Фан клуб - РК Вардар

Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.190
Поени од реакции
2.327
Sosema druga postava ke imame za plej ofot... zatoa e pusten i japonecot. Nema potreba vo prviot del od sezonata posto ke bideme do 2 razlicni grupi so eurokrem kako privilegirani i se pravi postava samo dovolno jaka da se zavrsi prv vo nasata grupa. Za vtoriot del ke bide sosema razlicno i veke imaat nekolku dogovoreni zasiluvanja. Sega se zatvaraat samo nekolku osnovni dupki i ako se padneme vo polesna grupa vo evropa mozno e da se donese uste nekoja za da se pomine grupata inace i tamu ke se igra labavo.

Ambiciite se tie dvojna kruna, prilicno jasno e.
Pooo beganje tiiii :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :oleee::oleee:
Ovaj komentar ke bidi uramen No.1 :lolzz::uzi:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.636
Петриќ остана? Не го гледам на сликите.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.636
Бутинот изјавил дека заради приватни причини ќе се приклучел на подготовките некој ден подоцна.
Топ. Немаме воопшто слаб тим. Ако дополниме со солиден голман ќе биде добро.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.237
Поени од реакции
6.393

Солиден избор со оглед на околностите доколку е вистина.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.636

Солиден избор со оглед на околностите доколку е вистина.
Дефинитивно. Ова сигурно идело преку Боре:)
 
Член од
17 април 2024
Мислења
597
Поени од реакции
1.419

Солиден избор со оглед на околностите доколку е вистина.
Добар голман и доста сличен на Томовски, ако влезе во шема е ѕвер. Но ако има лош ден тешко нас, таков тип на голман е...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.752
Поени од реакции
6.495

Излеа готово е , добиваме 30 годишен португалски голман кој доаѓа од шпанска Куенка ..

Претпоставувам дека преку Броко идело ова и дал согласнот за голманов :)
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.834
Поени од реакции
7.258

Излеа готово е , добиваме 30 годишен португалски голман кој доаѓа од шпанска Куенка ..

По што Борко бранеше во Шпанија , претпоставувам дека лично он оставрил контакти и дал согласнот за голманов :)
Борко и голманов две сезони заедно бранеа во Бенфика, од таму е контактот.

Во секој случај добар и искусен голман договоривме, мислам дека одлично ќе се прилагоди на екипата, таков тип на голман е што сака атмосфера и многу веројатно ќе му одговара публика како нашата, задоволен сум од изборот.
 
Последно уредено:
Член од
12 ноември 2020
Мислења
67
Поени од реакции
218

"Чекаме само уште голман, преговараме со неколку имиња и во следните денови се очекува да пристигне и чувар на мрежата. Засега овој ростер е доволно добро засилен. Ќе видиме како ќе се одвиваат подготовките, а се надеваме во текот на сезоната нема да имаме потреба за засилувања."

Golman use nemaat i kojznae kakov ke najdat, bidejki ocigledno nemaat potencijal i pari da privlecat i platat dobro ime.
Zasiluvanjata bile dobri i ne trebale novi. Hahahahaha legendarno.

Mislam deka najdobar pokazatel za toa kakva ke e slednava sezona pokazuva samoto toa sto ostanuva Butin. Stom ne go menjaat znaci pak ke bideme prosecna ekipa.

Uste od sega e jasno: Eurofarm Pelister - RK Alkaloid e utakmica za titula ovaa godina. Galevski razbranet, Mitev e tuka use godina dena, Kizikj e vo Alkaloid od sezonava i Kosteski go vrakaat. Nie sme 3 ekipa po kvalitet, a moze i 4 vo ligava. Ostanuva samo da si se lazeme.
Posle transferov na golmanov samo se potvrdi ova so go pisav vcera nazalost.
 
Член од
23 март 2017
Мислења
393
Поени од реакции
707
Posle transferov na golmanov samo se potvrdi ova so go pisav vcera nazalost.
Што се потврди ? Секоја година сме 4-ти и секогаш ја губиме титулата до декември според некој тука експерти.Ако си гледал ракомет прошлата сезона сигурно ќе знаеш дека сме далеку појаки оваа сезона за разлика од ланската. Имаме подобра ротација и квалитет а баш тоа лани ни фалеше,таа ротација.Ракометот е тимска игра, убаво е да се има еден јак индивидуалец како што беше Јапонецот ама и тоа може да се надополни со тимска игра и пожртвуваност. Еурофарм никад нема да бидат тим, последниве две сезони губевме титули поради наши грешки со други тимови а не поради Еурофарм они не се подобри од нас а нема и да бидат. Во добар правец се движиме прашање на време е кога повторно ќе бидеме на врвот.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
597
Поени од реакции
1.419
Што се потврди ? Секоја година сме 4-ти и секогаш ја губиме титулата до декември според некој тука експерти.Ако си гледал ракомет прошлата сезона сигурно ќе знаеш дека сме далеку појаки оваа сезона за разлика од ланската. Имаме подобра ротација и квалитет а баш тоа лани ни фалеше,таа ротација.Ракометот е тимска игра, убаво е да се има еден јак индивидуалец како што беше Јапонецот ама и тоа може да се надополни со тимска игра и пожртвуваност. Еурофарм никад нема да бидат тим, последниве две сезони губевме титули поради наши грешки со други тимови а не поради Еурофарм они не се подобри од нас а нема и да бидат. Во добар правец се движиме прашање на време е кога повторно ќе бидеме на врвот.
Единствено на среден навистина ни недостасува квалитет и според мене требаше тука да се појачаме, но што е тука е...
 
Член од
23 март 2017
Мислења
393
Поени од реакции
707
Единствено на среден навистина ни недостасува квалитет и според мене требаше тука да се појачаме, но што е тука е...
Ај времето ќе покаже да видеме прво со што засилувања располагаме. Можеби левиот и десниот бек ќе го покријат тој неквалитет на среден ај да видиме на некој официјален меч како ќе изгледаме…
 
Член од
17 април 2024
Мислења
597
Поени од реакции
1.419
РК ВАРДАР СОСТАВ 2024/2025:
голмани: Мигел Еспиња Фереира, Васил Гогов, Марко Богдановски
леви крила: Хансер Родригез, Марко Срдановиќ, Марио Стојановски
десни крила: Гоце Георгиевски, Мигел Пинто, Ален Ќосевски (?)
пивоти: Милан Лазаревски, Михаил Аларов, Ларс Коиј
леви бекови: Матија Николиќ, Стефан Петриќ, Нилтон Мело, Томче Стојановски, Дмитро Горига
средни бекови: Младен Крсманчиќ, Немања Гојковиќ (најверојатно си заминува), Марио Танкоски
десни бекови: Томислав Јагуриновски, Ашраф Маргели, Тавфик Бакар (најверојатно си заминува)

Според мене на голманската позиција, мислам дека Еспиња ќе го замени Томовски доволно, иако мислам дека не е константен, сепак е добро решение. Од Гогов не знам што да очекувам. Имаше животна партија против Веспрем, но после тој натпревар не заприметив дека има некаков напредок кај него, иако мислам дека има потенцијал. За Богдановски немам конкретно мислење, мислам дека е донесен колку толку да пополни ростер, како трет голман.

Левите крила се топ. Хансер може да покрие и како бек, навистина е добар поливалентен играч, иако треба работа на некои сегменти и со него. Срдановиќ е добро крило и супер пеналџија (промаши против Алкалоид во купот, но добро се случува). Марио Стојановски е иднината на клубот, па и на репрезентацијата на Македонија, прикажува добри партии и за младинската репрезентација.

Десните крила се искусниот Џомба и Пинто. За Георгиевски, мислам дека е ова последна сезона и ќе даде се од себе да се прикаже на високо ниво како и до сега. Пинто искрено не го знам, но мислам дека ќе биде добра замена за Џукиќ. За Ќосевски немам информација дали е во клубот...

Левите бекови ни се познати. Николиќ како играч многу ми се допаѓа и му одговара овој ,,модерен ракомет", Петриќ имаше тешка повреда и се надевам дека ќе си ја врати формата, тој е еден од нашите бомбардери. За Мело мислам дека е одличен одбранбен играч, како и Стојановски кој што е новајлија. Горига мислам дека исто супер ќе се покаже и ќе биде голема конкуренција на Петриќ во нападот.

За средната бековска позиција сум најмногу разочаран... Крсманчиќ е голема непознаница и според мене голема утка, но ќе видиме. Гојковиќ шуќур, ако си замиине. Да сумирам од Танкосен (можеби на некој ќе му биде иронично) очекувам највеќе, доколку не се донесе поквалитетен среден од него.

Десните бекови вклучувајќи ги Томи и Маргели (се надевам Бакар е out), ми се океј решение. Јагуриновски исто како и за Николиќ, сметам дека е играч за новиот ,,модерен ракомет" (иако да не се лажеме е далеку понеквалитетен од Матија). Кај Јагуриновски, ми се допаѓа неговата борбеност, мотивација и жртва за клубот, но мора да подобри некои сегменти (до каде што ќе успее). Маргели, за разлика од мнозинството тука на форумов, мислам дека ќе биде добро засилување. Ми има некоја фајтерска фаца и ми делува дека доста ќе и лежи на екипава. Од видеата кои што ги видов, ми делува на доста добар шутер, кој што знае да бие и со скок шут и шут од место.

Од пикерите сум најмногу задоволен. Мечка е ѕвер, во буквална смисла. Реинкарнација на Столе со поголема висина и има голем импакт на играта. Дај Боже да го задржиме во екипава уште многу сезони и да биде идниот наш капитен. Аларов е солиден одбранбен играч, кој што може да придонесе и во нападот со 7 на 6 игра со двајца пивоти во нападот. Ларс Коиј е исто така одлично засилување, со меѓународно искуство и доста успешни настапи за својата репрезентација.

Мислам дека оваа екипа може многу. Сакав да се промени тренерот, по мене требаше странец или пак макар Столе, но тоа е тоа. Очекувам борба за двојна круна и достоен настап во Европа лигата...
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.101
Поени од реакции
3.847
Солиден тим се скрои вака од овој аспект. Непознаница ми се голманиве. Не знам што да очекувам тука (има по некој позер, по некој што стагнира, ако не ја да дојдам да засилам на голманска позиција :P... се шалам). Може очекувањата не се такви дека Косуке си отиде, ама и ова што го имаме добро е. Ако сакавме некој брз централен бек, можеше да се земе Калајџиевски (по сто пати во верглам ова) и барем со екипи како Пролет, Бутел, па и Тиквеш, би бил и те како корисен. Ај може атмосферава ќе му се погоди на Марио па ќе биде солиден и добро би се вклопил. Другово е сосема солидно и коректно. На тренерска позиција сме можеби најслаби, ама тоа е да не претеруваме сега кога околностите се тие.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom