Сериозно, последици за РФ и тоа како има од војнава. Но акцентот е на тоа дека тие последици се ништожни наспрема последиците од неводење на војната.
Можам да се согласам и навистина е така, проблемот е да се одбери вистинскиот момент кога ова лудило да се прекине, бидејќи не е решение да оди во недоглед, а според мене ниту едната ниту другата страна не може да ја тегне ситуацијава до бескрај.
Со тоа што, на Претседателот на Украина газот му е под кирија даден и не решава за себе и државата самостојно, а од друга страна на Претседателот на Русија нема да му биде егото на место ако ова некако заврши со негов „пораз“.
Тешко е да се бара разум во вакви моменти, а како ескалира работата уште потешко ќе станува - затоа и мразам кога ќе дојдат и ќе кажат е супер Украина треба да продолжи да војува. Не, не треба. Турање само масло на оган пошто Русија не ни помислува да застане, тоа е и доктрината со која ја започнаа оваа специјална операција и на кој доктрина еве уште стојат.
За жал промените кај Русите тешко одат, тромаво и споро.
А што е решението во твојата здрава глава? Украина на клекне на колена и да прифати Руски диктат?
Мојата глава не е здрава штом застанав со тебе и слични да ја оправам Русија и Украина ама ајде, нејсе, атер за муабетот.
Многу едноставното решение кое не го гледам како остварливо или го гледам како тешко остварливо е воениот конфликт да прекине веднаш и да се седне на зелена маса, да се подели тоа што е фактички на терен со некои отстапки и ниту Руско влијание во останатиот дел од Украина ќе има, сами ќе си водат држава па нека влезат во НАТО, ЕУ, кај и да ги лажат веќе (плус ќе имаат етнички чист дел, иако населението сигурно им е мешано но процентот ќе се мал и помал секако во иднина) и од друга страна Русија го добива тој „бафер“ од НАТО влијанието на нејзините граници.
Дали и како ќе делат природни ресурси е нов, позадински, момент за кој никој не разговара во оваа војна.
Од друга страна, пошто ова е неостварливо заради моменталното расположение на запад *(вазалите во ЕУ поставени од САД и ОК), особено самата администрација во САД - како и Путин како контратежа на цела оваа прича и непрекинувањето на понатамошната борба, крајно ќе резултира со уште човечки жртви на терен, а од друга страна ќе резултира со вештачко дигање на цени, „кризи“ во цел свет, инфлација и слично. Воено ако се пренеси на други територии (што не верувам) допрва ќе се смееме, али отом потом.
Изговор (како и досега) за сите поскапувања ќе е Баба Рога, војната во Украина, короната претходно, било што кое ќе „оправда“ т.е. ќе даде „причина“ на трговецот (капиталистот) тебе и мене да не ебава во здрав мозок (де факто и де јуре) додека јас и ти завземаме страна и сме поделени на табори.
Ова ти е исто како и вечната дебата ВМРО vs СДС во држава во која тие заедно си гласаат НЕукинување на патни трошоци, заедно си гласаат 2000 еур пратеничка плата, заедно си местат управни одбори, директори, инспектори, ју нејм ит, а обичниот Трајче со 400 еур минималец се тепа во Кам или Кипер на каса за 2 денари со Павлина која му ја згрешила сметката.
Тоа носи продолжувањето на лудилото.
Во тоа лудило ти си еден од тие што долива бензин на огнот.
Зарем тоа е решението? Зарем?