Еве ја бившата ми цимерка само што и го видов албумот со слики од одмор. Веќе баеги се во брак , без свои деца ,таа има едно од прв брак, он работеше Италија задните две години, праќаше пари, сега си спои фамилија и одат (не се од Мк). Значи жена која е зрела и знае што сака е опасна работа, а ти таа што не си ни мислел да ја земеш, верувај ни таа не мислела да ја земеш.
Богами ,не знам за ниеден оставен и браковите им се стопати подобри од другите. И деца од други мажи им прифаќаат. Имаат памет во глава и свесни се колку е тешко да се најде компатибилен партнер на денешницава за да се замарааат со феномени тетка,ливадарка и томе слична чиста мизогинија што апсолутно не дава никакви информации за тоа каква е една личност во врска. Јас лично не преферирав големи разлики и према тоа си избрав. И сум имала среќа.
А, пошто дел се утепаа блатајќи си ги сопствените жени (не на форумов, општо), вечито не чинат, наталитетот ни е во жално стање и незадржливо срљаме у прогрес да станеме малцинство. Вчера еден колега ми вика, абе луѓе опаметете се , прајте деца, многу опасен процент ви е во прашање.
А убав народ сме и мажи и жени, убава вера си имаме ,традиции, се што треба за убав семеен живот, прекрасна основа. Но , се мразиме ,од дно на душа, чувство на припадност дно веќе и купените Албанки почнаа кидавелата да ја фаќаат. Работам со луѓе од најмалку 35 националности,на кој било од нив да фатиш да му ги плукаш жените има да те стави метафорички у мешалка за бетон, а дел од нашиве ќе се изнасмеат, ќе речат види за нашиве како зборат у право сум бил.
Годините колку и да се незанемарлив фактор и реалност, имаат и релативна нота , затоа што жените во нивните 30ти не живееле со иста динамика како 20 и кусур годишните денес. Постарата можеби имала 3 а помладата 30 партнери, на пример. За репродуктивната возраст, да , годините се битен момент, но исто толку и физичка активност, начин на исхрана, животни навики што го успоруваат или забрзуваат процесот. Во тој поглед мислам дека за жал не одиме на подобро.