Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
30 јули 2024
Мислења
91
Поени од реакции
57
Аман бе ви се расипа circle jerk -от :place: и одма плачете

Камала е објективно прилично лош кандидат и никогаш не би се изборила во трка со достојни противници, а нејзиниот моментален рејтинг е последица на
1) ентузијазмот на крилјата од откажувањето на Бајден кој почна и физички и ментално скроз да чкрипи и се знаеше дека немаат никакви шанси, па споредбено Камала дојде како „освежување“ и надеж за статистичко реми
2) Тоа што моментално на Камала ѝ даваат исти или поголеми шанси зборува за тоа колку лош кандидат е исто така Трамп споредбено, а со JD Vance Питер Тијл и Илон Маск му го начукаа невидено. Неговиот најголем квалитет е што знае да ги игра народните маси (и тоа до некаде го губи), а инаку другарчето од Епстин (интересно како мукла се сега републиканците за ова), како и многу политичари е прилично ѓубре од човек и се покажа дека е играч на естаблишментот, големите корпорации, Израел и Саудиска Арабија.

Овде што пробувате испродиците на Трамп и неговите делувања да ги интелектуализирате и романтизирате како да е некаков месија, а и сегашниве предвидувања како што сега била решена трката и не знам што се приказна сама по себе. Исто ко што предвидувавте кловнот Рон ДеСантис ќе беше кандидат сега и Трамп ќе победеше на минатите избори. Да бевте американци па до некаде ќе разберев култ кон личноста да имате.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Аман бе ви се расипа circle jerk -от :place: и одма плачете

2) Тоа што моментално на Камала ѝ даваат исти или поголеми шанси зборува за тоа колку лош кандидат е исто така Трамп споредбено,
Да не претеруваме, не и се даваат исти или поголеми шанси никаде. Реално гледано, од шестте swing states моментално има едно нерешено и едно скоро нерешено. И понатаму губи во Невада, Аризона, Џорџија и Пенсилванија, и понатаму е underdog на кладилници.
 
Член од
30 јули 2024
Мислења
91
Поени од реакции
57
Да не претеруваме, не и се даваат исти или поголеми шанси никаде. Реално гледано, од шестте swing states моментално има едно нерешено и едно скоро нерешено. И понатаму губи во Невада, Аризона, Џорџија и Пенсилванија, и понатаму е underdog на кладилници.
Трамп имаше најголем рејтинг ден после обидот за атентат, одтогаш вртоглаво му паѓа. Моментално сеуште има минимална предност ама трендот друго зборува, ќе видиме за недела-две. Шапиро ќе беше калкулантски „безбеден“ избор, но според мене Волц беше мудар избор, во некои поинакви услови кога регуларно би бил избран тој да биде прв кандидат би имале уште поголеми шанси. Нормално се може да се случи до крај ама тоа дека било готово, сигурно, знаеле демократите дека ќе изгубат еве се откажани се кооперациски муабети, напротив усрани во гаќи се републиканците.

Моментално делуваат дезориентирано и очајно, тотално беа неспремни за друг кандидат освен Бајден со кого ќе поминеа многу полесно. Трамп има багаж, огромен дел и од неговата партија не можат да го смислат, ама знаат дека им е најдобра шанса. Премногу ја потценувате Камала, точно дека знае да биде делува антипатично пред камера и да биде прозаична, да се служи со флоскули, ама од другата страна е Трамп, кој исто така не е толку бистар ко што го правите, не е толку склеротичен ко Бајден (само до некаде), ама и тој знае да тропа глупости, да забегува во тангенти и да има испади кои ќе му се вратат од глава, и тоа е можно ко што е можно Камала да флопне. Трамп e bully ама таа тактика во конкретниов случај бар засега не врви со плод, напротив само се бламира. Ќе зависи се од дебатите, само не сум уверен дека Трамп ќе ја „сомеле“ баш така, може многу лесно и самиот да се закопа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.428
Аман бе ви се расипа circle jerk -от :place: и одма плачете

Камала е објективно прилично лош кандидат и никогаш не би се изборила во трка со достојни противници, а нејзиниот моментален рејтинг е последица на
1) ентузијазмот на крилјата од откажувањето на Бајден кој почна и физички и ментално скроз да чкрипи и се знаеше дека немаат никакви шанси, па споредбено Камала дојде како „освежување“ и надеж за статистичко реми
2) Тоа што моментално на Камала ѝ даваат исти или поголеми шанси зборува за тоа колку лош кандидат е исто така Трамп споредбено, а со JD Vance Питер Тијл и Илон Маск му го начукаа невидено. Неговиот најголем квалитет е што знае да ги игра народните маси (и тоа до некаде го губи), а инаку другарчето од Епстин (интересно како мукла се сега републиканците за ова), како и многу политичари е прилично ѓубре од човек и се покажа дека е играч на естаблишментот, големите корпорации, Израел и Саудиска Арабија.

