Политички случувања во Израел

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.637
Поени од реакции
33.810
Браво, светогледот брилијантно бистар како и секогаш... Веројатно Шојгу затоа дошол синојќа, да преговараат за војна меѓу РФ и Иран. :)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.431
Поени од реакции
17.773
Русија радо би припукала на Иран во некои други услови.
Врз основа на што влечеш ваков заклучок? Или ова е уште едно тврдење во низата од типот - Израел е чувар на Европа, и слично.

Иран ќе војува преку Хезболах кога би сакал, ама нешто не им се дава да потегнат таков чекор.

Иран, Турција, многу зборови без дела. Далеку и од регионални сили.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019

Русија и Иран се природни непријатели.
Имаат нерешени конфликти таму на и под Кавказот, ривали во снабдување на енергенси итн.
САД со своите политики успеа да ги донеси да сега се помагаат едни со други.
Во не така далечно минато, кога САД им лупаа санкции на Иран, Русите со задоволство ги поддржуваа истите.
Нормално, работите фатија друга насока после Сирија/Украина, но не значи дека откога тие проблеми ќе се решат, работите нема да се вратат по старо.
Затоа реков, во некои други услови, Русија со задоволство би искористила прилика да удри по Иран.

Иран ќе војува преку Хезболах, да, тоа е точно, но Хезболах ни оддалеку не е Иран. До толку што дури и како најблизок сојузник или подадена рака на Иран, не можат истите да ги снабдат со тешко вооружување.
Хезболах е моќен, држава во држава, но не е ни оддалеку предизвик за Израел.
Моментално Израел е воено најмоќната на Блискиот Исток и пошироко. Да делеа копнена граница со Иран, до сега Иран ќе беше направен парче, како што беше случај со соседите на Израел последниов пола и повеќе век.

Нема многу што може да направи Иран во врска со Израел освен да лае.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.637
Поени од реакции
33.810
Па да, небото е сино, водата е мокра, а во геополитиката се е флуидно... Или како што пишал Сун Цу непријателот на твојот непријател... е твој пријател е твој сојузник.
Сите они се „природни непријатели“... САД, РФ, Кина, Иран, итн, итн. Но повремено имаат заеднички интереси и тогаш дефинитивно не се непријатели (барем на некое време).

Ама со црно бел поглед на светот, формиран од CNN и западни медиуми - Иран и РФ само што не почнале војна.
(пораката до рајата скриена помеѓу редови: не се бунете ако почнеме војна против Иран пошто лесно ќе ги средиме а РФ нема шанси да се вмешаат, они се непријатели со Иран)

Во реалноста западниве не можат да се справат ни со племето Хути, прокси на Иран... Не па со Иран. Да ми је знати како ќе го нападнат и победат Иран. Имам и добар аналитички текст постирано за ова на темата за Иран.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
491
Поени од реакции
691
Мислам дека ако го нападнат Израел сериозно, ќе ги вратат Иранците и Останатите во Камено Доба, не ќе можат 30 години да се опорават.. Како што и направија Русите на Украина..
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.405
Поени од реакции
9.712
Мислам дека ако го нападнат Израел сериозно, ќе ги вратат Иранците и Останатите во Камено Доба, не ќе можат 30 години да се опорават..
Osven so nuklearno oruzje kako bi odelo toa vrakjanje vo kamena doba bash me interesira?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
Osven so nuklearno oruzje kako bi odelo toa vrakjanje vo kamena doba bash me interesira?
Освен САД и нема друга сила што може позначително да му наштети на Иран, конвенционално.
Израел може да врши воздушни напади до одреден степен, можеби да и наштети на Иранската нуклеарна програма, но тоа е ограничено, доста ограничено.
Од друга страна, САД можат да го вратат во камено доба Иран, бидејќи поседуваат страшни конвенционални капацитети. Многу лесно можат да им уништат инфраструктура, енергетска мрежа, целосно да ја уништат секоја нуклеарна постројка и да им ја редуцираат армијата на пешадија. Покажано веќе многу пати.

Но таква операција нема да им служи многу, а ќе бара ангажирање на значителни ресурси.
Моменталната политика на САД е помирување на повеќето страни таму, особено на сунитите со Израел (политика која е моментално на пауза заради нападите врз Израел од 7ми Октомври), бидејќи САД после децении политика на војување решаваат да сменат во обид да пивотираат кон Далечниот Исток.
Оттука, според мене, најмногу што би направиле би било само уништување на нуклеарните постројки, за кое најверојатно би била потребна смена на политичкиот врв на САД, бидејќи сегашниве не се многу заинтересирани, а и претходно, за време на Обама тераа слична политика.
Никој во регионот и пошироко (вклучително Русија и Кина) не би сакале да го видат Иран со нуклеарки.

Тотално уништување на капацитетите на Иран би било ако му текне на Иран да прави некакви блокади на теснецот Хормуз, тоа е непростлив грев кај Американците.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Иран, освен реторички, немаат намера да влегуваат во никаква војна со Израел. Ги заболе нив стапот за некој си командант на Хамас. Израел 10 месеци ги здроби Палестинците па Иран со прст не мрднаа, па зошто сега би влегувале во војна поради некој козар кој е убиен сред Техеран, дури може би и од нив. Иран игра рационално и си ги штити своите интереси. Која мака ја има Иран од Израел? Зошто Иран би влегувал во војна во која може да биде уништен кога за тоа нема ама баш никаква нужда?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.637
Поени од реакции
33.810
Osven so nuklearno oruzje kako bi odelo toa vrakjanje vo kamena doba bash me interesira?
Освен САД и нема друга сила што може позначително да му наштети на Иран, конвенционално.
Израел може да врши воздушни напади до одреден степен, можеби да и наштети на Иранската нуклеарна програма, но тоа е ограничено, доста ограничено.
Од друга страна, САД можат да го вратат во камено доба Иран, бидејќи поседуваат страшни конвенционални капацитети. Многу лесно можат да им уништат инфраструктура, енергетска мрежа, целосно да ја уништат секоја нуклеарна постројка и да им ја редуцираат армијата на пешадија. Покажано веќе многу пати.
Навистина како тоа мислиш дека би одело тоа за САД, тоа враќањето во камено доба на Иран?
Не мора реферат/елаборат, во два збора, како САД воено ќе ги поразат Иран?
Автоматски споено мислење:

Која мака ја има Иран од Израел?
Неколку постови поназад:

На Иран досега им беа направени следните работи:
- атентати врз високи државници и воени офицери, десетици такви
- атентати врз научници, десетици или стотици такви
- директни напади врз конзулати/амбасади
- децениски санкции
- итн, итн сигурно заборавам многу други важни моменти
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Навистина како тоа мислиш дека би одело тоа за САД, тоа враќањето во камено доба на Иран?
Не мора реферат/елаборат, во два збора, како САД воено ќе ги поразат Иран?
Автоматски споено мислење:

Неколку постови поназад:
Тоа не им се проблеми со Израел. Тоа е поради интересот на САД да не им дозволат да создадат нуклеарно оружје. Со напад на Израел нема да ги решат тие проблеми, напротив, само ке им дадат повод на САД да истурат пекол врз нив. Сега Иран и покрај санкциите функционира добро, не гледам причина зошто да влегуваат во авантура против САД. Сигурно се свесни дека не се сила која може да им парира на САД, особено што при евентуален конфликт сите срања ке се случуваат на нивна територија, ке страдаат нивните луѓе, нивната инфраструктура и економија....
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Иран, освен реторички, немаат намера да влегуваат во никаква војна со Израел. Ги заболе нив стапот за некој си командант на Хамас. Израел 10 месеци ги здроби Палестинците па Иран со прст не мрднаа, па зошто сега би влегувале во војна поради некој козар кој е убиен сред Техеран, дури може би и од нив. Иран игра рационално и си ги штити своите интереси. Која мака ја има Иран од Израел? Зошто Иран би влегувал во војна во која може да биде уништен кога за тоа нема ама баш никаква нужда?
Иран е една од ретките земји со изразито исламска вероисповест, која се инаети на создавањето на државата Израел на туѓа земја, во случајов, палестинската земја.

Самата држава Израел е географски поставена меѓу држави кои основано и природно се непријатели на Израел. Сите израелски соседи денес се „пацифизирани„ после нивните порази во војните против Израел, а Иран е ем доволно далеку од Израел, ем доволно безбеден и доволно јак за да може да биде самодоволна држава, која може барем вербално (чат-пат и практично) да се заканува кон Израел.

Иран, секако, има и свои гео-стратешки интереси барем на регионот од Блискот Исток, кои се во судир со Израелските.

Прашање е на време кога Иран ќе склопи а-бомба а со тоа ќе стане реална закана за постоењето на Израел.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.637
Поени од реакции
33.810
Тоа не им се проблеми со Израел. Тоа е поради интересот на САД да не им дозволат да создадат нуклеарно оружје. Со напад на Израел нема да ги решат тие проблеми, напротив, само ке им дадат повод на САД да истурат пекол врз нив. Сега Иран и покрај санкциите функционира добро, не гледам причина зошто да влегуваат во авантура против САД. Сигурно се свесни дека не се сила која може да им парира на САД, особено што при евентуален конфликт сите срања ке се случуваат на нивна територија, ке страдаат нивните луѓе, нивната инфраструктура и економија....
Настрана геополитичкот аспект, спорно е од воен аспект како тоа „САД ќе истурат пекол врз Иран“... Се разбира настрана од употреба на нуклеарно оружје.

Тоа го прашував Човекот, пардон @Human. Kaко САД би го поразиле Иран во конвенционална војна. Гледаме на најмалото можно ниво на судир, со племето Хути, како поминува наметнување и користење на морнарица. На ниво на целосна војна со Иран како би поминале такви мрсни мети како на пример носачите на авиони, против држава воено специјализирана за војна со летала без човечки екипаж? Можеби само на план на ПВО не се нешто посебно спремни, ама со геополитички/воени сојузници како РФ секако е извесно дека тука веќе имаат помош.

Значи поморски и воздушни (конвенционални) напади не гледаме како може да бидат ефективни. Што им преостанува? Планираат копнено да го нападнат Иран? :)
Кој овде што тоа сериозно го зема како можност, а воедно видел каква географија има Иран?
Автоматски споено мислење:

Прашање е на време кога Иран ќе склопи а-бомба а со тоа ќе стане реална закана за постоењето на Израел.
Иран нема да го нападне Израел со нуклеарно оружје. Освен во одбрана... Зошто би се самоубиле?

Тоа е западна пропаганда дека ако Иран развиел нуклеарно оружје, дека одма ќе фрлале нуклеарки на Израел (и дека САД сакаат да го уништат Иран за Иран да не го уништи Израел). Приказни за рајата.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Nastrana faktot sto atomska drzava Iran ne e vo interes na ni edna segasna atomska sila (vkluckuvakji Rusija) ja bi bil zadovolen ako gi sprecat odnosno sabotiraat nivnite ambici za atomska bomba. Drugoto e nice to have. Nema potreba od bombardiranje Iran osven neli ako kinisaat po Izrael i tie im vratat. Od razni pricini napad na SAD kon Iran ne e realen odnosno tie avanturisticki dela kako napad na Irak ili Afganistan se minato.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom