Христијанството денес

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.664
Поени од реакции
6.143
Не е никаква идеја дека вистината е во Црквата Христова.

Апостолот е јасен:
„А ако случајно се позабавам, да знаеш како треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината„.
Тимотеј, 3.15.
Потпора на вистината, а не самата вистина, има тука разлика. Но во овој цитат немаме упатување кон Источната ортодоксна Црква туку неименувана Црква на Живиот Бог. Исусова Црква.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.321
Поени од реакции
4.441
Потпора на вистината, а не самата вистина, има тука разлика. Но во овој цитат немаме упатување кон Источната ортодоксна Црква туку неименувана Црква на Живиот Бог. Исусова Црква.
Во времињата (I век од н.е.) кога Апостолите ги пишуваат книгите од Новиот Завет, постои само една Црква, онаа која Христос и Духот Свет ја основаа на Педесетница.

Затоа Апостолот пишува за Црквата, не за „источната„ или „западната„ кои се одвоени по големата шизма од 1054г. од н.е.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
866
Поени од реакции
2.131
Уште почуден факт, јас имам приметено дека повеќето религиозни луѓе се елементарно неписмени. На пример, ти не знаеш дека компарацијата на придавки во македонскиот јазик се прави без цртичка. Значи, негативни, понегативни, најнегативни.

Исто не знаеш дека зборот лањо веќе не се користи ни во најселските дијалекти.

Инаку, што се однесува со негативноста, христијанството во основа е осуда на животот и култ на смртта.

Не ми веруваш? Дали знаеш која е најдепресивната книга во историјата на светот, заедно со "Светот како волја и престава" на Шопенхауер?

Прашањето е се разбира реторичко, нормално дека не знаеш. Книгата се вика “De contemptu mundi sive de miseria humanae conditionis” и ја напишал Папата Инокентије или Иносентије третиот. Еве ти еден извадок од неа за животот на човекот:

"Човекот е роден за работа, за болка, за страв и за смрт. Животе беден, животе трошен, животе нечист, кого соковите го квасат, болките го исцрпуваат, горештините го сушат, грижите го застрашуваат, безбедноста го отупува, богатството го надувува, бедата го разградува."

Прилично позитивно, а?

Ако не ти е доволна оваа позитива на христијанството го имаме Св. Августин кој вели дека луѓето се ПРЕДОДРЕДЕНИ од Бог, мал број за Рајот, огромен број за Пеколот.

Сакаш уште христијанска позитива?
Evola ko alikar se osekja deka go poshtuel Kandinski.... nekoj slicen vajb na duhovni trigeri preku forma boja ko vibracija...

Si probal psihodelici?

A risjanski aetizam?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.681
Поени од реакции
29.257
Ако не ти е доволна оваа позитива на христијанството го имаме Св. Августин кој вели дека луѓето се ПРЕДОДРЕДЕНИ од Бог, мал број за Рајот, огромен број за Пеколот.
Августин не е светец во православието.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Si probal psihodelici?

A risjanski aetizam?
Првото за жал не, но планирам да најдам време и пари за да можам евентуално да си го дозволам тоа.

Второто без жал не, зошто би пробал пракса без суштина?
Автоматски споено мислење:

Августин не е светец во православието.
Добро, и? Како е тоа релевантно? Св. Августин заедно со Тома Аквински на некој начин ја дефинирале рецепцијата на христијанството за западниот човек.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
866
Поени од реакции
2.131
Првото за жал не, но планирам на најдам време и пари за да можам евентуално да си го дозволам тоа.

Второто без жал не, зошто би пробал пракса без суштина?
Автоматски споено мислење:



Добро, и? Како е тоа релевантно?
Drug nacin na gledanje na celava rabota e, ne e praksa ami mozebi most pomegju religioznosta i ateizmot... gi razglobuva metaforite vo prikaznite.... a otkako kje se oslobodi covek od nervozata kako moze da veruvaat deka zemjata e 6k god stara pocnuva da uziva vo lutirgisko peenje vo crkva kako rezonantna komora, ko zvucna banja. Gospo e nebiten.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.681
Поени од реакции
29.257
На која црква? Постојат многу цркви во 2024 година. Само во САД има преку 200 христијански деноминации.
Тогаш треба и оние евангелистине што зворуваат на јазици да ги сфаќаме сериозно.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.722
Поени од реакции
4.928
Сакаш уште христијанска позитива?
Во христијанството постои и "во тебе се наоѓа рајот и пеколот", христијанство е за да се издржат негативностите, машки и без роптање. Скоро секоj мотивационен говорник знае да каже дека човечкиот карактер се гледа во тоа справување со неволјите. Христијанството дали ќе те мотивира позитивно или негативно е резултат на твојата слободна волја и твојот избор кој ти е даден.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Drug nacin na gledanje na celava rabota e, ne e praksa ami mozebi most pomegju religioznosta i ateizmot... gi razglobuva metaforite vo prikaznite.... a otkako kje se oslobodi covek od nervozata kako moze da veruvaat deka zemjata e 6k god stara pocnuva da uziva vo lutirgisko peenje vo crkva kako rezonantna komora, ko zvucna banja. Gospo e nebiten.
Јас те разбирам, но искрено не гледам која е поентата на сето тоа. Религиозните се како лоша болест, се враќаат. Ако им дадеш некаква валидизација на метафорите од Библијата, ќе мислат дека ги сметаш за вистина. Џоедан Питерсон го прави тоа на мошне подмолен начин, барајќи "длабочина" во приказни на пустински камилари.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.321
Поени од реакции
4.441
Августин не е светец во православието.
Августин е (!) светител во православието. Црквата му ја има намалесно светоста ради некои делови од неговото учење па затоа не се титулира како „Свети Августин„ туку како „Блажен Августин„.

Августин бил философ по своето световно образование, пред да прејде во Црквата Христова и тоа световно образование има(ло) влијание врз неговото учење во и за Црквата.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.681
Поени од реакции
29.257
Августин е (!) светител во православието. Црквата му ја има намалесно светоста ради некои делови од неговото учење па затоа не се титулира како „Свети Августин„ туку како „Блажен Августин„.
Односно, не е светец.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.321
Поени од реакции
4.441
Добро, и? Како е тоа релевантно? Св. Августин заедно со Тома Аквински на некој начин ја дефинирале рецепцијата на христијанството за западниот човек.
Августин е прифатен од Римсака Црва затоа што во времето од Августин не постојат „источна„ и „западна„.

Тома Аквински е (римо-католички) схоластик и не дел од источната православна Црква.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Во христијанството постои и "во тебе се наоѓа рајот и пеколот", христијанство е за да се издржат негативностите, машки и без роптање. Скоро секоj мотивационен говорник знае да каже дека човечкиот карактер се гледа во тоа справување со неволјите. Христијанството дали ќе те мотивира позитивно или негативно е резултат на твојата слободна волја и твојот избор кој ти е даден.
Апсолутно ништо машки нема во христијанството, а роптање има колку сакаш. Религија на сиромашните по дух зошто нивно е царството небесно. Религија на немоќните, презрените, на стадото. Религија која во својата срж има човечка жртва.

Антихумана, антиживотна, антицивилзациска религија, вистински култ на смртта.

Лудачка кошула за западниот човек од која никогаш до крај не се ослободи.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom