Cant disagree more, platata ti se zgolemuva spored performasnot sto si go dal do togas, on zasluzeno si dobi plata od 300k nedelno poradi toa sto vo poslednite 5 godini imase 4 sezoni nadminato 30 GA. Mozes da ocekuvas ti kolku sakas, ne e ova individualen sport tuku e timski i se dodeka timot ti igra like shit i napagacite ke bidat shit. Koga najdobriot igrac na sezonata ti e defanzivec ili golman, odma ti e jasno kakva sranje sezona si imal.
Ako mislis deka vo cela kariera rashford imal samo 2-3 meseci dobri, togas bas mi e zal so si propustil da si go gledas timot poslednive 10 godini jer rashford ima nad 400 utakmici i 220+ golovi i asistencii vo toj period.
Премногу се потпираш на бројките, Рашфорд не е класичен шпиц ала Халанд или на времето Ван Нистелрој, па да го судиме само по бројки. Ако за РВН било доволно 10тина пати да ја допре топката и да даде 2-3 гола за да се смета дека си ја завршил работата, Рашфорд многу почесто игра со топка. А како топ 3 најплатен играч во тимот од него се очекува кога е најтесно да биде во таа група на играчи што ќе превземат одговорност да донесат повелен резултат.
Спореди го тоа што го играше во тие 2-3 месеци кои ги споменав, со тоа што го изигра лани и сезонава, како и периодот од почетокот на последната сезона на Солскјер до пред почетокот на СП 2022, ќе видиш каква разлика има во перформансите. Додека игравме под Оле беше многу корисен, за тоа се согласувам. Тогаш многу често игравме на контра напади, а имавме и брзи и агилни напаѓачи, па тука некаде од период 2018та до кај короната стварно имаше добри партии.
Како и да е, правиме муабет за последните 3-4 сезони (со се тековната), во кои се на се има изиграно 3-4 месеци на онака баш високо ниво, а се друго му е (под)просечно во најмала рака. Ама еве и по бројки една споредба со најдобрите крила во лигата (Фоден игра на 10 позиции под Гвардиола, ама многу често се наоѓа и на позиција крило):
Сезона 2023/24:
Рашфорд - 43 настапи, 8 гола и 6 асистенции (14 Г/А или по 0,33 по меч)
Салах - 44 настапи, 25 гола и 14 асистенции (39 Г/А или по 0,89 по меч)
Фоден - 53 настапи, 27 гола и 12 асистенции (39 Г/А или по 0,74 по меч)
Сака - 47 меча, 20 гола и 14 асистенции (34 Г/А или по 0,72 по меч)
Сон - 36 меча, 17 гола и 10 асистенции (27 Г/А или по 0,75 по меч)
Апослутно најлош од сите, мислам дека нема потреба ни да дискутираме повеќе.
Сезона 2022/23:
Рашфорд - 56 настапи, 30 гола и 10 асистенции (40 Г/А или по 0,71 по меч)
Салах - 51 настапи, 30 гола и 16 асистенции (46 Г/А или по 0,90 по меч)
Фоден - 48 настапи, 15 гола и 8 асистенции (23 Г/А или по 0,48 по меч)
Сака - 48 меча, 15 гола и 11 асистенции (26 Г/А или по 0,54 по меч)
Сон - 47 меча, 14 гола и 6 асистенции (20 Г/А или по 0,43 по меч)
Единствена сезона во пост Солскјер периодот, каде што стварно блесна, иако и тука во ПЛ се мачеше пред тој пресек што го направи СП.
Сезона 2021/22:
Рашфорд - 32 настапи, 5 гола и 2 асистенции (7 Г/А или по 0,22 по меч)
Салах - 51 настапи, 31 гола и 15 асистенции (46 Г/А или по 0,90 по меч)
Фоден - 45 настапи, 14 гола и 11 асистенции (25 Г/А или по 0,55 по меч)
Сака - 43 меча, 12 гола и 7 асистенции (19 Г/А или по 0,44 по меч)
Сон - 45 меча, 24 гола и 8 асистенции (32 Г/А или по 0,71 по меч)
Ова е сезоната кога Солскјер доби отказ, па го наследи Рагник. Убедливо најлоша сезона за него во дресот на Јунајтед, бројките се поразителни за било кој офанзивен играч на светот.
Сезона 2020/21:
Рашфорд - 57 настапи, 21 гола и 13 асистенции (34 Г/А или по 0,60 по меч)
Салах - 51 настапи, 31 гола и 6 асистенции (37 Г/А или по 0,73 по меч)
Фоден - 50 настапи, 16 гола и 10 асистенции (26 Г/А или по 0,52 по меч) - Фоден тука има едвај 20 години
Сака - 46 меча, 7 гола и 9 асистенции (16 Г/А или по 0,35 по меч) - со тоа што Сака тука е практично дете (18-19 години) и многу често играше винг бек или дури и фул бек.
Сон - 51 меча, 22 гола и 17 асистенции (39 Г/А или по 0,76 по меч)
Последната целосна сезона под Оле. Во овој период кажав дека беше добар, но ја ставам чисто за споредба. Сепак и тука е нешто под нивото на Салах и Сон, ама е нешто подобар од Марез и Мане.
И сега ако ги видиш вака бројките, на две од последните 4 сезони има најлоши бројки (и тоа убедливо), а ниту еднаш нема најдобри. Најдобра сезона му е со статистика од 0,71 Г/А по утакмица, а најлошата на Салах е со 0,73. Сон на 3 од последните 4 сезони имал барем 0,71 Г/А по меч. Сака и Фоден се 3-4 години помлади, па доволно е и што му парираат со бројкиве.
Според мене Рашфорд е моментум играч. Кога ќе му тргне добро, јава на моментумот, ама ако го фати лош период, ја губи главата и неможе да се врати со месеци. Реалноста е дека во последните 18 месеци, формата му оди само во надолна линија. Промашува зицери, носи грешни одлучи, знае да погреши основни додавања, а толку е летаргичен што се почесто губи еден на еден дуели, што всушност секогаш било негова најсилна страна (заедно со брзината).
Дека ќе добие уште една шанса, сигурно ќе добие. Ама ако и сезонава не ја врати формата, тоа ќе биде трета очајна од поседните 5 сезони со тенденција бројот да се зголемува. А во таква ситуација мислам дека многу лесно може да заврши надвор од клубот.