Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    732

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.108
Тоа е пологично објаснување, но проблемот е тука Финска чија граница од 1300км со Русија постана НАТО граница. Ако ја нападнаа Украина ради НАТО ширење, треба да ја нападнат и Финска најмалку, плус оние балтички држави па и Полска, и тие имаат копнена граница со Русија а се во НАТО пактот.
Работите што може Украина со НАТО да ги направи, не може Финска да ги направи. И предходно Западот има користено Украински воени сили за да исценира Руска вмешаност, конкретен пример со хемискиот напад во Сирија.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Со која цел врши инвазија една супер-сила?
Да ги заштити своите интереси.

Со која цел Америка изврши инвазија на миљарда земји изминативе 50 години?
Точно, но примањето на Финска во НАТО станува проблем за Русија. Никако не е во интерес на Кремљ да има нова 1300км граница со НАТО земја.

САД нели при злочиначката инвазија врз Ирак 2003 ја нарекоа таа инвазија Ирачка Слобода :angel:
За жал САД како единствена вистинска глобална суперсила го прави тоа што го прави пред се со цел да масивниот военоиндустриски комплекс и милион подизведувачи од цивилен сектор имаат гарантирани трилион и кусур долари секоја можна година.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446

Суперсила не е суперсила затоа што се вика Америка. Суперсила е суперсила затоа што има 5000 нуклеарни боеви глави.

Суперсила напаѓа кого мисли дека треба да го напаѓа. Како Америка што ја нападна Србија или милион други, или како Русија што ја нападна Украина, Афганистан и тн.
Од Марс да не си паднал?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
Нормално руски граѓанин кога веќе западни криминалци ги напаѓаат "неговите" криминалци подобро би му било ако неговите победат па ќе оди да гине.

Ама, западот не би можел да го прави сето ова доколку граѓаните што живеат во тие држави не се ретадирани (како и сите останати) и бараат отчет каде им завршуваат парите. Зошто Пентагон "не знае" каде завршиле неколку трилиони и никој не бара објаснување, зошто се фрлаат стотици милијарди на војни кога има бездомници, милиони имигранти, да купиш сопствен дом е невозможно без задолжување на 20-30 години, куповната моќ на доларот/еврото падната неколкукратно во споредба со пред неколку декади, итн.

Битно да има повеќе омраза и поделби. Автопатот Скопје-Охрид се прави 10 години и не е ни близу до завршување? Што има везе види бугариве што изјавиле!!! уааа смрт за бугари.

И кога ќе згусне, народот наместо да го впери прстот кон тие што ги довеле до ова дереџе ќе одат да се испоубијата меѓу себе додека тие на врвот ќе си подадат рака и ќе исцртаат нови линии на светот.
Прелесно се започнува војна со фолс флегови и лаги во медиумите кои народот ги лапа ко баклави, потоа Цацко му е крив.

Напротив, мирот и човечкиот живот премалку се ценат затоа и има толку неправди и страдања низ светот.

Русинот добил 20+ милиони жртви и разурнати градови и села бидејќи биле нападните од ретардирани Германци кои во спротива добија 12 милиони жртви и разурнати градови и села. Ета тоа добија.
Кога кажуваш дека се ретардирани само што ги опиша луѓето („граѓаните“) во сите држави на планетата Земја. Не сите луѓе се глупи да не разбираат што им се прави, само повеќето размислуваат „имам фамилија, не можам да си дозволам да бидам бунтовник и да ме снема“. Така Украина дозволи да им го направат Мајдан, а после Мајдан и да им го направат хоророт што сега им се случува. Така Америте дозволуваат да бидат вовлечени во бескрајни војни за интересите на олигархијата. Така ние Македонците дозволуваме западните да ни држав шќиптарски сатрапи на грб. Така народот ширум ЕУ дозволува сега да им уведуваат задолжително служење воена обврска и ако работите продолжат во таа насока - ќе дозволат да бидат вовлечени и во војна. Ете Урсула го напаѓа Орбан заради обидот на дискусија за мировни преговори, виде некаде во ЕУ демонстрации против тоа и сите други увертири во трета светска војна?

Итн, итн. Луѓето сите се слични ширум светот.

Русинот добил 20+ милиони жртви и разурнати градови и села бидејќи биле нападните од ретардирани Германци кои во спротива добија 12 милиони жртви и разурнати градови и села. Ета тоа добија.
Русите да не ги даделе тие 20+ милиони жртви, ќе капитулирале и тогаш бројот на жртвите ќе бил неспоредливо поголе. Либенсраум доктрината на 'итлер не оставала место за Руси во Русија, а не е дека не гледале како Германците го решавале проблемот со одвишно население во освоените земји... Сталин си сите негови огромни и бројни мани, на крајот сепак е херој на Русија (и на светот ако гледаме реално)

Исто како што сегашнава власт во Русија, што и да прави чисто за себе истовремено многу прави и за обичните луѓе и тоа се гледа по сите аспекти на нивната држава и општество. На крај ако можам да бирам, јас со двете раце би потпишал и одбрал да ме водат „криминалци“ како тие во РФ.
Сега ситуацијата за нив е таква да за нив оваа криза е егзитенцијална криза, и поголемиот дел од нив тоа го разбираат макар на некое елементарно ниво. Кога проблем станува егзистенцијален проблем, тогаш мотивацијата е понаква.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Суперсила не е суперсила затоа што се вика Америка. Суперсила е суперсила затоа што има 5000 нуклеарни боеви глави.

Суперсила напаѓа кого мисли дека треба да го напаѓа. Како Америка што ја нападна Србија или милион други, или како Русија што ја нападна Украина, Афганистан и тн.
Од Марс да не си паднал?
Од Сатурн.
И Русија има илјадници боеви глави па не е глобална суперсила. Не постои друга земја освен САД која може да врши напади било каде на планетава, од амфибиски до десантни единици и соодветна логистика. Кина се обидува да го достигне тоа ради Тајван но прерано е да се каже што и како.
САД не е велесила ради атомски него ради 1,3 трилиони долари кои секоја година се трошат на војска и остало. Воената моќ во денешно време е правопропорционална со парите кои за таа цел се трошат. Е сеа некој во Бентли некој во ковчег, така оди тоа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
...зборено е милион пати. И од време на време ќе се појави некој генијалец со истите апсолвирани ствари.
Редовно се дешава ова. Увек се појавува некој надмен и обично исклучително неук падобранец. Досега ја игнорирал целата војна освен чат пат нешто што случајно фатил на вести (кои кај нас се превод од америчките „вести“)... И како паднат од Марс тврди дека немало амерички лаборатории во Украина. Иако со малку пребарување за десетина секунди ќе најдеше дека САД такви лаборатории имаат во куп држави ширум светот, па и во Кина. Но колку пошалабајзерска држава толку помалку регулации ги обврзуваат САД во истражувањата кои се нелегални на нивна територија и очигледно се неетички.

Ама тие десетина секунди се премногу за таквите, па потоа трошат и свое време и време на другите со падобрански ставови „јас не сум оттука“.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Од Сатурн.
И Русија има илјадници боеви глави па не е глобална суперсила. Не постои друга земја освен САД која може да врши напади било каде на планетава, од амфибиски до десантни единици и соодветна логистика. Кина се обидува да го достигне тоа ради Тајван но прерано е да се каже што и како.
САД не е велесила ради атомски него ради 1,3 трилиони долари кои секоја година се трошат на војска и остало. Воената моќ во денешно време е правопропорционална со парите кои за таа цел се трошат. Е сеа некој во Бентли некој во ковчег, така оди тоа.
Може, неможе. Сеедно ти што мислиш.

Вистината е дека САД извршува инвазии и Русија ќе извршува. Кај што мисли дека треба. Не знам што не ти е јасно.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Може, неможе. Сеедно ти што мислиш.

Вистината е дека САД извршува инвазии и Русија ќе извршува. Кај што мисли дека треба. Не знам што не ти е јасно.
Неможе. Една Украина со која делат огромна граница трета година не можат да ја победат. Тек да треба да прават нешто во Венецуела или било каде. Сосема случајно сите инвазии на Русија се во земји со кои копнено граничи, таа е чергата, атомски или конвенционални тоа е. Сирија е едини исклучок од WW2 наваму, е сеа во кој обем тешко е да се каже. Кога руската економија ќе изнедри трилион долари за војна, тогаш ќе биде глобална сила. До тогаш ништо.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Неможе. Една Украина со која делат огромна граница трета година не можат да ја победат. Тек да треба да прават нешто во Венецуела или било каде. Сосема случајно сите инвазии на Русија се во земји со кои копнено граничи, таа е чергата, атомски или конвенционални тоа е. Сирија е едини исклучок од WW2 наваму, е сеа во кој обем тешко е да се каже. Кога руската економија ќе изнедри трилион долари за војна, тогаш ќе биде глобална сила. До тогаш ништо.
Добро, ако мислиш дека не може. Или ако мислиш дека не е доволно брзо. Или ако мислиш дека има многу жртви.
Нормално е да навиваш за своите и да се охрабруваш. Но, твоите мислења немаат никакво влијание врз ситуацијата на фронт.

Ја викам дека Русија смее тоа да го прави. Ако САД смее, смее и Русија. А наскоро можеби ќе видиме дека и Кина смее.

Кога руската економија ќе изнедри трилион долари за војна, тогаш ќе биде глобална сила. До тогаш ништо.
И ти, и хјуман и повеќето други сте како малите деца со овие муабети за вложување.

Војна не се добива со парите вложени, туку со оружјата и другите средства кои ќе се произведат/набават со парите вложени.

Колку кошта еден проектил 155 на Запад, а колку у Русија и Кина?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Добро, ако мислиш дека не може. Или ако мислиш дека не е доволно брзо. Или ако мислиш дека има многу жртви.
Нормално е да навиваш за своите и да се охрабруваш. Но, твоите мислења немаат никакво влијание врз ситуацијата на фронт.

Ја викам дека Русија смее тоа да го прави. Ако САД смее, смее и Русија. А наскоро можеби ќе видиме дека и Кина смее.

И ти, и хјуман и повеќето други сте како малите деца со овие муабети за вложување.

Војна не се добива со парите вложени, туку со оружјата и другите средства кои ќе се произведат/набават со парите вложени.

Колку кошта еден проектил 155 на Запад, а колку у Русија и Кина?
Ме потсети @Human што мислиш за ова?
Не сме како мали деца а муабетот за вложувањата е сосема реалистичен, не може да е случајност тоа што Русија интервенира само при копнена граница, пред тоа СССР со Афган, Чехословачка, Маџарска итн.
Не знам колку е 155мм граната ниту кај едни ниту кај други, но претпоставувам дека е поскапа во САД. Руси користат 152мм мислам, барем во самоодни орудија.
Имајќи предвид масивното трошење на СССР во однос на нивниот БДП чудно е што немаа сериозни амфибиски сили.
Но останува да видиме и за Кина со Тајван и за непосредна иднина, како ќе биде. Кинезите вложуваат као луди последниве години. Види ја само ситуацијата на пример со Су-57 постојат тек неколку фрејмови спремни за полетување, неколку прототипови и тоа е тоа. Неговиот конкурент на светскиот пазар Ф-35 веќе лета во куп земји а произведени се околу 1000. Тоа е така поради вложување.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Русија е сосема друг формат на супер-сила за разлика од Америка. Тоа е поради географијата.

Парите се небитни. Битно е колку можеш средства за војување, да обезбедиш со тие пари, колку можеш со тие пари да спроведуваш воени активности и тн.

Има милион постови на темава за тоа колку проектили призведува Русија, Кина, Северна Кореја и др., а колку Западот. Дискрапантна разлика.

Ситуацијата на фронт, условите на фронт, ги заболе стојко за тоа што 30 разни лобија треба да земат кеш од нарачка на една граната у Америка.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ме потсети @Human што мислиш за ова?
Дефиницијата за супер-сила е прилично јасна.
Вели супер-сила е секоја земја која може да наметне влијание и да проектира сила глобално.
А не бројот на нуклеарки.

Изгледа како широка дефиниција, ако земеш индивидуално која земја што се има правено, но во суштина, повеќето ќе се согласат дека засега и последниве 2-3 децении постои само една супер-сила.

@Björn , @Vanlok прашањето беше како Русија планира реалистички да ги оствари своите цели во војнава?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Проблемот е во разликите во перцепција. Некои тука сте присутни на темава секој божји ден и кога некој пишува на темава после икс време си мислите дека е паднат од марс или неук или незнам што. Јас година и кусур не бев уклучен па така не можев да постирам на темава. Не треба да се потценува некој ако не става секој ден линкови од твитер или телеграм. Да се вратиме он-топик, во почетокот значи феб.2022 до април-2022 се знаеше која е цел на нападот. Но после 2,5 години и заглавување во ww1 рововски операции тешко е да се знае, ако и воопшто би можело да се знае.
На неколку пати прашав што и како се тие био-лаборатории, одговор нема. На гугл најдов само некои фолијаши кои тврдат дека америте правеле супер-војници таргетирајќи јадна украинска нејач нешто како модерна варијанта на јаничари.
На вики го има ова :

Ukraine bioweapons conspiracy theory - Wikipedia

Значи како што реков, причата е пуштена месец дена после инвазијата.
Во основа се зборува за развивање на биолошко оружје како субсет на WMD. Тоа е интересно ако се има предвид дали Русија има залихи од совјетско време или чак и нови видови биолошко и хемиско оружје. До ден денес Украина нема употребено ништо такво на фронтот. Што упатува на заклучок дека причата е само пропаганда.

Ви текнува тоа гратчето Бахмут? Па русите им требаше повеќе од година да го освојат. Во меѓувреме имаше и неколку рунди на мобилизација, се зборуваше за прва рунда од 300К резервисти, но тоа треба да се земе со резерва затоа што бројките не се од официјални извори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom