Правна помош и совети

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
514
Поени од реакции
218
Здраво, имам роднина коj за стекнување на германско држажjанство се откажа од македоснкото држажjанство пред 13 години. Сега со промена на законот Германиjа дозволува двоjно државjанство и сака да си го поврати македоснкото држажjанство.
1.Кои се условите и коjа е процедурата за повторно да се стекне со македоснкото држажjанство
2.Дали ќе го има истиот матичен броj како порано
3.Дали треба да докажува адреса на живеење (да купи имот, договор за земање имот под наем и сл.)

Се работи за 48 годишник коj е роден во Македониjа.

Благодарам однапред
 
Член од
10 март 2022
Мислења
209
Поени од реакции
410
После 22:00, местење клима и бушење со хилта во зграда дозволено ли е? Куќен ред нигде немаме истакнато. Кој е воопшто надлежен за вакви проблеми?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
После 22:00, местење клима и бушење со хилта во зграда дозволено ли е? Куќен ред нигде немаме истакнато. Кој е воопшто надлежен за вакви проблеми?
По закон за домување или нешто слично не смееш од 3 до 6 попладне и после 23 навечер до 7 сабајле.
 
Член од
10 март 2022
Мислења
209
Поени од реакции
410
По закон за домување или нешто слично не смееш од 3 до 6 попладне и после 23 навечер до 7 сабајле.
Јас имам проблем со комшиите, не дека јас сакам да ставам клима, уствари цела зграда има некаков проблем со нив. Јас од аспект на галама, еве пример му текнало во 3 навечер кова шајки. Друг му смета што стари казанчиња и шкафови оставаат во ходник. Еве и после 11 да прават галама има ли кај да се пријави?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Пријави ги, ќе дојде полиција и ќе им чукне на врата.
 
Член од
10 март 2022
Мислења
209
Поени од реакции
410
Пријави ги, ќе дојде полиција и ќе им чукне на врата.
Незнам колку ќе завршам работа со полиција, неверувам дека одма ќе дојдат тие. А овие коваат шајки пример 5 минути и прекинуваат, таман да ти го заебат спиењето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
После колку време по ваше искуство стигнува (се јавуваат за) записник од сообраќајна незгода? Без "фаќање" врски, нормална процедура. Некои велат 3-5 месеци, мајсторот ќе ме убие
Сеуште чекам да ми се јават за записникот иако уплатив барање за дупликат записник/документација од сообраќајката веднаш по 3 дена, на 22.04. И таму бев двапати и еве сега телефонски се јавив, никој ништо не знае-по одмори, во подрум..., на другиот број никој не се јавува. Џабе и менување министер и све, едноставно полицијата не е функционална. 700 евра не раснат на гранка за поправка.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.696
Поени од реакции
6.034

Ne znam dali ke ti bide od pomos infovo, I dali veke si ja odnel na majstor...
Jas imav takov slucaj pred 10-tina godini, I tokmu poradi mnogu sporo zemanje zapisnik, me poucija da se dogovoram odnapred so majstorot. Potpisav na notar polnomostvo so koe go ovlastuvam majstorot za se okulu ova. Vo praksa, majstorot si brkase rabota I so zapisnik, I so osiguruvanje, I so naplata... Jas si ja dobiv kolata sredena.
 
веќе ја поправив ама мајсторот сега си ги бара парите, не сакаше (му предложив тогаш) со нотар да средиме пред поправка. Еднаш му кажав дека иде споро, пак се јавува. Што е нормално, сработел човекот ама не е нормално полиција вака да ги влечка предметите, полиција која дебело ја плаќаме.
Три месеци немам никаква информација, ниту таму лично кога одам ништо не кажуваат (не само мене туку и на други кои доаѓаат и прашуваат).
 
Член од
24 септември 2023
Мислења
63
Поени од реакции
311
Не знам дали е за овде прашањето, ама да не отворам тема. Дали може нотарски да се завери копија од пасош? Се работи за човек од странство, значи да го скенира пасошот и да го испрати по меил, па овде да се завери на нотар и да се поднесе во институции.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.171

Не. За нотарот да завери фотокопија мора да се приложи оригиналниот документ.
 
Член од
24 септември 2023
Мислења
63
Поени од реакции
311
Не. За нотарот да завери фотокопија мора да се приложи оригиналниот документ.
Значи треба по дхл да праќа пасош, па да му го враќаме. Искрено безвеза ми е да му го држат тука пасошот. Се работи за вадење дозвола за престој и бараат копија од пасош (најверојатно заверена). Ајде ако има некој искуство со дозволи за престој, работно визи и слично нека ме контактира пп да не ја пренатрупуваме темата.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.171
Значи треба по дхл да праќа пасош, па да му го враќаме. Искрено безвеза ми е да му го држат тука пасошот. Се работи за вадење дозвола за престој и бараат копија од пасош (најверојатно заверена). Ајде ако има некој искуство со дозволи за престој, работно визи и слично нека ме контактира пп да не ја пренатрупуваме темата.
Ако бараат заверена фотокопија, тогаш нај едноставно е да си завери фотокопија таму каде што е и истата да ти ја прати по дхл а ти тука само да направиш превод и да ја поднесеш каде треба.
 
Член од
22 февруари 2022
Мислења
12
Поени од реакции
0
Здраво, сакам да нарачам семе за цвеќе/дрвца од странство(ЕУ)-поголема количина, дали некој знае како се пресметува царина и данок?/ дали со вакво прашање може да се јавам во царина и да прашам? Физичко лице сум а не правно.
 
Член од
17 ноември 2008
Мислења
344
Поени од реакции
15
Здраво, дали се одговара за втор купопродажен договор, доколку се направи од сопственикот на собраќајна?
Доколку првиот не е пријавен никаде подолг временски период.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom