Ќе беше тешко урлање по гркот тука во 1/4 финалето, кој гледаше знае за што зборам, изгуби сет против играч кој до 4-0 и сервис на гркот за 5-0, играше со една нога, и брејкот на 4-0 од Новак беше направен со стоење у место и пукање на топчето плус бар дроп удари, мислам дека ни поен не изгуби а едвај се движеше, и крена рака од сетот.
Али тоа не беше доста, 5-3 за гркот, и сервис негов за сет, и 40-0, врзани 3 сет топки ... пак го изгуби сетот, а со тоа и мечот.
Со Мусети исто така добар меч во полуфиналето, нарочито прв сет, интересно е што во втор сет, кој заврши 6-2, Мусети не освои ниту еден гејм во кој сервираше, двата што ги освои беа на сервис на Новак.
Тоа што може да се извлече од турниров пред се ова важи за фановите на Новак е следново:
1. Со победата над Надал, успеа со тоа да го добие на сите големи тениски евенти што постојат моментално и каде што се сретнале и играле заедно, Надал го нема добиено на АО и уште некој мастерс беше плус. Збориме на индивидуално ниво секако, не го земам во предвид Дејвис купот.
2. Новак е најстартиот освојувач на злато во тенисот, и единствен после Стефан Едберг од 1984та, кој освоил злато без да загуби сет.
3. Со освоена титула во тенисот во 2024 година, Новак се израмнува со Надал, 19 години во редослед да се освои барем еден тениски турнир, Федерер застана на бројката 15. Надал од 2004 до 2022, Новак од 2006 до ден денешен.
4. Победата над Алкараз е само трет меч во неговата кариера (од 46), кој он успеал да го добие откако не успеал да направи ниту 1 брејк во мечот, другите два се против Федерер (2018) и Бердих (2015), и двата на истиот турнир, мастерсот во Париз.
5. Веќе е спомнато, со победата на олимписките игри, Новак е единствениот во тениската историја што успеал да ги освои сите главни тениски турнири што постојат, сите барем 2 пати, освен олимпијадата, која ја има освоено само еднаш .... сега за сега.
Ипак најави можно учество и на следната, така да ете му мотив повеќе за нова историја. Не знам дали сум сериозен за последново или не, зашто Новак е луд.
6. Историски можда најбитниот слем до сега, 23тиот, со кој и го помина Надал во слемови, и со истиот стана прв што ги освоил сите слемови барем трет пат, беше освоен во Париз, во тенискиот дом на Надал. Првото олимписко злато, истата куќа, што е интересен развој на настани и подредување на нештата за што реално постоеше мала веројатност баш вака да испаднат. Ова е момент кој е секако битен за сите навивачи на Новак, убава симболика има фактот што испиша невидена историја до сега на место каде Надал владее. Симболичен момент од аспект на ривалство, ко Реал да испише фудбалска историја на кампот и обратно, Барса на Бернабе.
7. Со победата над Карлос, моментално има подобар h2h и со играчи кои владеат во новата тениска ера, и на тоа си го додава подобриот h2h со играчите дел од големата 4ка во претходната ера. Неверојатно звучи ама генерации се менуваат, а Новак сеуште статистички е најдобар. Ова најверојатно ќе се измени во иднина, во случај стварно да тера уште неколку години.