Fedora10
Комисиите се укинуваат, нема повеќе такви работи. парите ќе си ги зачуваш за купување на подобро оружје....
Постапката е следна: На веб страната на МВР на самата насловна страна одиш на апликацијата за оружје:
Прегледај го приврзокот 436877
Тука се најавуваш со ,,mail,,-от и пасвордот со кој се најавуваш во УЈП(апликацијата за скенирање на фискални), а ако немаш mail мора прво да одиш во УЈП тоа да го средиш. После тоа на самата апликација автоматски се генерираат сите твои податоци како име, презиме адреса...тоа си доаѓа од УЈП.
Потоа електронски го пополнуваш упатството кое по изглед е истото како тоа во хартиена форма во МВР и одиш чекор по чекор се додека ти побара да платиш 250 денари со картичка. Кога ке платиш чекираш поднесување и Барањето е поднесено.
Но внимавајте...ако нешто не е во ред, ќе те враќа од почеток, а знае апликацијата да кочи. Не све така мазно
Кога ббиди све ок...референтите го принтаат Барањето и вршат безбедносни проверки. Доколку е све чисто по mail добиваш известување дека имаш 60 дена да ги докомплетираш документите со
лекарско, уверение за стручен испит и Потврда за членство во ловно или стрелачко друштво.
Значи полагањето на тестот си останува, со тоа што во моментов тоа е закочено ради тендер за фирма која тоа ќе го прави. Наводно за брзо ќе биди работата
Е сега што е клучно овде-ако по mail добиеш известување дека Барањето ти е прифатено и треба во рок од 60 дена да ги докомлетираш документите....рачунај дека добиваш
Одобрение....натака нема шанса за одбивање. Тоа е автоматски направено да се прави
Тие предмети што се комлетирани....софтверот бара да се одобруваат по ред-нема прескокнување со врски или слично
За ловечко оружје-пушка/карабин ако си безбедносно ок и комлетирани ти се предметите, со гаранција добиваш Одобрение за 2..3 месеци