Изгледа сериозно почнало да тече низ ногавици, чим ДУИ наместо да прифатат дека се опозиција и да направат некои реформи во партијата, тие планираат вакви потези на четири години до наредни избори.
Мицкоски повтори: Имаме информации дека ДУИ есенва подготвува дестабилизација!
Штета што нема Мицко 58 пратеника, централна власт, 50 градоначалници и претседател на државата. Така ќе можеше и да поднесе некој кривични, па не дај боже и да уапси некој.
Он вака се што може да прави е да функционира како биро за информации и секој ден да ни ги кажува вестите на денот. Али на крајот на денот се си има свој век на траење, али овој метод на функционирање ќе му трае уште некој месец, може до нова година најкасно зошто сите медиуми ги држат и тоа е тоа.
Мислам да не беше трагично ќе беше смешно вакво однесување.
ДУИ ќе прави немири на есен - И?
СДС украде 200 милиони од буџетот - И?
Артан Груби крадел од лотарија - И?
ДУИ и СДС членовите не оделе на работа - И?
Филипче го ограби министерство за здравство - И?
Заев и Вице го ограбуваат РЕК Битола 8 години - И?
Затвореници кои требале да служат казна не биле во затворот - И?
Шилегов го ограби град Скопје - И? ( 3 години се локална власт ако до сега не оформиле предмети не знам што да кажам )
Сите градоначалници на СДС крадат - И?
Што треба сега јас да правам со сите овие информации на дневно ниво, зошто он цело време само нафрла информации до сега не го слушнав дека он направил нешто на темата или што очекува јас да направам на темата. Еве сега ова со немирите, што сака јас да направам во врска со тоа? паравојски треба да оформиме? да донираме пари за војската полицијата да се вооружа? што очекува он од мене. Зошто он очигледно не прави ништо по ниедна тема.
Да не ги имаше сите медиуми во државата во моменто да му чуваат грб, овој до сега ќе беше како искубана кокошка.