Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

трето коло, втор пораз... и милиоооон индивидуални, пред се аматерски грешки !!! пола играчи ван форма....

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Само кога ќе ми текне какви стручни анализи имаше за Онана и зашто е донесен :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: да прави вишак играч.Човекот нема одбрането топка, едноставно се што ќе му шутнат влага. Ни го увалија сосе јајца до матка, плус плативме за тоа.
Никогаш нема да прежалам затоа што прелесно се откажаа од него:
Screenshot_20240831-060425_Facebook.jpg
 
Ќелчо без харизма ако те бранев ланска сезона веќе нема да те бранам. Има тренери за две недели воспостават критериуми и игра,овај три години неможе. Ова е лудило кое нема смисла пивеќе.
Во моментов изгледаме како да назадууваме а не напредуваме,пошто е прочитан у секоја смисла.
 
И јас го бранев Тен Хаг, ама ова веќе нема смисла, па Оле за него е тренериште, имаше и систем и се,само го сјеба Роналдо него, да не дојдеше Роналдо којзнае што ке се случеше, ама оволку мизерни нема да сме биле
 
Од Интер пешкир не се зима за бришење не па играч и не па голман. Ајде и кељавиот нека си иде заедно со цел пропаднат Ајакс што го довлечка. Реков оној Угарте ќе се пребаци на жуто од мука.
 
Која е разликата меќе Вардар и Ман. Јунајтед?

Вториве имаат пари колку сакаш, се друго е исто.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Не знам дали постои клуб во светот кој е константен во мизеријата во 2 врзани сезони. Сите мрднаа по нешто во новата сезона, само ние држиме континуитет, копи пејст од ланската сезона.
Зиркзе од оние две шанси можеше да го праша Алисон каде сака да му шутира.

А и Онана можеше да допре барем една топка од трите гола како за промена.
 
Ова е тоталка веќе. Крилата стерилни,креативност непостоечка, нападот без врска,одбраната на ниво ама примија три гола.
Никој не верува во Тен Хаг повеќе,незнам како би се издигнал од ова и он и тимот. Октомври му е плафон на овој со се репрезентативна пауза
 
Од Интер пешкир не се зима за бришење не па играч и не па голман.
Dodadi gi tuka i real, juve, ajax, everton, mozda i baern. Nikakov kjar i od nivnite ne vidovte, sve zijan, sto mislam deka ne e slucajnost i ne e samo do igracite, pa eden od vakvi timovi ke progresirase i ke gazese, ko sto gazele pred da dojdat kaj vas. :cenzura:
 
Од Интер пешкир не се зима за бришење не па играч и не па голман. Ајде и кељавиот нека си иде заедно со цел пропаднат Ајакс што го довлечка. Реков оној Угарте ќе се пребаци на жуто од мука.
Не би да те разочарyвам ама Интер има подобар играч од Манчестер Јунајтед на секоја можна позиција,од голман до напаѓач.
Така да кисело е грозјето,така викала лисицата :D
 
Онана ви е крив што ни се шетаат по средина и прават смешни грешки.

Касемиро директен виновник во првиот дел. Мартинез касапот исто така далеку под ниво. Дефанзивно просечен, пасови многу лоши.
Мејно е прелош за во комбинација со Касемиро. Остава премногу простор, лошо покрива дефанзивно и не видов никаков корисен пас напред.
Бруно лоша партија исто. Рашфорд ете намести на тацна 2 чисти шанси, ама е далеку под негов критериум.
И кој не прелажа за Зиркзе. Пишав дека делува тромаво уште на првиот меч. Рано е уште можеби да се привикне, ама не е Јунајтед материјал.
Де Лихт и Далот прелазни оцени денес, и Амад внесе свежина ама џабе е се.

Тен Хаг мислам дека летово не си ја заврши домашната задача за тоа како треба да игра тимот. Лоши припреми, лоша филозофија на игра. Мислам дека нема да издржи уште 2 месеци.

Sent from my SM-A515F using Tapatalk
 
Пост гејм интервју на ЕТХ:
Игравме добро но не постигнавме голови и затоа изгубивме. Подобро ќе се спремиме за наредниот натпревар еве и Рашфорд ќе игра, и тепаме 100%
 
Која е таа замена? Немој да речеш Ериксен само...

Сарказам другар, нормално дека нема замена во моментов. Еве и самиот гледаш што се случува кога имаш двајца средни играчи од 19 и 20 години против уиграна екипа, ги туркаат од топка како деца.

Слот само што дојде одма се навикна нашиот трета година уште незнае што игра.Изгубени во просторот и времето. Ај гитла Тен Хаг.. Бев за тебе но изгубен си ..

Ликот дојде на уиграна екипа, истиот состав на Клоп. Не го бранам Тен Хаг, ама ова паѓање во несвест со Слот е прекумерно, како не знам што да направил, го победи Ипсвич и Бренфорд. Секоја чест за победата денес, потпомогната од Касемиро. Јунајтед годинава ке има 40% нов состав, скоро половина екипа сменета. Угарте, Зиркзи, Мазрауи, Де Лихт.

Не знам дали постои клуб во светот кој е константен во мизеријата во 2 врзани сезони. Сите мрднаа по нешто во новата сезона, само ние држиме континуитет, копи пејст од ланската сезона.
Зиркзе од оние две шанси можеше да го праша Алисон каде сака да му шутира.

А и Онана можеше да допре барем една топка од трите гола како за промена.

Не можеш да го кривиш за првите два гола, ама што правеше за третиот гол, бог мил знае.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom