Глеј сеа какви ментални гимнастики правиш, опишуваш сценарио со фул војнна против Иран ама ставаш задршки дека немало да напаѓаат амерички бази за да немало „поширока“ војна...
Плус навистина очекуваш дека Кувајт, ОАЕ, ќе војуваат против Иран?? Инаку ниту СА нема да војува против Иран, не после детантот режиран од Кина. И не после очигледното дистанцирање од САД во последниве неколку години.
Лоши ти се претпоставките од типот: навистина очекуваш, ставаш задршки и сл.
Се од тоа што го пишав се има случено порано, со други актери.
За некои работи веројатноста е поголема, за некои помала и тие работи не треба да се гледаат со ова: навистина очекуваш?
Вака некако изгледа:
Навистина очекуваш Русија да заглави во рововска војна против Украина?
Ти ова сериозно?
Е ајде де, што ПВО имаат досега донесено оние кои сакаат да ги видат САД поразени?
Знаеш за сигурно дека немаат ништо поново од 30-40 години? Ти може „знаеш“, ама САД не знаат. Да знаеа одамна ќе ги нападнеа.
Така е, тој е истиот муабет постојано, да знаеја ќе ги нападнеа.
Па што не ги нападнаа пред 20 години?
Aма дали ги известиле Иранците (и Русите веројатно) дека треба да е невидлив?
Еднаш така се заебаа со Србите, не ги известиле на време дека Ф-117 бил невидлив.
Хехе, јака е заебанцијата. Не знаеле дека е невидлив. Им срушија еден авион, овие им ја пеплосаа цела држава, ама заебанцијата е јака.
Така и со Иран.
Скроз си одлепен од реалноста ако ова навистина го мислиш. Прво Израел, не САД, Израел досега ќе го направеа тоа што го опишуваш (не дека е некоја разлика дали САД или Израел, исти газди имаат). Второ Иран немаше да се куpчи вака со проксијата, ќе ќутеа и ќе седеа мадро.
Ова произлегува од незнаење. Тие авиони се дизајнирани да оперираат во воздушен простор штитен од многу понапредни системи од тие што ги има Иран.
Иран нема начин за детекција и пренесување информации во услови на војна.
Забораваш колку далеку југоисточно во Индиски океан гаѓаа теретњак, и тоа намерно толку далеку го гаѓаа за да демонстрираат техничка подготвеност. Како предупредување.
И Сомалијците гаѓаа бродови, но тоа не значи дека можат нешто да направат.
Едно е да најдеш мета во мирни услови чија траекторија е јавна информација, друго е да бараш бродови во воени услови, особено кога ти горат командни центри и ти е разнишана комуникациската структура.
Се на се разочарувачки малку успеа да го прошириш светогледот за сите овие години со такви бројни отварачи за очи што се исподесија. Изгледа си отпорен на реалноста.
Ма ти одсекогаш си бил заглавен во некои алтернативни реалности помогнати од ехо комори од сега по ново неколку твитер профили. Особено после војната во Украина, каде комплетно губиш контакт со реалноста.
САД “врло радо„ би го „демократизирале„ Иран, ама Иран не спиеше претходниве децении, дури и под санкции.
Фрли поглед на атласот и самиот увиди по која шема/редослед САД ги бомбардираа блиско и средно источните држави и која е целта од оформувањето на „појас„ од разбиени држави во насока „запад-исток„...
Се‘ до јужните граници од РФ и од Кина...нели?...
Не заебавај, земјите од Блиски Исток се седум планини и ридови далеку од Русија.