Слободната воља и религиите!

Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Не сум сигурен дека би било можна само една единствена религија на планетава, но и покрај тоа луѓето треба да ги надминат идиотските меѓусебни поделби кои не донесоа ништо добро.
Нејасно е како после толкаво искуство во меѓусебни конфликти барем Христијаните не прават напор за обединување. Во прашање е скоро милениум од големата Шизма 1054 и околу 500 години од реформацијата. Крајно време е за обединување на сите Христијани.
Организираните религии се во својата основа политички организации, кои со себе носат класична борба за политичка моќ. Од тој аспект никакво обединување не е возможно, затоа што секое обединување носи помалку места во организациите кои носат моќ. Вака во моментов имаме Папа, па Севселенско нешто во Истанбул, па семоќно нешто во Москва, и уште не знам колку позиции на моќ во аглосаксонскиот свет со мал милион деноминации.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.936
Поени од реакции
5.075
Јас сум за тоа да се воведе една религија за сите. Религија која би била многи поедноставна од постоечките и која би се базирала на манихејските учења. Во таа религија, светот наместо механистички би бил објаснуван етички, односно би постоеле две сили, една добра и една зла, и секој човек би бил повикан да одбери страна.

Тие две сили би биле подеднакви, ниту една од нив не би била семоќна, и човекот би имал слободна волја да одбери да чини добро или зло. Така светот би добил смисла за луѓето, а би биле поштедени од купиштата глупости кои ги сервираат организираните религии.
Ако ти се „посреќи„ да го дочекаш владеењето од антихристот, ќе бидеш сведок на воведувањето на една униформна вера, во која секој припадник на својата вероисповест ќе се „најде„ себе си во таквата (униформирана) вера.
Темата е слободна волја и религиите, заминувате полека од темата... :)
Поточно ова преминува во слободна волја и христијанството, бидејќи таа религија е најпозната за сите тука во Македонија...

Христијаните успеаа со нивното повторување да ве застранат од идејата дека сезнајно божество кое знае се и сешто и по кое се раководи иднината (и кога ќе биде суден ден, и крај на светот и кога ќе воскреснуваат мртовци и кога ќе доаѓа месија (односно знае се за иднината и сегашноста) не може да дозволи слободна волја бидејќи тоа божество знае секој човек во секој даден момент на што би се сопнал од искушенијата, што ќе направи во сегашноста и како тоа ќе биде во иднината!
Изборот дека имаш слободна волја да бидеш христијанин или не - во најмала рака е лага, односно манипулација на црквата и свештенството да собира арач и да брои „глави“.

Бидејќи ако постои христијанскиот концепт на божество (украден од евреите, но нив не ги разгледуваме бидејќи христијаните се прменогу гласни и ја присвојуваат светата книга на евреите како да е нивна, христијанска - а не е) тоа знае дека Петре од Вевчани нема да биде христијанин во неговиот живот и дека ќе биде осуден во тој интересен суден ден кога се ќе исчезне и нема да имаме форуми и човештво!

Такво божество не дава слобода...
или пак светите отци, дедовци, свештеници само не знаат да ги објаснат сите тие нешта бидејќи одат во философија која им ја руши проповедта дека само треба човек да верува дека е грешен, но има слобода да избере христијанство или вечно страдање... но забораваат да додадат дека сезнајниот бог, ниту создаден ниту материјален знае кој каде и кога ќе се роди!

П.С. Колку што знаеме од новите проповедања, Исус постои од самото создавање кое го има кај евреите и нивната света книга! Богот знаел кога ќе се инкарнира во човек наречен Исус и ќе исполнува еврејски пророкувања, го спремил светот за тоа? Рим и Јудеа? Апостолите плански се родени да бидат и да изберат да го следат Исус или не?
Господинот Јуда сам избира да биде предавник или богот му предодредува да биде предавник за да се исполни детерминистичкиот пат на богот инкарниран на Земјата кој што мора да биде распнат?


Христијаните ќе скокнат и ќе кажат не, тоа сами тие одлучиле! Лажете и не ви е срам да лажете!
Ако сами одлучиле да следат, богот не е сезнаен и планот со распнување и исполнување на негова волја ќе е залудност! Лажен бог...
Така да слободна волја, христијански бог кој што казнува и чека да дојде времето кога ќе страда мноштвото - не оди заедно...


Продолжете со муабетите, ја само вака - ноќно раздрмување на темава, да се случува нешто :)
Христијаните украле концепт од Евреите...а украле и света книга...пак од Евреите...:eek:

Жива среќа е што не знаеш што пишуваш...а уште посреќна околност е што си убеден дека си во право.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.010
Поени од реакции
6.493
Значи тврдиш нешто без основа. Била неизоставен дел ама дали ќе.... тоа не го знаеш освен ако не си некој пророк, како што напоменав. Не си пророк (според сопствено признание) а тврдиш што ЌЕ..... Тоа што @Julius Evola го рече е дека сега во моментов, можеби на некои луѓе им е потребна вера, не значи дека утре ќе биде потребна. Те прашав од каде тоа ТИ го знаеш како “обичен беден грешник “ (твои зборови).
Не мора да си пророк за да претпоставиш што би било во иднина.:toe:
Се вели дека најдобар показател за иднината е минатото релевантно однесување. Па така ако се знае дека луѓето низ овие 226К години биле верници, тоа укажува дека верата ќе биде неизоставен дел и од човечката иднина.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Ако ти се „посреќи„ да го дочекаш владеењето од антихристот, ќе бидеш сведок на воведувањето на една униформна вера, во која секој припадник на својата вероисповест ќе се „најде„ себе си во таквата (униформирана) вера.
Не постои никаков Антихрист, тоа се приказни за мали деца. Злото луѓето го носат во себе, низ нереализираните желби и нагони кои се претвораат во фрустрации кои понатаму како примарно зло се префрлаат од генерација на генрација во маѓепсан круг.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
274
Поени од реакции
214
Нејасно е како после толкаво искуство во меѓусебни конфликти барем Христијаните не прават напор за обединување. Во прашање е скоро милениум од големата Шизма 1054 и околу 500 години од реформацијата. Крајно време е за обединување на сите Христијани.
Не успеав на темата што ти ја отвори да прашам еве тука ќе те прашам. И што со тоа обедунување ако е и можно да се случи? Никој и на другата тема не успеа да ми одговори кои се тие „единствени“ христијански вредности?

Не мора да си пророк за да претпоставиш што би било во иднина.:toe:
Се вели дека најдобар показател за иднината е минатото релевантно однесување. Па така ако се знае дека луѓето низ овие 226К години биле верници, тоа укажува дека верата ќе биде неизоставен дел и од човечката иднина.
Woooow, не си пророк а прорекуваш. Можеш да претпоставиш? Што ако грешиш?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.010
Поени од реакции
6.493
Темата е слободна волја и религиите, заминувате полека од темата... :)
Поточно ова преминува во слободна волја и христијанството, бидејќи таа религија е најпозната за сите тука во Македонија...

Христијаните успеаа со нивното повторување да ве застранат од идејата дека сезнајно божество кое знае се и сешто и по кое се раководи иднината (и кога ќе биде суден ден, и крај на светот и кога ќе воскреснуваат мртовци и кога ќе доаѓа месија (односно знае се за иднината и сегашноста) не може да дозволи слободна волја бидејќи тоа божество знае секој човек во секој даден момент на што би се сопнал од искушенијата, што ќе направи во сегашноста и како тоа ќе биде во иднината!
Изборот дека имаш слободна волја да бидеш христијанин или не - во најмала рака е лага, односно манипулација на црквата и свештенството да собира арач и да брои „глави“.

Бидејќи ако постои христијанскиот концепт на божество (украден од евреите, но нив не ги разгледуваме бидејќи христијаните се прменогу гласни и ја присвојуваат светата книга на евреите како да е нивна, христијанска - а не е) тоа знае дека Петре од Вевчани нема да биде христијанин во неговиот живот и дека ќе биде осуден во тој интересен суден ден кога се ќе исчезне и нема да имаме форуми и човештво!

Такво божество не дава слобода...
или пак светите отци, дедовци, свештеници само не знаат да ги објаснат сите тие нешта бидејќи одат во философија која им ја руши проповедта дека само треба човек да верува дека е грешен, но има слобода да избере христијанство или вечно страдање... но забораваат да додадат дека сезнајниот бог, ниту создаден ниту материјален знае кој каде и кога ќе се роди!

П.С. Колку што знаеме од новите проповедања, Исус постои од самото создавање кое го има кај евреите и нивната света книга! Богот знаел кога ќе се инкарнира во човек наречен Исус и ќе исполнува еврејски пророкувања, го спремил светот за тоа? Рим и Јудеа? Апостолите плански се родени да бидат и да изберат да го следат Исус или не?
Господинот Јуда сам избира да биде предавник или богот му предодредува да биде предавник за да се исполни детерминистичкиот пат на богот инкарниран на Земјата кој што мора да биде распнат?


Христијаните ќе скокнат и ќе кажат не, тоа сами тие одлучиле! Лажете и не ви е срам да лажете!
Ако сами одлучиле да следат, богот не е сезнаен и планот со распнување и исполнување на негова волја ќе е залудност! Лажен бог...
Така да слободна волја, христијански бог кој што казнува и чека да дојде времето кога ќе страда мноштвото - не оди заедно...


Продолжете со муабетите, ја само вака - ноќно раздрмување на темава, да се случува нешто :)
Не заминуваме воопшто од темата, сето кое го дебатираме има поврзаност со слободната воља.
Како тоа Христијаните украле нешто? Старозаветните пророци и пратеници се навистина исти но тоа е само во првите пет книги кои денес ја сочинуваат Тората. Новиот завет пример нема ништо со еврејската религија, напротив тоа е јасно разделување со доаѓањето на Христос. Евреите денес се еретици кои го негираат Спасителот, дури полоши и од Муслиманите за кои Исус е еден од најбитните пророци во нивната традиција а Марија е најправедната жена во Исламот.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.936
Поени од реакции
5.075
Не постои никаков Антихрист, тоа се приказни за мали деца. Злото луѓето го носат во себе, низ нереализираните желби и нагони кои се претвораат во фрустрации кои понатаму како примарно зло се префрлаат од генерација на генрација во маѓепсан круг.
Пак философираш...

А што велиш, злото се јавуе кај луѓето ради „...нереализирани желби....„?...

Ауууу чоек...па ваков заклучок ни Тања Каракамишева не би извлекла.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Пак философираш...

А што велиш, злото се јавуе кај луѓето ради „...нереализирани желби....„?...

Ауууу чоек...па ваков заклучок ни Тања Каракамишева не би извлекла.
Па да, тоа е прилично едноставен процес. Луѓето се пакети енергија, интелектуална, физичка, сексуална... Таа енергија секогаш се стреми према надвор, се обидува да се релизира. Кога е спречена во тоа, а најчесто тоа е случај затоа што се судира со туѓите енергии, се врти кон себе и човекот се самоуништува. Понекогаш тоа е драматичен процес, некогаш е постепено трулење. Тука е коренот на целото зло. Настанокот на тоа зло е неизбежно, затоа што секој сака да се реализира себе си на сметка на другите. Желби премногу, објекти на тиа желби премалку.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.936
Поени од реакции
5.075
Па да, тиа е прилично едноставен процес. Луѓето се пакети енергија, интелектуална, физичка, сексуална... Таа енергија секогаш се стреми према надвор, се обидува да се релизира. Кога е спречена во тоа, а најчесто тоа е случај затоа што се судира со туѓите енергии, се врти кон себе и човекот се самоуништува. Понекогаш тоа е драматичен процес, некогаш е постепено трулење. Тука е коренот на целото зло. Настанокот на тоа зло е неизбежно, затоа што секој сака да се реализира себе си на сметка на другите. Желби премногу, објекти на тиа желби премалку.
Уште еден (неуспешен) обид за препоедноставено (материјалистичко-механицистичко) објаснување за пројавите кај сложената (дух-душа-тело) човекова природа...
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Уште еден (неуспешен) обид за препоедноставено (материјалистичко-механицистичко) објаснување за пројавите кај сложената (дух-душа-тело) човекова природа...
Моето објаснување е логичко и елегантно, и не му треабаат натприродни појави за да функционира. Тебе ти треба Антихрист (кој патем бил создаден од Бог) за да го објасниш постоењето на злото. Окамовиот брич вели дека во ситуација на две различни решенија за ист проблем, секогаш точно е поедноставното решение, односно треба да се избегне зголемувањето на бројот на објаснувачки ентитети.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Не заминуваме воопшто од темата, сето кое го дебатираме има поврзаност со слободната воља.
Како тоа Христијаните украле нешто? Старозаветните пророци и пратеници се навистина исти но тоа е само во првите пет книги кои денес ја сочинуваат Тората. Новиот завет пример нема ништо со еврејската религија, напротив тоа е јасно разделување со доаѓањето на Христос. Евреите денес се еретици кои го негираат Спасителот, дури полоши и од Муслиманите за кои Исус е еден од најбитните пророци во нивната традиција а Марија е најправедната жена во Исламот.
Ниту некој е еретик, ниту пак ти ќе признаеш дека идејата за месија доаѓа од евреите од кои христијанските секти ги украдоа и идеите за пророци и пророшта, за да има Исус од „новиот завет“ да има што да исполнува...
Новиот завет без евреите нема смисла... нема ништо без нив, но вие христијаните упорно ќе ги сатанизирате евреите за да пробате да го избришете коренот од каде потекнувате и што се не разбравте од евреите, заедно со слободната волја и нивниот бог во кој и вие верувате, малку извртено и калемено верување, но сличен концепт...

Сето христијанство е еврејска традиција и учење. Разликата од вас и евреите не е светата книга, туку тоа што вие верувате дека пророк дошол како бог, ништо не направил, ќе дојде пак (само тој знае кога и знае кога ќе е крајот на светот и се е предодредено) и истио тој бог чека крај на светот со надеж дека токму како што верувате, така ќе биде...
До тогаш упорно проповедате дека сите други се еретици и погрешни идеали имаат - само вие сте кокичиња и најдобри на Земјата, ние другите ниту волја имаме ниту знаеме кај тераме бидејќи не сме дел од некаква си црква за која пак глаголате како само нејзе нешто и е објавено од боговите!

Ништо не е објавено од боговите, сето е преземено од евреите и егзотерични учења кои ја прекопувале Мала Азија во тие времиња и ја зафркнаа работата новите христијански секти...
И сега ете не, сеуште кревате врева, се погласни и погласни бидејќи секој вистински христијанин знае дека религијата нема смисла во светот, меѓу луѓето - само дома и во храмовите, како и што треба да е!

Така само може секој да има слободна волја, а не со кревање врева како некој ќе страда откако ќе има некакво си второ доаѓање на некаков си месија... тоа може да веруваат само христијани, другите се ослободени од тие гревови, по нивна волја бидејќи човекот е слободен во однос на вечноста.

Не може да верувате во христијански бог и да имате слободна волја! Тоа мора да го разберете... има начини, само да не ве мрзи и да не се плашите од иднината. :)

П.С. За исламот и да не почнуваме. Христијанството има поголеми шанси да се опорави, исламот е длабоко заглавен во догма така да залудно е да се зборува за нивниот Аллах и шеријатски правен закон кој што нема ни С од слободна волја... нема ниту в од волја де!
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.936
Поени од реакции
5.075
Моето објаснување е логичко и елегантно, и не му треабаат натприродни појави за да функционира. Тебе ти треба Антихрист (кој патем бил создаден од Бог) за да го објасниш постоењето на злото. Окамовиот брич вели дека во ситуација на две различни решенија за ист проблем, секогаш точно е поедноставното решение, односно треба да се избегне зголемувањето на бројот на објаснувачки ентитети.
Веќе ти напишав како „функционира„ твоето објаснување...сега, останува да потврдиш дека човекот е „само„ една сложена машина.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.010
Поени од реакции
6.493
Не успеав на темата што ти ја отвори да прашам еве тука ќе те прашам. И што со тоа обедунување ако е и можно да се случи? Никој и на другата тема не успеа да ми одговори кои се тие „единствени“ христијански вредности?


Woooow, не си пророк а прорекуваш. Можеш да претпоставиш? Што ако грешиш?
Не прорекувам ами претпоставувам, сосема е можно да грешам, не е моето мислење уклесано во камен, јас сум само обичен лик кој употребувајќи ја за нијанса потпросечната интелегенција како што ја дал Бог се обидувам да го сфатам светот околу себе.

Христијански вредности се многу, имаш простување како темелна вредност на Верата, тука се и љубовта, благодарноста, семејното заедништво како дар Божји, сочуствувањето, мирољубието, почитта и многу други, но за почеток тие би биле основни.
Автоматски споено мислење:

Ниту некој е еретик, ниту пак ти ќе признаеш дека идејата за месија доаѓа од евреите од кои христијанските секти ги украдоа и идеите за пророци и пророшта, за да има Исус од „новиот завет“ да има што да исполнува...
Новиот завет без евреите нема смисла... нема ништо без нив, но вие христијаните упорно ќе ги сатанизирате евреите за да пробате да го избришете коренот од каде потекнувате и што се не разбравте од евреите, заедно со слободната волја и нивниот бог во кој и вие верувате, малку извртено и калемено верување, но сличен концепт...

Сето христијанство е еврејска традиција и учење. Разликата од вас и евреите не е светата книга, туку тоа што вие верувате дека пророк дошол како бог, ништо не направил, ќе дојде пак (само тој знае кога и знае кога ќе е крајот на светот и се е предодредено) и истио тој бог чека крај на светот со надеж дека токму како што верувате, така ќе биде...
До тогаш упорно проповедате дека сите други се еретици и погрешни идеали имаат - само вие сте кокичиња и најдобри на Земјата, ние другите ниту волја имаме ниту знаеме кај тераме бидејќи не сме дел од некаква си црква за која пак глаголате како само нејзе нешто и е објавено од боговите!

Ништо не е објавено од боговите, сето е преземено од евреите и егзотерични учења кои ја прекопувале Мала Азија во тие времиња и ја зафркнаа работата новите христијански секти...
И сега ете не, сеуште кревате врева, се погласни и погласни бидејќи секој вистински христијанин знае дека религијата нема смисла во светот, меѓу луѓето - само дома и во храмовите, како и што треба да е!

Така само може секој да има слободна волја, а не со кревање врева како некој ќе страда откако ќе има некакво си второ доаѓање на некаков си месија... тоа може да веруваат само христијани, другите се ослободени од тие гревови, по нивна волја бидејќи човекот е слободен во однос на вечноста.

Не може да верувате во христијански бог и да имате слободна волја! Тоа мора да го разберете... има начини, само да не ве мрзи и да не се плашите од иднината. :)

П.С. За исламот и да не почнуваме. Христијанството има поголеми шанси да се опорави, исламот е длабоко заглавен во догма така да залудно е да се зборува за нивниот Аллах и шеријатски правен закон кој што нема ни С од слободна волја... нема ниту в од волја де!
Извини, не можеш некако да ги поедноставиш своите постови? Вака секој пост нафрлаш милион ствари па на човек би му требало саати за да реплицира. Не е критика само забелешка :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom