Уште почуден факт, јас имам приметено дека повеќето религиозни луѓе се елементарно неписмени. На пример, ти не знаеш дека компарацијата на придавки во македонскиот јазик се прави без цртичка. Значи, негативни, понегативни, најнегативни.
Исто не знаеш дека зборот лањо веќе не се користи ни во најселските дијалекти.
Инаку, што се однесува со негативноста, христијанството во основа е осуда на животот и култ на смртта.
Не ми веруваш? Дали знаеш која е најдепресивната книга во историјата на светот, заедно со "Светот како волја и престава" на Шопенхауер?
Прашањето е се разбира реторичко, нормално дека не знаеш. Книгата се вика “De contemptu mundi sive de miseria humanae conditionis” и ја напишал Папата Инокентије или Иносентије третиот. Еве ти еден извадок од неа за животот на човекот:
"Човекот е роден за работа, за болка, за страв и за смрт. Животе беден, животе трошен, животе нечист, кого соковите го квасат, болките го исцрпуваат, горештините го сушат, грижите го застрашуваат, безбедноста го отупува, богатството го надувува, бедата го разградува."
Прилично позитивно, а?
Ако не ти е доволна оваа позитива на христијанството го имаме Св. Августин кој вели дека луѓето се ПРЕДОДРЕДЕНИ од Бог, мал број за Рајот, огромен број за Пеколот.
Сакаш уште христијанска позитива?