Да секако, Американците ги надградувале тенковите и авионите, а Русиве со скрстени раце седеле сиве овие години и ништо не надградувале. Колку што има надградено абрамси, пута два има надградено Т-72, а за новите тенкови попут Т90 и да не збориме, научна фантастика се за Абрамсите. Па и тие 600-700 што ги имаше Украина Т64, беа бајаги подобри и поефективни, а и сериозна бројка од овој кршот што го добија, од кои прашање е дали им остана 10%. Уствари можеме да јка видиме учинковитоста на западното оружје, кое го најавуваа како gamechanger. Тој митот за супериорноста на западното оружје, излезе дека е пародија. Освен Химарсот кој се покажа доста флексибилен, ниедно западно оружје во Украина не се покажа ништо поефективно од Руското. Па и Торнадо-С во војнава се покажа дека е најмалку класа подобар од Химарсот. Да не зборам за оружјата попут Искендер, Тос, Кинжал, Циркон, кои им правфат огромни штети на Украинците. Па и разноразните суб-сонични крстосувачки ракети, кои Русија ги користи доста успешно. Едноставно западот нема ниту капацитет, ниту квалитет да ги следи Русите за ваков вид на вооружување.
Не реков дека Русите не ги надоградувале тенковите, туку дека тенковите што ги имаше Украина беа во прилично лоша состојба и далеку по-инфериорни споредено со тоа што го добијаа од Запад.
Многупати и пишано на форумов, тенковите функционираат најдобро кога се употребени заедно со други оружја, што на Украина очигледно и фалеа. Има фалеа и на Русите некои концепти, затоа и тие имаа огромни загуби на оклоп.
Химарсот се покажа како клучен во растурањето на Руската логистика во првата година од војната, нешто што им донесе победи на Украинците во враќањето на територијата, се додека Русија не ја адаптира логистиката и изгради дефанзивни линии.
Да, Торнадото е добро, но ни оддалеку Русија немаше наведувани ракети за истото.
Тос е систем со краток дострел и освен на почетокот, не виде некоја голема употреба понатаму во војната заради што брзо ги наоѓаа и елиминираа.
Балистичките ракети Циркон и Кинжал имаа сосем мал учинок во војната, скоро незабележителен. Многу повеќе Русите користат Искандер, кој заедно со крстосувачките ракети имаа доста успех во гаѓање на цели далеку од фронтот.
А Америка има многу повеќе крстосувачки ракети, тука предноста на Американците е огромна ако гледаме по бројот на крстосувачки ракети.
Украина имаше 3-4000 противвоздушни оружја. Распределени на цела Украинска територија, Русија речиси и да не можеше нешто сериозно да направи, пред да ги уништи овие оружја. Денеска Украина има неколку батерии, кои само по себе иако теоретски можат да го бранат на пример Киев, во пракса тешко можат да се снајдат и да одбранат нешто на начинот на кој Русите напаѓаат. Тоа се покажа и докажа многу пати, кога секој обид да се запре некој сериозен напад, завршуваше со уништување на Патриот батерија на крај. Згора на све, западот нема толкав капацитет на противвоздушни оружја, па и сите да и ги дадат на Украина, нема да собере Украина толку многу противвоздушен капацитет, колку што имаше пред 2 години.
BTW, С-300 системите што ги имаше Украина, уствари еден дел од нив, беа со бајаги поглем домет од Патриотите. А прашање е дали дометот што е на папир е ист со тоа што патриот навистина може да го направи.
Повеќето од тие 3-4000 се ААА, скоро бескорисни во ера на модерни авиони. Неупотребливи во близина на фронтот заради наведуваните оружја, неупотребливи против дронови, неупотребливи против крстосувачки ракети итн.
Затоа добијаа point-defence, системи слични како на пример Рускиот Панцир, кои се ефективни во бранење на одредена цел против скоро секаков тип на воздушни напади.
Веројатно премалку за да обезбедат се.
Исто и со Патриотот и другите системи со подолг дострел.
С-300 доби надоградба од Запад, им дадоа и надоградија ракети кои можат да гаѓаат мети преку 200км.
Западот се потпира претежно на авијација за одбрана од воздух, па затоа и Украина добива малку ПВО.
Воениот аеродром беше завземен
Никој не прави воздушни десанти со хеликоптери, брз продор со оклоп само за да врзи дел од армијата таму.
Тоа се прави со тенкови и бавен продор.
Целта беше брз и одлучувачки удар врз главниот град. Нема сомнеж дека тоа беше целта и не им успеа. Високоризична операција, која ќе ја завршеше брзо војната.
Се супер, но не ми одговори каде ќе најдат војска. Ги сотреа Русите, буквално.
Ете ги, капитулираа 2ра година по ред.