Овде што пробувате испродиците на Трамп и неговите делувања да ги интелектуализирате и романтизирате како да е некаков месија, а и сегашниве предвидувања како што сега била решена трката и не знам што се приказна сама по себе. Исто ко што предвидувавте кловнот Рон ДеСантис ќе беше кандидат сега и Трамп ќе победеше на минатите избори. Да бевте американци па до некаде ќе разберев култ кон личноста да имате.
Трамп бил оваков, Трамп бил онаков.
Нема везе каков е Трамп. Он ќе победи, не затоа што Камла е глупа (а е), туку затоа што зад Камала стои нерационална идеологија која може да функционира само во имагинарен свет. (види ја Америка и Европа под оваа идеологија како личат)
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043

Таа идеологија им победувала во претходни години. Не е Камала некојси досега непостоечки идеолог за демократите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.428
Таа идеологија им победувала во претходни години. Не е Камала некојси досега непостоечки идеолог за демократите.
токму така

и еве каква е земјата после неколку години владеење на таа идеологија

Така се враќаме на она што го реков - дека ќе ја изгубат трката, ради таа идеологија, а не дека е Трамп паметен, а Камала глупа.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
токму така

и еве каква е земјата после неколку години владеење на таа идеологија

Така се враќаме на она што го реков - дека ќе ја изгубат трката, ради таа идеологија, а не дека е Трамп паметен, а Камала глупа.
Е каква им е земјата? Не е нешто поразлична од пред 4 години.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Nema socijalna mreza kaj sho ne se zalat amerite kolku im e skapo stanato odenjeto u market.
Отсекогаш се жалеле за тоа и ќе се жалат. Само што во времето на Трамп, вие очигледно не ги сметавте луѓето кои се жалат поради Трамп за тие проблеми, ама кога е Бајден на власт се разбира вашата багра ќе го обвинува него.

Не е ништо сменето, републиканците ги обвинуваат демократите кога се на власт за проблемите во државата и обратно.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.428
Отсекогаш се жалеле за тоа и ќе се жалат. Само што во времето на Трамп, вие очигледно не ги сметавте луѓето кои се жалат поради Трамп за тие проблеми, ама кога е Бајден на власт се разбира вашата багра ќе го обвинува него.

Не е ништо сменето, републиканците ги обвинуваат демократите кога се на власт за проблемите во државата и обратно.
Идеологијата која ја туркате е проблем за нормалниот човек. Затоа ќе ги изгубите изборите.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Идеологијата која ја туркате е проблем за нормалниот човек. Затоа ќе ги изгубите изборите.
Проблем е за републиканците, само што не можете да се надевате дека неодредените гласачи ви го делат истото мислење.
Еден битен фактор оваа година ќе биде што забраната на абортус во некои земји и тоа како ќе ги префрли големиот број на неодредени гласачи во џебот на демократите.

За републиканците исто така не им е ич битно што Трамп е судски докажан криминалец сега, ама не е тоа така и за неодредените.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.127
Поени од реакции
30.219

А обидот за убиство шо мислиш како им изгледа на неодредените
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
А обидот за убиство шо мислиш како им изгледа на неодредените
Нема да ги интересира повеќето. Ако веруваат во теорија на заговор дека демократите го организирале атентатот, тогаш се републиканци, а не неопределени.
 
Член од
30 јули 2024
Мислења
91
Поени од реакции
57
За каква идеологија зборувате и што Трамп направи против таа идеологија?

А обидот за убиство шо мислиш како им изгледа на неодредените
Обидот за убиство од мага републиканец... Рака на срце и јас верував многу повеќе ќе му влијае позитивно на кампањата, ама изгледа на голем дел не им влијае тоа доволно за да го сменат мислењето за Трамп.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom