Следните 3 натпревари им се Венеција,Ливерпул и Интер,венеција ја тепаат,од ливерпул и интер ништо чудно петарда да изедат,која е поентата да чекаш тоа да се случи па да менуваш тренер кој очигледно не е тој калибар а имаш 2 недели пауза таман доволно нешто да се потстегне за да не се јадат бламови.
Логиката би рекла дека треба нешто поасално да се донесе,Алегри,Сари,Клоп
icon_lol
ама ако е вистина дека немаат раскинато договор со Пиоли големи се шансите да го вратат да ја истера сезонава,што би било...не знам како да го опишам со зборови тоа,сепак раководство што активираше продолжување на договор на јовиќ па после до последен саат сакаше негде да го истовари,ова не би било нечуено.
Не дека промена на тренер ќе смени нешто,Тео и Леао ментално се одлогирани од тимов итоа со право,да треба да играш со Тарачано,Лофтус-Шит,Емерсон Ројал цел тим повеќе или помалку нормално дека нема да ти се игра. Таа грешка што ја направија со Малдини после полуфинале Л.Ш. го сотре тимов,не остана М од Милан веќе.Место да земат асално да направат тим тие во 2013та се вратија. Нормално и Малдини имаше грешки,Донарума за без пари и Ориги најголеми ама Малдини имаше буџет од 40мил и врзани раце за висина на плата,така да нема што да му се замери.
После неговото бркање јасно беше се околу раководствово и тимов,Тонали го шитнаа за Лофтус,Муса и Чуквезе да ги донесат,Сандро од трибини повеќе ќе придонесеше дури и да јадеше бан отколку овие тројца дибеци цела мината/сегашна сезона.
Ако не изборат оваа сезона Л.Ш. ќе мораат да го продаваат Тео за четврт цена со една година до истек на договор,за да донесат нови 20милионски чуквезиња. Тешка работа другари дека некогаш ќе биде милан пак МИЛАН,ќе си останат веројатно само локалците од милано да навиваат за тој тим како некое алтернавино тимче на интер,као не сум јас мејнстрим си навивам за босиве,за сеа само уште ова и ќе ве примиме-Милан