На 25-26 веќе почнува да бара " добро момче " за да накај 28-29 веќе да дојде на раскрсницата или да продужи со бурниот живот или да си земе куче и да почне да ливадари по планинарски друштва.
Тука грешката ти беше шо на 25 запишуваат мастер, а на 28-29 докторати завршуваат пошто од шо мака рандом Трајанка на комшивката Славка да има, а моето дете да нема.
После то се бараат професионално и така неколку професии како лајф коуч, јога инструктор, php developer, ју нејм ит, па последен трзај е некаде после 35-та ако најди некој инцел со пари да го прееби и цел живот да уживана туѓ грб - не дека дома ќе му зготви нешто или ќе го испери гревот.
Ma... da go vidi ona Bodi ima odma da go dodade negovoto prezime....
Не го земај човекот на душа!
Ливадарка, како термин, е погрден. Во тој контекст реков дека не можеш да ме навредиш и да сакаш - ливадарка сум многу пред 30тата да ја наполнам
Тотално ја промашуваш поентата на двете работи, по втор пат.
1. Не се обидував да те навредам, да беше така ќе ти одговорев нешто во типот: Жена не ти се мажи додека не седни барем на 5 кура во животот (особено важи за оние со долги врски и зошто дел од тие врски се прекинуваат по женска иницијатива) - тоа ти е цитат директно на Сусаро и истиот е познат по тоа и ред други ставови кои не се далеку од општата генерализација на жени vs мажи.
Самото тоа што тој те исхендла на културен начин заради што те памти од порано и можеби се знаете од собиранки (или било како, небитно) значи дека ти дава одредена почит и простор да се искажиш, без разлика што смета дека си грешка.
Да беше некоја друга прво тоа ќе и го споменше, меѓу одредени други работи кои се предуслов за да се растури една долгогодишна врска.
Тоа што ти одговорив цивилизирано и не ти се свиѓаше, извини ама не можи да ви одиме по газот само затоа што сте жени, би требало и ние да имаме свое мислење пошто нели, инцели. Во принци, не се лути за ситници и за тоа што некој не се согласува со тебе.
2. Со поимот Ливадарка и со тоа што ти реков дека ќе завршиш во таа тема не се обидов да те навредам, туку да ти ја предвидам иднината според ставовите кои ги испроектира последните неколку страници.
Тоа што цело време си по планини и со куче, не значи дека си ливадарка - тука ја грешиш работата, не си.
Ливадарка е жена која откако долго време завршува со давање корпи на „инцели“ т.е. на неинтересни за неа дечки кои се сосема во ред ама таа нели е млада и треба да се направи пуфла во одреден момент пред друштво или едноставно за бустање на его - за потоа на крај, на 30 и кусур свои да остани сама, никој да не ја рецка, да си купи куче и да почни да шета по планини.
Со тоа што не си давала корпи како ќе ти прдни туку си го поминала цел твој возрасен живот со таа особа со која си била ти не си ливадарка и да сакаш - без разлика шо шеташ по планини (сама или со кучето).
Ќе станиш, ако сега после врската никој не е достоен за тебе и „сите машки се исти“, а машала натаму го тераш индиректно муабетот.
Така да, со среќа!
Секој со паметот, некој и без него. Крај краева сите во животот си патиме за одредена работа од имање или немање доволно акал.
Ливадарка, како термин, е сосема на место - тоа што не ви се свиѓа пошто сте грото „принцези“, е ваш проблем.
Како побогу не е тема на муабет, пази тема во прашална форма:
Зошто девојките не сакаат добри момчиња?
Што тоа не сакаме?
Што е добро момче?
Секоја од нас има свое сфаќање за што е добро момче, така што не спаѓате сите во еден кош.
Добрите момци кои ги познавам, ретко кој останал сингл.
Повеќе сингл се тие кои мислат дека се добри, ама не дај Боже да ги критикуваш. Обично истите се шовинисти - истите сте во темите како феминизам.
И за некоја сте добри такви, нема збор. Прашањето е како вие перцепирате дека сте добри? Кои особини?
Така не е тема на муабет, од едноставна причина бидејќи муабетот го почнуваш од наопаку.
Некој ти вели добро утро, ти му викаш зошто мора секое утро добро да е и кој тоа е МАЖ да го направи такво, со какви особини се карактеризира тој човек?
На прашање, не се одговара со прашање, освен кога не - нели?
Првенствено треба на тема која има вовед да кажиш твое мислење, па да поставиш дилема ако имаш и потоа да се втурниш со прашања. Тоа се вика култура на комуникација ама ако ти го посочам вака пластично пак ќе плачиш како те влечам за уши - па дури и те навредувам.
Мојот став и одговор на твоите прашања, го напишав спонатано во текот на денот кога сум се уклучил и кога темава не беше замината во курац.
Мислам дека на Дарлинг и реплицирав, доколку те интересира ќе прочиташ.
Како и да е, овај со дуплиот јузер шо ти се пушта клизачи во право е за една работа: После врски или после неуспешни врски токсични сте кон себе прво, потоа кон средината.
Извини, моментално така те перцепирам, токсична првенствено кон себе, потоа кон средината. За средината не е ни битно, форум е ова, возрасни сме, делот за себе ти посакувам да го средиш поскоро.
Ова ти е еквивалент и на еден друг женски профил тука кој исто после долгогодишна неуспешна врска земаше вреѓаше свои „колешки“ и ред други машки и женски, во меѓувреме проектираше слика дека голем дел од машките и се пуштаат во приватни пораки. Па избриша профил, па се врати со нов, уште труеше, за на крај да ја снема откако си фати дечко кој мисли дека и е таман.
Дај Боже и неа и тебе да ви е таман и да си го најдите мирот (за ваше арно), ние останатите и онака сме со по некоја фалинка (не ни се штиците на број штом клепаме тука со години).
Со лесно.