1724677067257.png LG I
1724677148118.png LG I
1724677179768.png LG II


Oвој извор како веродостоен го цитира вашиот Иван Добрев, aкадемик на БАН во неговото дело „Б'лгарите на територијата на Средна Азија“.

Не знам дали не гледаш никаков проблем што тој ги гради своите НАУЧНИ тези на извор од анонимен автор, кој се повикува на РЕЛИГИОЗНИ текстови од Библијата за да го објасни потеклото на различни народи?

Инаку, во училиштата во Татарстан го учат следново:

1724678337606.png

Да беше навистина Бугарин, како ште те лажат бугаристите, верувам дека ќе го разбереше текстот барем делумно, напишан на братскиот ти татарски јазик.

Но бидејќи не си, еве ти превод на македонски:

По хунските освојувања, туркојазични племиња се населиле во големи области на Евроазија од Алтај до Карпатите. Тие делат многу заеднички карактеристики: сличен јазик и религија, заеднички предци и легенди, сличностите во секојдневниот живот и начинот на живеење. Бугарите дошле во степите на Источна Европа како дел од племињата Хуни. Во III-IV век биле дел од Хунската Држава, а потоа биле поданици на Турскиот Каганат. На почетокот на VII век, бугарските племиња се обединиле да се борат за ослободување од Западниот Турски Каганат.

Инаку, за Хуните го имаш следново:

1724679344497.png


1724679562146.png

463 Амбасадори на бугарските племиња (Огури, Сарагури и Оногури) се појавиле во Константинопол.[354] „...дојдоа амбасадори кај Римјаните (Византијците) од Сарагурите, Урогите и Оногурите и рекоа дека тие ја напуштиле својата земја, откако биле протерани од Савирите, а тие пак биле истерани од Аварите, кои избегале од извесен народ кој живеел на брегот на океанот. Амбасадорите исто така известиле дека Сарагурите ги покориле Акацирите... и наместо нив, тие сакаат да станат сојузници на Империјата“ (Дестунис Г.С.). [550]

Maпата на овие преселби ја имаш во Atlas Тartarica.

1724679939247.png

(Не дозволува форумот големи фајлови. Инаку на мапата многу убаво се прикажани археолошките култури, античките царства и преселбите на народите од Жолтото до Црното Море.)

1724680308870.png

Истите бугарски племиња се нарекувале Огори, Оногури, Сарагури, Утургури, Кутургури, кои ги менувале имињата во зависност од околностите, кои се формирале според тоа чии племенски претставници биле на чело на сојузот. Всушност, овие племиња и ним сродните Акацири и Савири зборувале на ист заеднички турски јазик, верувале во едно врховно божество - Тенгри, воделе ист начин на живот и го чувствувале своето сродство, т.е. тоа биле луѓе кои припаѓаат на истата етноноосфера. [463]

1724680343759.png

Етноноосферата е информациско-енергетско поле во кое се рефлектира меморијата на една етничка група. Настанува со раѓањето на еден етнос и го придружува во неговата етничка историја. Тоа е она што ја прави одредена етничка припадност тоа што е.

1724680577164.png

1724680598716.png

1724680748656.png

626

За време на повлекувањето на Аварите од Константинопол, Курт (Кубрат) ја прогласил својата независност. Поранешното непријателство меѓу двете главни бугарски племиња - Кутригурите и Утигурите - престанало и меѓу нив биле воспоставени кооперативни односи.
Кутригурите биле угнетувани од Аварите, а Утигурите од Турците. Секое од племињата било премногу слабо за да може сам да се бори со своите поробувачи. Откако се обединиле, тие станале многу посилни. Исто така, треба да се забележи дека Утигурите можеле да сметаат на поддршката на Оногурите, угорско (маѓарско) племе кое било во пријателски односи со нив уште од Шестиот век. Ова било основа за обединување на бугарските и угриските племиња при Црноморските и Азовските степи. Центрипеталното движење меѓу овие племиња вешто го организирал Курт (Кубрат). Иако првично бил само кутригурски хан, Утигурите и Оногурите, за возврат ја признале неговата доминација. Така настанала таканаречената Велика Бугарија, чиј каган станал Курт (Кубрат). Бидејќи Курт (Кубрат) бил крстен заедно со неговите болјари во 619 година, нема докази за ширење на Христијанството во неговите области во голема мера. Но, нема сомнеж дека тој самиот се придржувал на христијанската вера доста долго. Сосем е возможно да се откажал од неа поради незадоволство на дел од својот народ и да се вратил на својата првобитна религија, која најверојатно била од алтајско потекло. [540]

1724680963103.png

Поради агресивната политика на Хазарите, околу оваа година ордата на ханот Аспарух мигрирала крај Дунав (дел од Велика Бугарија). Основање на Дунавска Бугарија. Дел од Велика Бугарија се потчинила на Хазарија (братот на Аспарух - Батбај). Отприлика во исто време, миграција на Угрите (Маѓарите) од Северен Кавказ во регионот на Дон и Донец [370]. Група Бугари, таканаречени „Сребрени Бугари“, подоцна се преселиле во горниот тек на Дон, а главниот дел од нив заедно со бугарското племе Берсула (Барсила) се преселиле во регионот на Средна Волга. Научниците веруваат дека отишле на север под водство на Котраг, третиот син на ханот Кубрат.[354]

Отпрвин, само дел од бугарските кланови (огуси) под команда на Аспарух пошле со него, но постепено други кланови ги следеа, водејќи позадински борби со Хазарите и Угрите, така што биле потребни две децении пред целата орда да се концентрира на долниот дел на Дунав. Некои од Дунавските Словени очигледно се повлекле на север кога се приближиле Бугарите, но повеќето од словенските племиња на Балканскиот Полуостров ја признале бугарската доминација, која, во секој случај, била полесна од аварската. [Вернадски]

1724681067112.png

670 Пораз на Бугарите од Хазарите. Големата орда на Оногурите (отсега византиските историчари ќе ги нарекуваат „Бугари“), предводена од Кан Аспарух, го премина Дунав и почна да навлегува во денешна Добруџа [550]

@SentinelS, jaсно ли ти е сега кои се Бугарите? И доколку ти е јасно, тогаш објасни зошто ТИ се правиш Бугарин, кога е сосем очигледно дека не си.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2012
Мислења
63
Поени од реакции
24
@SentinelS, jaсно ли ти е сега кои се Бугарите? И доколку ти е јасно, тогаш објасни зошто ТИ се правиш Бугарин, кога е сосем очигледно дека не си.
Она што ми е јасно е дека ти, кој едвај имаш академски звања и чинови, а едвај некогаш си направил некоја научна работа, на свој начин толкуваш извори од пред 1000-1500 години. Нема шанси да разберам нешто од вакви пишувања. Учи, биди учител, редовен професор, објави книга и јас ќе ја прегледам.

Слободно анализираш извори од 4 век, а не успеваш да сфатиш дека .... академик во БАН по име Иван Добрев не постои. Постои чл. кор. на БАН, Иван Добрев, кој сепак е славист. „Б'лгарите на територијата на Средна Азија“ е на проф. Иван Добрев - дипломирал турска филологија - лингвист.

Не гледам проф. Добрев никаде да каже дека овој извор е веродостоен. Гледам дека наведува други дела кои го проучувале и дава свое толкување на некои теории.

"Проф. Ив. Добрев презентира голем број научни извештаи и соопштенија пред домашни и меѓународни научни конгреси, симпозиуми и конференции; објавени во наши и странски научни публикации голем број студии од областа на општата теорија на јазикот, лингвосемиотиката и семантиката, морфологијата и синтаксата на современиот турски јазик, етимологијата, бугарската ономастика од источно потекло, контактите и влијанието на иранскиот и турскиот јазик врз бугарскиот јазик, прабугарската лингвистика и етнолингвистика, дидактиката и методологијата на турскиот јазик во посебна воена публика, стенографија, каде што создал и користел свој оригинален стенографски систем за бугарскиот јазик."

Добро е да се знае кој, кој е и што разбира.
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
63
Поени од реакции
24
племенце


Таков е ромскиот начин на живот на Балканот. Дали вашите роми во Скопје живеат во подобри услови?
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
914
Поени од реакции
1.567
Таков е ромскиот начин на живот на Балканот. Дали вашите роми во Скопје живеат во подобри услови?
Зш наши, нели зме блгари, зш не делиш на ваши и наши ?или можеби не сме...
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.428
Поени од реакции
13.512
племенце


Е у овај случај стај видео од Шутка или Албанци кај шо имаме ќе ја имаш истата слика. И ние ли сме истите?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
606
Таков е ромскиот начин на живот на Балканот. Дали вашите роми во Скопје живеат во подобри услови?
Уште еден платеник на Софија.
Многу добро пишуваш на македонски јазик. Каде научи?
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.636
Поени од реакции
3.802
Уште еден платеник на Софија.
Многу добро пишуваш на македонски јазик. Каде научи?
Со двапати читане на бугарско-српскиот речник и научаваш современиот македонски јазик.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
914
Поени од реакции
1.567
Со двапати читане на бугарско-српскиот речник и научаваш современиот македонски јазик.
Гледаш колку си глуп, несакаји се издаде Македонскиот ви е матичен ...
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
63
Поени од реакции
24
Уште еден платеник на Софија.
Многу добро пишуваш на македонски јазик. Каде научи?
Не верувам дека Софија плаќа некого.
Прво го користиш Google Translate, а потоа ги поправаш неговите грешки. Тоа е најбрзиот начин. Не знам зошто, но преведува со многу грешки од бугарски на македонски.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
хората многу добро говори македонски. Изгледа земаат часови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom