- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 1.543
- Поени од реакции
- 3.727
Чудно како нема ниту една тема за овие работи како пензиите па затоа решив да отворам. Во време кога новата влада најави линеарно покачување на пензиите за 5000 денари на два пати (еднаш сега наредниов месец 2500 и следен пат на пролет) повторно се отвараат темите за капацитетите на пензискиот фонд како и дупката од 600 милиона која се надополнува од државниот буџет.
Работоспособно население кое ќе ги финансира пензиите, главен предизвик во иднина - zoom.mk
Исплатата на пензиите претставува сериозен предизвик имајќи го предвид буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување којшто во моментот изнесува над 600 милиони евра, како и трендот на зголемување на бројот на пензионери. Во државава има над 330.000 пензионери, а анализите...
zoom.mk
– Постојат многу заблуди во јавноста околу пензискиот фонд. Да, тој има „дупка“ од околу 600 милиони евра – приходите на Фондот се околу 1.2 милијарди евра, додека расходите се околу 1,8 милијарди евра, и таа разлика од 600 милиони евра се покрива со трансфер од централниот буџет. Но Фондот нема да пропадне, државата секогаш ќе може да најде пари од други извори за да ги исплаќа пензиите. Но од друга страна, „дупката“ нема ни да исчезне преку ноќ, Фондот ќе мора да се финансира со пари од централниот буџет уште долго време, затоа што постојат структурни причини за тоа, нагласува Јовановиќ во изјава за МИА.
Најсериозен проблем, потенцира, е стареењето на населението.
– Бројот на пензионери расте побргу од бројот на вработени. Соодносот на лица постари од 65 години, и лица помеѓу 15-64 години, денес е околу 22 отсто, а на почетокот на 1990-тите беше 12 отсто. Со други зборови, денес има еден „стар“ човек на секој петти работоспособен, додека пред 30 години, тоа беше на секој десетти. Какви и да преземете мерки, и за вработување, и за плати, и за стапката на придонеси, нема да го смените овој факт, вели Јовановиќ.