На хартија од Алкалоид сме појаки на сите позиции освен ете на центар, то значи дека тогаш тие имаат 5 пати појак тренер, во ракомет победва појакиот тим не е ова фудбал па да речиме немавме среќа од корнер турнаја гол па ние 6 стативи манавме несреќно изгубивме, нема во ракомет ако си појак ќе победиш. Значи со Киро се спремиле се уиграле и поставиле добра тактика.
Бранче не е кадарен да биди тренер на ваков тим, се покажа повеќе пати. Нема ништо драстично да се смнеи. Скроз не инвентивна игра со статични бекови, слаб проток на топка до крило и очајно лоша одбрана.
Време е управата да реагира и да најди постабилен тренер, шо нема да биди outcoached од Киро и бричот од Ресен (за лига на шампиони да не прајме муабет). Дали Тамше дали некој друг нека го најдат, па и нека се преплати ако треба, макар и за следната сезона од сега да го договорат. То е основата на тимот без јак тренер џабе е ќе се мачиме и ќе ни биди играта очобол ко досега и ќе играме држ не дај утакмици со Вардар и Алкалоид иако на хартија треба да ги добиваме лесно со 6-7 гола разлика.
Друг аспект е носењето на нови играчи и креирање на ростер, тука тимот неколку сезони потфрла, се знај дека ни треба центар шо ќе ја забрза играта, шо ќе помини лесно еден на еден и пикер шо игра во два правци шо ќе биди темел за одбраната и нема да чекаме 30 секунди да се постави нападот туку ќе се игра многу побрзо, и нејасно е зошто се игнорираат тие позиции неколку годнии наназад.
Смешно и аматерски е дека сега се бараат играчи на сред сезона, сите солидни се под договор, а тие шо се слободни сигурно нема да дојдат Бранче да им е тренер. Сериозни екипи шо имаат визија уште одсега креираат ростер за 2025 и 2026.