Пророкот
Ќе ме биде...
Нешто слично како сократовиот заклучок, дека колку повеќе се трудиш да научиш и да разбереш, и навистина научуваш а и понешто можеби и разбираш, толку поблиску е моментот (секако, доколку си искрен према себе пред сè) на поразителниот факт дека ништо не знаеш т.е. она што си го научил или разбрал е толку малку што не вреди ни да се спомне а уште помалку да се гордееш со тоа.
Моите скромни искуства се поклопиле со, еве, така да речам, совети или насоки на одредени историски ликови кои кажале нешто во стилот: бегај, бегај што подалеку од оние што ќе те убедуваат дека ја поседуваат вистината и/или имаат некакво ексклузивно право врз истата.
Ете, така нешто, во овој стил...
Сократ, што и да кажал, кажал во философски дух. Муабетот не ми е за нечии философски мисли и ставови, туку недовешната мисла од лик кој се впуштил во „истражување„ на окултизмот и за „она„ кое го открил...а кое останува нејасно и недовршено во наведената реченица.
Меѓу философијата, во нејзината чиста состојба, и меѓу окултизмот, постојат битни разлики.



