Вчера на 5.000 жени, Кипјегон и една од Етиопија се збутаа малце, на крај Чебет победи а Кипјегон беше втора, па на крај ја дисквалификуваа и после уште една жалба и ја вратија медаљата.
Она што е интересно овде е што Италија има државен рекорд и за малце бронзен медал, да не ја усвоеа жалбата на Кенија и Кипјегон останеше дисквалификувана.
Не памтам кога европска селекција стигнала до ваков резултат на долгите патеки.
Од другите вести Ноа Лајлс ја оправда фаворитската улога на 100 метри кај мажите, Де Грасе не се ни пласираше во финалето а истото беше можда најнеизвесно у последно време. За 0.005 секунди Лајлс беше прв пред Томпсон од Јамајка. (Ако дбро ги пишав овие илјадитинки или како и дс ги викаше Милковски Геј)
А да, и Шакари Ричардсон флопна, Света Луција има златен медал на 100м кај жените.
Коа сме кај флопови, Ивана Шпановиќ не се ни пласираше у финале на скок во далечина кај жени.
Сандра Перковиќ бронзена во фрлање диск кај жени.
И едно канаѓанско чудовиште доминантно го освои златото во фрлање кладиво кај мажите.
Со нови вести од кралицата на спортовите се читаме вечер, поздрав од Џонтра Бламлински.