Ама денес се повеќе се земаат разни облици на дроги кои се едно ниво подоле од хорс. пример амфетамини, хелекси, дијазепами, трамадоли.
Девојче, не видов овде никој да се дичи или фали со тоа што го пробал, освен контроверзниот пост од Допамине кој потенцира дека конзумирал 100ци пати хероин а не се навлекол (муабет кој за мене не е ок вопшто, но за тоа подолу ќе му реплицирам).
Ако ти го перцепираш како "фалење", тогаш ти имаш проблем со перцепцијата, односно си тотално judgemental спрема некој што едноставно споделува искуство.
Јас во мојот живот (сум бил, веќе не толку јер родителство) да речам неделен конзумер на канабис. Никад нит сум земал амфетамин, нит ЛСД нит ДМТ, едино truffles во Амстердам, и полче екстаза. И сега јас кога читам некој како споделува искуство со Салвиа на пример, ја не го гледам тоа како фалење, бидејќи објективно не е.
Ти си таа што го читаш сентиментот на муабетот тотално погрешно, делумно ради его, делумно пошто те дрма вековна пропаганда, што од мејнстрим медиуми, што од твојата струка веројатно.
Претпоставувам дека во животот никогаш не си пробала некои вакви "нелегални" и "демонизирани" супстанци а ако си докторка, веројатно од ракав припишуваш дијазепами, дури и активно матичниве ги крепат пациентите со дијазаепамче за "да не ме замарааат". Дури и еве по некоја случајност, во твојот живот никад да не си препишала дијазепам, верувам твоите најблиски колеги го прават тоа КАКО ОД ШАЛА (знам бидејќи и жена ми беше матичен доктор и ми има кажувано како доаѓаат и ги замараат за 0.25че дијазепам, јер се зависници предизвикани токму од вас). Дали ти, скокаш кон твоите колеги кои од своите пациенти прават зависници, на начин како што го правиш овде кон"воодушевувачите на наркомански супстанци" ? Дали си исто толку вокална кон твоите колеги како што си овде за "вашите" дроги ? 100% дека не, што те прави тежок хипокрит. Туку напротив, им се улизуваш на постарите и хиерархиски повисоко поставените постари доктори, кои бог знае колку фамилии уништиле што од ракав препишуваат XYZ легални дроги. Им симнуваш ѕвезди и цела таа приказна...
Шират љубопитност кај млади тинАјџери викаш ? Дали си ти нормална
Освен мислењето на Допамине кое е контроверзно, јас не прочитав ни еден не-објективен коментар во врска со било која од дрогите, каков ефект имаат, каков им е comedown-от, со што да НЕ се меша и тн и тн. Ако ништо друго муабетите се реални во поглед на ефектите што ги предизвикува една дрога.
На крајот од денот, што треба, да збориме овде "дечки не пушете трева, ќе почнете да крадете ташни од стари баби" како во спотовите пред 10ина години од влада спонзорирани? Мислам дека сите имаме слобода на говор и можеме што сакаме да напишеме, под број еден. Под број два, дали вие како доктори им зборите на вашите пациенти за лошите последици од дијазепами за главоболка, хелекси за инсомнија и тн и тн ?
Еве ја бев пред 10ина години со депресивно растројство, пиев некој SSRI (не ми текнува на името, можда пароксетин), и пиев хелекси. И така ги пиев 2-3 месеци, може и 4, постепено намалував дози и кога евентуално дојдов до момент да прекинувам хелекс, ја имав баш баш кризи. Сум конзумирал канабис со месеци секој ден, и одеднаш сум престанувал со месеци, никад не сум имал такво дрмање како кога прекинував хелекс. НИКАД!
Дали докторот седна и ми ги објасни негативните последици од откажување пароксетин и хелекс? Дали одвои 30 минути да ме едуцира? Дали воопшто он знае што се случува кога еден пациент се тргнува од хелекс ? Fuck no!
Дали самиот доктор е свесен за негативните последици кога мења терапија ? Еве мене на пример ми мењаа 2 SSRI или како и да се викаат, и двата не функционираа, третиот беше океј. Дали некој ми кажа кои срања ми се случувале во мојот организам ? Дали некој доктор бил свесен за тоа ? Of course not.
Дали ти отворено критикуваш твои колеги кои имаат под маса соработка со Крка, Мрка, Алкалоид Малкалоид, и препишуваат НИВНИ лекови (со една генерика) за што земаат процент или месечно спонзорство ? 100% дека не. Вака испаѓаш смешна од толкава хипокризија. Затоа и јас имав толку проблеми со "вашите" наркотични дроги. Јер отидов на психијатар, онака без срам и перде ми понуди лек од XYZ компанија, за да после долго инсистирање и 0 резултати си го смени мислењето. Па искрено, многу од вас се пата-пата со улични дилери на амфетамин и хорс во поглед на морал и етичност.
Така да, кога ќе го исчистиш својот двор, тогаш збори за други дворови.
Трета работа, не ли мислиш дека веќе кога некој се интересира да проба некоја дрога:
а) може исто како на кајгана да најде информации за xyz дрога од милион други извори (редит, јутјуб, социјални мрежи)
б) кога веќе пројавил интерес, подобро е овде да прочита што може да очекува, на што да пази и што да не прави и редица други субјективни искуства... Можам да кажам дека сите овде што постираат и постирале ќе кажат дека сигурноста и безбедноста е број 1 при рекреативно користење на наркотични супстанци (особено психоделици), од било која јачина и интензитет. Секој едини од овие што постираат, за разлика од дилерите и тн, ја имаат безбедноста и сигурноста на конзументот во обзир. Никој никаде овде нема да ти каже дечко земи ЛСД и вози автобус со 20 души во него... тоа никаде не го прочитав.
Зошто ? бидејќи, сите ние на еден или друг начин при конзумација сме направиле грешка/грешки и не ретко и не скромно се споделуваат овде. Многу од луѓето овде што конзумирале, може да ти кажат работи бидејќи ИСКУСИЛЕ ОД ПРВА РАКА, за разлика од тебе и твојата фела што никад не сте поминале низ "xanax/valium withdrawals" а ги припишувате за добро утро.
Што се однесува до твојот став за "наркотични дроги", немам намера да се расправам пошто очигледно џабе ќе се објаснувам.
Не знам зашто се впуштив у муабет, но јбг, бидна веќе.