Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.167
- Поени од реакции
- 12.150
Не мислам да пишувам по 2 реченици, па потоа пак уште 2 за исти нешта...Извини, не можеш некако да ги поедноставиш своите постови? Вака секој пост нафрлаш милион ствари па на човек би му требало саати за да реплицира. Не е критика само забелешка
Не се нафрлани ствари туку поврзани нешта кои не може да ги пишувам во делови...
Да, за овие религии се пишува со саати, се студираат и споредуваат со други учења со години... освен ако не се задоволува човек со верување во тоа што му се чини дека е убаво и ок... и тоа да е најбитно.
Што не разбра од делот дека христијанскиот дел, односно таканаречениот нов завет, зависи од злобно наречениот стар завет (како име за еврејските учења) и дека целото христијанство се темели на еврејски мистицизам кој што е погрешно разбран од првите христијани или првите луѓе кои еврејските учења ги поврзаа со други учења во тоа време?
Целата идеја за создавањето што го верглате, целата идеја дека има крај на ова човештво, е еврејски концепт, не е христијански. И ова го делите со муслиманите! Исти пророци имате, само сакајќи секој да биде на врвот, се замразивте и почнавте со познатите сатанизирања на другите што доведе до огромна поделеност и омраза во човештвото.
Идејата дека се е предодредено и богот е сезнаен и љубоморен и слично е исто така еврејско учење! Тоа го имате кај вас... и немате слободна волја. Се знае зошто си тука и како ќе завршиш - богот знае, тој одлучил кога да се родиш и со кој да живееш и со мене да зборуваш во еден часот по полноќ за боговите, смислата на животот и дали си ти слободен во однос на вечноста....
И вие ги сатанизирате и секако навредувате евреите бидејќи не ве поддржаа во минатото кога се кревавте како секта, бидејќи им го касапевте самото учење... и сега тие се лошите, за вие со купишта собири и делења, сте најдоброто нешто и христијанството е она што ќе го спасува светот и ќе даде слобода на човекот?
Ти на тоа се крстеш бидејќи христијанството мислиш ќе ти го спаси семејството и ти ќе бидеш спасен од геј популацијата? На погрешно место бараш спас... нема да најдеш тоа што го бараш.
Никогаш не било ниту ќе биде христијанството да го обедини човештвото, премно историја има... дојдени сте за да поделите, не да обедините и го направивте тоа, треба да престанете и да разберете до каде ви е чергата, завршена е вашата мисија - човекот стана индивидуа која мора прво самата да се спознае, да се разбере и биде подобра за себе си, а со тоа потоа и за другите! Никој не го спасува човекот од надвор...
Без догми и калапи... само така има смисла волјата, а и слободата во однос на внатрешниот пат на еден човек. Другото е зло и замка.
П.С. Извини и ова ако ти е многу и комплексно и бара да ми реплицираш... не мора на се да ми одговориш. Избери она што најмногу ти го заморува духот од напишаново и одговори ми каде грешам, бидејќи тука сме нели за тоа - да докажеме кој каде греши и зошто!
Гревот мора да се пронајде... и да се оправда можеби