Очигледно немаш поима колку Македонки се омажени со странци. Неважно, дај Боже сите да се со некој со кој си го нашле раатот во животецов.
Да прашаш кој било друг народ сем нас и Србите да си ги опише нивните жени , уште на престол не ги ставаат. Затоа си имаат полни раце работа...и дома и надвор и никој од тие странци што ги знам женети со мк жени нема вакво размислување така што да не им се секирате, со тие што ги викате мали здепасти гадни и не знам какви (притоа и мајки и сестри си опишуваат со ова јер Ото фон Бизмарк), карванот си врви и ич не им е лошо, оџакот им чади. А, на такви какви што ги опишав погоре, фала Богу не се сите исти, им останува одредени фрустрации од неизживеаност на одредено поле вешто да ги маскираат во пцовки под секоја втора фб вест на чијашто слика има жена.
Потполно се согласувам и исто мислам.
Не се мажиме со малолетни деца, ако сами не се свесни како треба да се однесуваат, не им е крива за тоа мајка им.
Се' почнува и завршува со мажот. Кога стварно си ја сака жена му, Нимиц вода може да му носи каков медијатор е и како на секого беспрекорно му го покажува местото. Ако мажот те сака и со неговите нема да имаш проблеми или од истите ќе си изолирана. Мажите ако ги гледаме како отворени и непосредни, натпросечно се интелигентни во вртење вода на своја воденица. Еве го еден другар, нема жена за којашто не изиграваше морален судија, кога ја зеде дотичната... чорбаџи Теодос стана кум Давадос,ако ме разбирате . Негова теорија: ,,секоја домаќинка може да стане к**ва и секоја к**ва може да стане домаќинка, а второто е поголем себап."
@Генерал мислам дека е најблиску до моето мислење, од двете страни убаво разгледал , ама ете тој нов бран на мажи и жени, нешто што порано врзувало, сега лади и го прави монотоно.
Јас ради тие модерни бранови да речеме многу се воздржував да се поставам заштитнички, да го негувам ако се разболи и слични работи. Психолозите ја зезнаа работава, викаат ако многу заштитнички и неговно се поставиш према мажот , он ќе почне да те гледа како втора мајка и ќе почне да бара замена за местото на жената. Ги учат и мажите и жените да вложуваат труд во,за една здрава и зрела врска, потполно непотребни работи и тоа е тоа.