Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Во Opfolio, развивме модел за оценување на инвестициски рејтинг на компаниите, заснован на 125 коефициенти распределени во пет категории:

✅ конкурентност
✅ предвидливост
✅ квалитет
✅ раст
✅ вреднување

Во рамките на нашиот инвестициски универзум се наоѓаат 712 компании за кои поседуваме детални податоци, и за кои веруваме дека поседуваат одржлива конкурентска предност, што им овозможува да остваруваат профитабилност во долгорочен период.

Ова е методот што го користиме за првична квантитативна селекција на компаниите.

На сликата ќе ги најдете акциите од компаниите кои се наоѓаат на 15-то до 20-то место, со највисок рејтинг во инвестицискиот универзум

Автоматски споено мислење:

Извини можеби имаш напишано на други места низ темите, не успевам да прочитам се, и не сум баш во тек што нудите во фирмата, па неколку прашања:

Дали го нудите ова како претплата, или сте фонд кој менаџира средства па вие го давате крајниот збор во што ќе се вложува и на колкав период?

Дали имате докази за перформансот на алгоритмот?

Дали ти е идејата за тргување исклучиво на компаниите со подобро бодување (во целост), или инвестирате и во компании со полошо но по субјективна процена? (Ваков пример што ми падна во око е NVIDIA).
 
Ќе објавиме за некое време, ќе има понуда за сечија потреба и ќе може да се искористи и нашиот алгоритам и нашето искуство.

Идејата е да се инвестира во компаниите што се погоре на листата. За мене е интересно на приер иако по сите критериуми НВИДИА се тргува превисоко, нејзиниот квалитет во другите сегменти е доволен се уште да е меѓу топ 20 компаниите за инвестирање.
 
Милијардериве асално ги издупија инвеститорите. Ги шиткале акциите месеци унапред за после кога падна ова пред некој ден да ги купуваат за џабе од нив. И не биле sellout, него знаеле како со пари ги бранат дури.
 
Последно уредено:
Здраво

Нов сум тука и имам неколку прашања на коишто не можев да најдам одговор низ претходните страни

Во пријавата од УЈП, кои податоци ги внесувате во следните полиња кога поднесувате пријава од Interactive Brokers:

Поделени се според целини како што се на страната од УЈП.

- ЕДБ/ЕМБГ на правно лице
- Назив
- Адреса на седиште
За првите три веројатно се однесуваат на податоците од Interactive Brokers. Но кога го пишувам ЕДБ од Interactive Brokers ми кажува дека полето треба да се пополни со 13 бројки а ЕДБ од Interactive Brokers има помалку.

- Големина на учеството (уделот)
- Број на договор
- Продажна цена - тука јасно е што треба да се напише
- Датум на продажба - тука јасно е што треба да се напише

- Датум на набавка - тука јасно е што треба да се напише
- Набавна цена - тука јасно е што треба да се напише
- Големина на удел набавна (%)
 
Пополнуваш во погрешен дел, веројатно за капитални добивки од Македонија.
Одиш во Е-ППД, внес, внесуваш датум (кој месец ти е приходот), после кога внесуваш ставка треба да одбереш држава од која е добивката (на пример од САД - ова направи го прво бидејќи полињата се различни за странство), и тип (за капитална добивка е 8.1. мислам, ама ќе ги најдеш во листата), и потоа имаш 3-4 полиња само за пополнување. Голем дел од нив се пресметуваат и сами (на пример кога ќе внесеш валута USD и вредност 100, цената во денари се пресметува сама).
 
Да претходно пробував во Капитални добивки.

Кога одам во Е-ППД ми покажува дека сум на делот Аконтативна пресметка и ми дава да додадам Нова Ставка. Кога ќе отворам нова ставка ми покажува да пополнам други податоци како Бруто/Остварен доход, Износ кој не подлежи на оданучување и други. На правилното место сум?

Доход во странска валута - пример 40 USD, автоматски се пополнува Бруто / Остварен доход со 2259 денари
Датум платен данок во странство, било кој датум
Платен данок во странство, тука не треба ништо?
Платен данок во МКДм тука 10% од 40 USD. Односно треба да напишам 226 денари?

Последната колона со следниве полиња не ми дава да ги пополнам:

- Износ кој не подлежи на одданочување
- Одбитоци
- Данок на доход
- Нето доход
 
Последно уредено:
Да, внесуваш само доход во странска валута, и се пополнува бруто автоматски. Ако имаш задржано данок во странство, ќе пишува од извештајот на ИБКР (нешто како witholding tax), ама генерално тоа е за дивиденди. Повеќето држави не задржуваат за капитални добивки, така да не пополнуваш ништо (најчесто 99.9% е така, сега неможе да ти кажам во детали - може си продал некоја акција од некоја држава со специјален закон, ама си пишува во извештајот од ибкр). Ако наместо капитална добивка имаш дивиденда, тогаш внесуваш дека типот е дивиденда, и таму може да имаш задржан данок и тоа го внесуваш.

Немаш платено уште данок во МК. Тогаш го оставаш и тоа празно. Кога ќе ја затвориш пресметката, ќе видиш системот сам ќе пише бруто 2259, данок X, и од кога од УЈП ќе ти ја одобрат пресметката (за неколку дена), ќе добиеш налог за плаќање. (Инаку, не е 10%, помалку е бидејќи имаш ослободување за трошоци, ќе пресмета системот сам).
Остави го последниот дел.

На крај, пред да ја затвориш пресметката, ќе треба да прикачиш доказ (документ), на пример Activity statement за тој месец од IBKR.

Прочитај го и ова (линк), иако е за дивиденда, може ќе ти стане све појасно.
 
Ако не си завршил со постапката, можеш да фатиш скриншоти и да ги внесеш во еден документ? И јас скоро ќе продавам нешто што имам и ќе ја поминам истата процедура, па ќе дополнам и ќе направиме еден мини прирачник за форумов оти речиси сите го имаат истото прашање.
 
Сега ми е појасно. Фала ти многу.

Уште едно прашање. Секоја акција посебно се пријавува, така?. На пример имам 2 продадени акции од САД и една од Англија. Три ставки треба да направам?

Не, не сум ја завршил постапката. Како што знам треба за секоја продадена акција во одреден месец да се пријави до 10ти во следниот месец. Не сум баш квалификуван за скриншоти да правам, би можел да ни помогне некој од останативе што повеќе знае.
 
Последно уредено:
Сега ми е појасно. Фала ти многу.

Уште едно прашање. Секоја акција посебно се пријавува, така?. На пример имам 2 продадени акции од САД и една од Англија. Три ставки треба да направам?
Автоматски споено мислење:

Јас продавам малку и ретко, па ја пријавувам секоја акција посебно. Други пријатели што знам и што тргуваат многу повеќе, пријавуваат све наеднаш еднаш месечно (иако се фирми од повеќе држави, внесуваат Америка и забелешка IBKR), за да пребиваат добивки и загуби и внесуваат износ колку што им е разликата (добивка - загуба). И досега УЈП им ги прифаќа/одобрува.
 
Фала ти на одговорот.

Кога ќе ги повлечам парите на сметка во македонска банка, тогаш не треба ништо да се пријавува во УЈП нели?
 
Си пишува на сајтот на УЈП дека се пријавува "учество во капитал до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или е извршен упис на промената на сопственоста во трговскиот регистар"

Значи си пријавуваш кога продаваш, не кога ти стигнуваат пари на сметка. Ако ти стигнат пари во банка, од банката ќе ти побараат информации за приливот (од каде се парите), и од кога ќе им пратиш доказ од ИБКР си пополнуваат они таму некои статистички податоци (за НБРМ или штознам).
 
Нели данок не се плаќа доколку акциите ги држиш повеќе од 2 години. Не гледам тоа никаде да го пишува на линкот што го прати @ByteWarrior. Исто имам прашање дали за такви акции, пример 5 години ги чуваш, ги продаваш и остваруваш добивка, иако се ослободени од даночење, дали сепак треба да се пријават?
 
Ве молам прочитајте мислења наназад, одговорени се сите прашања (некои и по повеќе пати). Еве пример за тоа колку ги чуваш.
Али да, се сложувам дека странициве од УЈП треба да содржат повеќе детали, одговори на најчесто поставувани прашања, итн.
За некои покомплицирани, може и да си прашате во УЈП (контакт инфо).
 
Последно уредено:
Барав назад низ страните но не најдов.

Купив акции на берза што не е во САД и не функционира со УСД долар. Пред да ги купам акциите автоматски направило конверзија во друга валута со која што работи берзата и со тоа се извршиле Market Orders.

Кога одам во portfolio/orders ми покажува дека има две Filed orders за конверзија на валутите и тие се означени како Sold, и еден Filed order означен како Bought за купување на акциите.

Прашањето ми е, ако според УЈП треба да се пријавуваат сите closed orders каде што имаме профит, дали има потреба да се пријават и како се сметаат овие orders каде што се прави автоматска конверзија на валути пред да се изврши некое купување на акции?

Веројатно и на други им се случува, на пример ако имате усд долари и сакате да купите во евра или фунти. Ако има некој поупатен би можел да објасни.

Фала многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom