- Член од
- 26 август 2008
- Мислења
- 736
- Поени од реакции
- 535
Знаевме (најверојатно сите знаевте) дека Покетино ќе има тешка прва сезона и тоа и се случи. На тоа може да се додаде дека имавме повреди на главни играчи (Нкунку, Џејмс, Колвил, Чилвел, потоа Густо, Ензо играше со повреда и инекции, не ни почнаа Фофана и Лавија итн)Дноев углавном ти одговорил ја што сакав да ти кажам. Со Покетино незнаевме со која постава и формација играме на утакмиците се до Ноември. На пријателски играше со една формација па почна во ПЛ со трета, се бараше човекот 2-3 месеца како сака да му изгледа тимот. Мареска ако прави експерименти боље да го прави тоа сега во предсезона за да знае што го чека во ПЛ. Грешки вакви аматерски ќе има и во ПЛ, јасно е дека ќе имаме проблем со одбраната, само не верувам Мареска да си допушти Санчез и Тосин Адебајор со 0% тенички вештини да си играат тика-така пред гол. Ќе има корекции сигурно за наредните утакмици, физички исто Селтик беше јачи се гледа дека уште не се кондиционо спремни. Само нека нема повреди тоа е најбитно за пријателскиве. Првите 3-4 кола ќе ни кажат како ќе се одвија сезонава, ко што беше случај лани кога не исплеска Форест, Вест Хем и Вила.
Покетино не е тип на тренер како Мурињо, Конте, Тухел што има инстант успех. Такви тренери се малку, многу малку. Па и Гвардиола со сити кое место заврши првата година? Ама му се остави време.
Мареска не знам, нити го имам гледано, нити имам некои очекувања.
Прочитав некаде Наполи биле отворени за Лукаку - Осимен замена со доплата. Не би било лошо тоа да се случи.
Интересно ќе е сега со французите и аргентинците во тимот, ќе има циркузи. Замислете сценарио се закараат јако, па излезе дека има тепачки, па страни, па расна поделба во тимот, па во Англија, па светот и Челзи да излезе виновен за 3та светска војна.
Уште тоа му се нема случено на мојот ретардиран клуб.