Позитивна листа на лекови

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.482
Поени од реакции
37.303
Taravri-vo-apteka-800x533-1.jpg


...15 години непроменета, но актуелна, дали денес нешто ќе се промени, ќе се прошири или било што да се обнови!

...позитивна листа се креира и надградува со давање предлог и мислење за тој предлог од здравствени работници кои имаат контакт со пациенти, а не некои таму партиски вработени лица во здравствените институции општи болници, клиники, па Министерство за здравство и ФЗОСМ и предлог од Министер за здравство во вид на некои си избрани партиски личности во Комисии за позитивна листа,

...не може да се креира позитивна листа на лекови, ако нема барем една генерика од една болест, не може на пример да има пет генерики орални антиревматици на позитивна листа, а да нема ниедна генерика на орален коронарен дилататор, антитусик, ив/им спазмолитик.

...не може да се постави на позитивна листа на лекови некој лек што е дефицитарен или воопшто нема преставништво во МКД, мора да се има соработка со МАЛМЕД да се координира кои лекови планираат да бидат реистрирани и присутни во МКД, па според тоа да се креира позитивна листа на лекови, а не генерика на лекот на позитивна листа, а лекот го нема или има проблем со увоз поради референтна цена!

...не може да се има селективност во терапија која оди во пакет, на пример лек против кучешко беснило, лек против тетанус, да серумот биде на позитивна листа, ама вакцините да не бидат, не може пациент во болнички услови да прима серум кој е на позитивна листа, а потоа ќе трча да бара вакцина, оти не е на позитивна листа и здравствените институци не се баш обврзани да имаат лекови кои не се на позитивна ако немаат буџет.


...постои позитивна листа за лекови кои се издаваат во примарна здравствена установа -аптека, а постои дополнително на таа позитивна листа на лекови кои се применуваат во секундарно и терцијално здравство односно „болнички лекови“, така да не е така едноставно да се создаде нова позитивна листа, ако тој што треба да дава предлози не е во тој процес на примена со искуство и подолг стаж, затоа тешко ќе ја биде позитивната, зашто не се консултираат со токму тие што треба да ја препишуваат како во примарно, така и во секундарно здравство.

... и како најголем проблем е и референтната цена на лекот, да многу ниски цени не може да биде конкурентна да тој лек биде присутен на рецепт иако ќе го има на позитивна листа никогаш нема да го има на рецепт, а и многу скапите лекови што ако ќе бидат на позитивна листа кога тој што набавува нема да му се исплати поради ограничениот буџет,

...така да денес ете секој имаме искуство со доплата на лековите, што мене ми значи што сум плаќач на здравствено осигурување кога морам да доплатам за еден лек 99 денари, а да го купам слободно ќе ме чини 125 денари? тоа значи дека лекот е на позитивна листа ама генерика од одредена фабрика најефтина, а доколку иста генерика бараме од друга фабрика треба да доплатиме скоро 50% износ од лекот што оди како ќар на тој што издава!
... затоа, во јавните здравствени установи каде се издаваат лекови на рецепт- аптеки, само 25% од вредноста кој е доделен од ФЗОСМ за лекови на позитивна листа тие ќе набават со само плаќање партиципација, а све друго со доплата, еве на пример за Таблети Панцеф од Алкалоид мора да се доплати 300 денари, така да тука дискутабилно колку е покриен пациентот реално само со партиципација без да доплатува.

...колку работилници се одржаа околу предлог создавање на позитивна листа? колку состаноци се одржаа со Министерот за здравство со присуство и предлози од сите здравствени институции во МКД?
Ниедна?
а ваму кога ќе се постави нов директор на ФЗОСМ „ќе има позитивна листа“? нема да има тогаш позитивна листа, туку ќе има колку средства(пари) ќе се додели за таа позитивна листа и во примарно и во секундарно здравство!


д-р А.Таравари Министерот за здравство вели „ ќе има нова листа на лекови штом се назначи нов директор на ФЗОСМ“

и? што понатаму?


...имаме нов директор, што прави господин Министер за здравство со ветувањето за две недели ќе бидне позитивната листа, е тоа значи непознавање и дисконтинуитет на институциите на Министерство за здравство!


...за да е ефективна позитивната листа,
односно пациентот да има бенефит од неа треба да има здравствениот круг во примарното здравство, функцонирање на матичен општ лекар, матичен гинеколог, матичен педијатар и матичен стоматолог не може без „матична аптека“ која ќе има одредени матични пациенти на кои ќе им се обезбеди лекови на позитивна листа, тоа е тоа, затворениот круг матичен општ лекар, матичен стоматолог, матичен гинеколог, матичен педијатар и матична аптека, а понатака за во секундарно здравство и терцијално се иде преку овие матични преку МОЈ ТЕРМИН до специјалистичка консултација која ќе ја одреди, повтори или смени терапијата и потоа назад кај матичнните ординации кои ќе ги препишат рецептите директно електронски до матичната аптека, лековите кои се на позитивна листа веќе ќе бидат спремни набавени за матичниот пацент кој ќе треба само да иде да си ги подигне од својата матична аптека, така организирано секогаш ќе го има пациентот лекот веднаш во своја матична аптека!

еве, нека биде тема на коментирање „Лековите на позитивна листа“!

Список на лекови без доплата кои паѓаат на товар на фондот во A3 формат (последна промена 14.05.2024)

Позитивна листа на лекови
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.785
Поени од реакции
8.309
Позитивната листа не покрива медикаменти за лечење на дијабетес тип 2 и срцева слабост. Препорачани од европското здружение на кардиолози и дијабетолози.

Тури му пепел на овие две катедри и стручњаци од Македонија сосе "позитивнава" листа!
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Позитивната листа не покрива медикаменти за лечење на дијабетес тип 2 и срцева слабост. Препорачани од европското здружение на кардиолози и дијабетолози.

Тури му пепел на овие две катедри и стручњаци од Македонија сосе "позитивнава" листа!
Освен што не е на позитивна листа Jardiance е најскап во цел регион, 2700 денари. Споредбено во Србија е 1200 денари.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.785
Поени од реакции
8.309
Освен што не е на позитивна листа Jardiance е најскап во цел регион, 2700 денари. Споредбено во Србија е 1200 денари.
Точно! Во дури и во Унгарија е поефтин.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.800
Поени од реакции
7.433
Shto da sa dodade povejche.
Slikava kazhuva se.
100 Parcina od 25mg = 10€.

1000005299.jpg
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.244
Поени од реакции
7.605
Позитивната листа не покрива медикаменти за лечење на дијабетес тип 2 и срцева слабост. Препорачани од европското здружение на кардиолози и дијабетолози.

Тури му пепел на овие две катедри и стручњаци од Македонија сосе "позитивнава" листа!
Во контекст на горното, @bijons ова повеќе за тебе:
Зашто вакцините се бесплатни, а "лекови" против дијабет и други чести проблеми не се?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
859
Поени од реакции
435
Kako shto gledash. So Rezept plajchash 10€ za cela kupija so 100 parchina .
Na privatno 193€.
Znachi razlikata ja prezema fondot za zdravstvo vo Deutschland.
А зошто тука ги нема преку фонд?
Поради кои причини поточно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.482
Поени од реакции
37.303
Во контекст на горното, @bijons ова повеќе за тебе:
Зашто вакцините се бесплатни, а "лекови" против дијабет и други чести проблеми не се?
...само серумите се на позитивна листа и тоа за тетанус (Тетагам) и беснило (Берираб),

...извесен период серум против змијски ујед беше на позитивна листа, но го сметаат како антидот против змиски ујед и веќе не е на позитивна листа и сите здравствени институции мора сами со сопствени средства да си го набават, износ од 17 000 ден за еден серум, здравствените институции кои се во загуба, а се сите скоро поради погрешно менаџирање, може да замислиш колку имат можност да снабдат, 3, 5 максимум 10, 20 парчиња, па после нема, е па нема, тоа е една причина зошто го нема серумот, но има и други причини!

...вакцините во болничко лекување како против тетанус (Тетатокс) и беснило (Верораб) не се на позитивна листа т.е. не се бесплатни, Минстерство за здравство им налага на сите здравствени јавни институции со секундарна здравствена услуга да си ги набават со сопствени средства, тие не се рефундираат во ФЗОСМ.

...исто важи и за вакцина против Хепатитис Б со две јачини една за возрасни и една педијатриска на неонатологија при 24ч од раѓање на новородени, е сега има малку хаос во нашето здравство за ова вакцина, некаде ги снабдува Здравствените домови и ги “покрива“ како “инсулините“ со национална програма преку Министерство за здравство, а новороденото се вакцинира во Здраствениот дом, а некаде се вакцинираат новородените веднаш на неонатологија на гинекологија, а списоците на ноовородените и примените вакцини ги предаваат на Здравствен Дом и тие понатаму ги оправдуваат како „инсулините“, но истите не се на позитивна листа, како што и некои инсулини не се на позитивна листа, а ги покрива Министерство за здравство преку национална програма за дијабет лечење на локалното население, така да ниедна вакцина не е на позитивна листа т.е. бесплатна!


Screenshot 07-25-2024 17.44.02.png


...и сите други вакцини во календарот за имунизација на педијатриска популација не се на позитивна листа т.е. не се бесплатни, ама според Национална програма за заштита на населението и рана имунизација вакцините ги покрива Министерство за здравство исто како што ги покрива „инсулините“ со сопствени тендери, а потоа ги снабдуваат Здравствените домови.

...вакцина против Сезонски грип исто не е на позитивна листа т.е. „бесплатна“ и во Институт за Јавно здравје еден ограничен дел за пациенти по Х избор, тие ги покрива Министерство за здравство со свои средства, а другиот дел по желба секој кој сака да прими си го плаќа целосно износот на вакцината против сезонски грип во Институтот за Јавно здравје, а вакцината се снабдува преку сопствени тендери на Министерство за здравје!

...за антиковид вакцини нема да коментирам, но и таа не беше на позитивна листа!

- барем до сега ниедна вакцина не е на позитивна листа!
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.244
Поени од реакции
7.605
сите други вакцини во календарот за имунизација на педијатриска популација не се на позитивна листа т.е. не се бесплатни, ама според Национална програма за заштита на населението и рана имунизација вакцините ги покрива Министерство за здравство исто како што ги покрива „инсулините“ со сопствени тендери.
Не сфатив баш, па дополна ако може:

Велиш не се бесплатни, ама ги покрива М. Здравство.
Прашањето ми е, дали луѓето кога идат да се вакцинираат, (и бебиња и деца), директно на шалтер плаќаат од свој џеб или само примаат вакцина и си одат, без денар да дадат? После тоа како си регулираат здравствените институции небитно.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.785
Поени од реакции
8.309
А зошто тука ги нема преку фонд?
Поради кои причини поточно.
Фондот за здравство континуирано се ограбува од секоја владеачка гарнитура. Се "инвестира" во компјутери, електронски картички, читачи, мои термини, твои термини, матни зделки со тендери за лекови за кои никој не ни слушнал, па после изчезнуваат пошто нема пациенти са нив. Пренатрупана администрација која крца врата, зема плата. Списокот е долг.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.482
Поени од реакции
37.303
Не сфатив баш, па дополна ако може:
Велиш не се бесплатни, ама ги покрива М. Здравство.
Прашањето ми е, дали луѓето кога идат да се вакцинираат, (и бебиња и деца), директно на шалтер плаќаат од свој џеб или само примаат вакцина и си одат, без денар да дадат? После тоа како си регулираат здравствените институции небитно.
...пиши која ти е поентата па ќе потврдам или не, како може да не разбираш таков широк едноставен текст!

...Министерство за здравство си прави сопствен тендер за лекови за тие Национални програми (дијабет- одредени инсулини, предијализни - еритропоетин, претшколска вакцинација- вакцини за континуирана имунизација и имунизација по епидемиолошки индикации на населението , лекови за ретки болести), каде сите ги добиваат тие „лекови“ кои не се на позитивна листа и тоа бесплатно и без да партиципираат во своите Здравствени домови и Центрите за Јавно здравје!
 
Последно уредено:

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Фондот за здравство континуирано се ограбува од секоја владеачка гарнитура. Се "инвестира" во компјутери, електронски картички, читачи, мои термини, твои термини, матни зделки со тендери за лекови за кои никој не ни слушнал, па после изчезнуваат пошто нема пациенти са нив. Пренатрупана администрација која крца врата, зема плата. Списокот е долг.
Како и во секоја бранша мора од набавки да лаапат. Пред еден месец ставив магнета макс или како и да е името, се јавувам да прашам дали може само со апликација како секаде на Балкан наместо да ми носат андроид бокс бидејќи секако тв-то е андроид и апликацијата ја има во плеј стор. Цитирам одговор од контакт центар: ако сите прават така набавки нема да има од што да живеат:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom