Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
Па кого да гласаме бе? Мао Це Тунг? Донеси ванземаљци од друга планета, нив ќе ги гласаме.
СДСМ, ДУИ, Левица и ВМРО беа на тапет пред 3 месеци.. Тие се опциите. Ебате беља, сте се научиле "Пак да си ги гласате" "Пак да си ги гласате"
Не скокај непотребно...

ДПНЕ пееше друга песна пред изборите, ама сега се премислија. Уба‘ е власта, морам да признаам. Обиди се да се замислиш дека си на местото од овие жители, на кои „Бехтел...„ ќе им ги разори живеалиштата.

А ако ДПНЕ ти е по мерак, ти слободно пак гласај си ги.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.774
Поени од реакции
5.710
Се чини дека ДПНЕ полека „си легнува на брашното„, па наместо да ги брани интересите од населението, ги брани интересите од критикуваните „Бехтел и Енка„:


Кај е сега способниот Коце? Во чиј интерес работи?

Ако, пак да си ги гласате...
Ако не ја заебат со Бугарија би се согласил и на три коридори од јенките.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
Ако не ја заебат со Бугарија би се согласил и на три коридори од јенките.
За заебот со Бугарија не постои никаква сигурност, а од досегашните (лоши) искуства поверојатно е дека Македонија (и Македонците) пак ќе бидат губитници.

Ако јенките продолжат со вакво агресивно однесување на наша земја, тогаш ќе останеме не само без држава, туку и без земја...

Со среќа новите патишта, по кои ќе возат колони од воени возила...само кон исток.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.026
Поени од реакции
83.450

ok, дај шта даш

Една од ретките активности на македонските политичари за исправање на наметнатите неправди.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.774
Поени од реакции
5.710

ok, дај шта даш

Една од ретките активности на македонските политичари за исправање на наметнатите неправди.
И ова е неправда, во своја држава проценти за македонци, што побрзо се сотре рамковниот толку подобро. Не само за Македонија туку и за регионот ако се продолжи со тренд се помалку македонци да се вработуваат од попис во попис ќе пукне бурето со барут.
Тие непопишаните се вработени? не ги гледам во процентите.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.785
Поени од реакции
11.663
Ако, пак да си ги гласате...
Не, требаше да го оставиме Груби да ни е премиер. :tapp:
Два пати го гласавте Заев и сега се чудите зошто државава ни е во ваква состојба.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
Не, требаше да го оставиме Груби да ни е премиер. :tapp:
Два пати го гласавте Заев и сега се чудите зошто државава ни е во ваква состојба.
Обрати се кај гласачите на Заев....не сум меѓу нив.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.774
Поени од реакции
5.710
58 проценти е правда? правда е што државава неможе да направи попис, 10 проценти одбиле да се попишат кој се 99% македонци, за тие што попишувач не ги посетил да не правиме муабет.
Битно Али ги попиша сите плус и ромите.

Албанците се бунат на пописните резултати??? ахахахахахахахава
Како не им е срам, оперирани се.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.691
Поени од реакции
42.280
Боцевски шамара еден од дуи на Само Вистина. Тој Пол Вилијамс што ќе ревидирал, го немало никаде во 2001ва меѓу главните што го праеле договорот.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.422
Поени од реакции
9.068
Боцевски шамара еден од дуи на Само Вистина. Тој Пол Вилијамс што ќе ревидирал, го немало никаде во 2001ва меѓу главните што го праеле договорот.
Нема што да ревидира, ако Алија и неговата дуи сакаат да бидат на власт, нека излезат пред цел електорат( и албанци и останати) и нека понудат програма за која ќе гласаат сите етникуми, нека си добие доволно гласови и ете му влада.
Вака, СДСМ поминува катастрофално на избори, значи владата во која биле и ДУИ катастрофално работела, и сега овој пак сакал да биде власт и покрај катасрофално работење, зошто, албанците го гласале, па ова држава не е само на албанците, има и по некој друг.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.301
Поени од реакции
21.422
Обиди се да се замислиш дека си на местото од овие жители, на кои „Бехтел...„ ќе им ги разори живеалиштата.
250 милиони евра се веќе исплатени на изведувачот. Договорот, колку и да е неплански и криминален, не може да се раскине, бидејќи е така склучен што доколку се раскине, тие 250 милиони ги губиме, плус има можност уште толку да изгубиме во плаќање пенали за раскинувањето.

Жителите со право се лутат, но за ова треба да им се "заблагодарат" на претходната власт за нивната епска неспособност и малициозност. Читај што правеле...

Николоски: Пругата до Бугарија завршува со тунел што нема крај, еден километар чини 24 милиони евра

Според Николоски, тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија е распишан непосредно пред изборниот период и намерно е темпиран да заврши кога новата влада нема да може да го поништи оти потписите на министрите се уште не се депонирани.
Вредноста е зголемена за 220 милиони евра, односно чини 560 милиони евра, наместо планираните 340. Се работи за изградба на 23 километри железница, а ако пресметате ќе добиете дека еден километар чини 24 милиони евра што е најскап километар во светот, тврди тој.
Се работи за железничка пруга која треба да оди од пред Крива Паланка до граница со Бугарија. Поминува среде град, среде Крива Паланка. Треба десетици, можеби и стотици куќи да се рушат, да се иселува население и најбитното: завршува во тунел којшто нема крај. Во услови кога Бугарија нема направени ни проект за железничко поврзување со Македонија, затоа што е точно дека Бугарија има железница, но таа е на неколку километри од границата со Македонија и воопшто е прашање дали тие би го испроектирале на овој начин“ – Александар Николоски, министер за транспорт
Коментирајќи го делот за Бехтел и Енка, Николоски рече дека договорот нема да се раскине, но вети дека ќе биде декласифициран и достапен за јавноста.

Треба да сме одговорни кон народните пари. Исплатени се веќе 250 милиони евра, тоа е јавно познат податок, кон изведувачот. Неодговорно е да се раскине договор на веќе исплатена огромна сума на средства, тоа се изгубени средства. Одговорно е да се седне и да се разговара колку најмногу километри автопат може да се добијат за оваа рамковна сума којашто е поставена таму“ – Александар Николоски, министер за транспорт
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
250 милиони евра се веќе исплатени на изведувачот. Договорот, колку и да е неплански и криминален, не може да се раскине, бидејќи е така склучен што доколку се раскине, тие 250 милиони ги губиме, плус има можност уште толку да изгубиме во плаќање пенали за раскинувањето.

Жителите со право се лутат, но за ова треба да им се "заблагодарат" на претходната власт за нивната епска неспособност и малициозност. Читај што правеле...

Николоски: Пругата до Бугарија завршува со тунел што нема крај, еден километар чини 24 милиони евра
Дека договорот е чист криминал, тоа е „јава тајна„, ама за неа никој до сега не сноси одговорост-ниту ќе сноси. Особено ако е шќип!

Автопатиштата ни се „октроирани„ и не се сеќавам дека некој (народот) ги бараше, ниту дека беа дел од нечија партиска изборна програма, особено не од „ДУИ(НГ) БИЗНИС„ кои ионака немаат појма од ништо, понајмалку од проектирање патишта.

Исплатата од 250 милиони е чиста загуба, ама...дали е поголема загуба веќе исплатената пара од изгубените живеалишта за цело населено место?...Јас велам дека не е.

Александар не е проектант на ништо, така од позиција на пацер може да изнесе секакви ставови, па дури и погрешни па и смешни. Секако дека тунелот не може да биде проектиран „преку граница„, туку само до точно одредената стационажа од пругата кон бугарската граница, но не и преку границата, навлегувајќи на туѓа/државна територија.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.774
Поени од реакции
5.710
На овие од дуи толку им гори па почнале сами закани да си пуштаат, мејлов само шошон може да го пише.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom