Здраво,
Replay TV е интерактивна телевизија која што е во сопственост на КДС Кабелнет Прилеп и истата е достапна и во Неотел, бидејќи имале некаков договор склучено со Кабелнет. Ја користам апликацијата бесплатно за македонските канали и квалитетот на сликата е одличен.
Даваат црни ресивери со понов софтвер, ги имаш сите можни канали кои ги има и на Кабелнет. Ако има покривање кај тебе од Кабелнет, можеш за 1130 денари да земеш интернет и 2ТВ приклучоци.
Ако нема од Кабелнет, а има сопствена од Неотел (изнајмена преку Телеком од страна на Неотел), тогаш преку Неотел одиш.
Квалитетот и на спортските канали би требало да е одличен, поради тоа што се во ХД резолуција.
Поздрав.