Ликот е убеден дека сите досегашни религиозни учења се тешка „кочница„ за човекот, која човекот го држи во ропство, ама еве, изненадно се појави Телема и нејзините авторитети, кои по којзнае кој пат низ историјата, ни го нудат она кое практично го нема, ама би сакале да го има...Другар ти се иснапиша реферати пошо уште си убеден дека нема слобода во Христијанството. Шо те натерало така да размислуваш ти си знаеш во твојата глава само.
Во нашево време, не постои поексплоатиран и манипулативен израз од поимот „слобода“. И штом ќе помислиш дека си слободен во неговото модерно поимање, одеднаш се јавува некој фактор и ти вели: „Ааааа...ама не може тоа туку-така„.
Автоматски споено мислење:
Да, тековните „идеологии„, кои ни ги наметнува либеларизмот, се насочени кон уништување на човечкиот род.Воукизмот сепак е нешто ново, никогаш досега не било посегнато кон биолошкиот идентитет на човекот, ова го немало на сцена до сега. Сега се на ред децата кои ќе ги прогласат за сексуални битија кои можат да даваат консент од 9 години, веќе прават напори во тој правец.
Не знам колку имаш читано, слушано и гледано на тема Воук, но те уверувам дека се работи за сериозна закана за цивилизираниот свет.
Па не може бе едни муслимани да бидат поимуни на воук од христијаните и да не дозволуваат во нивните земји да вирее воукизмот.
Зашто?
Ајде да се потсетиме на Исусовите зборови:
„..Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?„.
Лука, 18,8.
Јасно е ка‘ ден зашто верата Христова е одамна потисната од јавниот живот па дури од приватниот и јасно е со која цел се смислени сите денешни напади кон човекот: за да нема кој да Го дочека Христа кога ќе дојде како праведен Судија, а и оние кои ќе Го дочекаат, да бидат потполно обезверени па дури и обезличени во својот биолошки род.
Тешко е веројатно дека некој лик, кој не знае дали е „машко„ или “женско“, дали е “човек“ или е “трава„, дали е „живо битие„ или “киборг„, ќе може да Го дочека и препознае Спасителот на Светов.
И не се само рисјаните предмет на напад, иако се најизложени на напади кои доаѓаат токму од држави и народи кои се традиционално рисјански, туку се нападнати и сите други народи и нивните религии, кои сега-за сега даваат некаков отпор, кој со тек од време само (ќе) слабее.
Последно уредено: