Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Со кои пари би го направиле тоа?
Секој еден земјоделец преживува од месец за месец, никој нема капитал за да влага у такви ризици така да прво без помош а потоа и регулација од државата таквите екскурзии не гарантираат успех.
Како што гледаме уште помалце успех гарантира тоа што се дешава во моментов.

но точно е, сам човек не може тоа да го направи, меѓутоа ако се земјоделците сложни, а не си вадат очи меѓусебе тоа можат да го направат. Во прво време и скромни капацитети можат да им ја завршат работата.
 
Па еве може да увеземе од Украина по 2-3 денари, но тепсијата може само да поскапе. Да поефтини јок. Тоа е проблемот. Али вие ништо не разбирате, ми го губите времето.
Рон во бурекџилница:

Како што гледаме уште помалце успех гарантира тоа што се дешава во моментов.

но точно е, сам човек не може тоа да го направи, меѓутоа ако се земјоделците сложни, а не си вадат очи меѓусебе тоа можат да го направат. Во прво време и скромни капацитети можат да им ја завршат работата.
Сложни луѓе во Македонија :eek:

Не бива таква работа, единствено ако влезат фирми кои ќе го работат земјоделието како бизнис, па државата да ги стимулира/ограничи процент од производството да мора да оди локално и по "локални цени", се друго е ветер во магла.
 
за тричлено семејство требаат околу 50тина илјади денари месечно за колку толку пристоен живот
Незнам друже како го пресмета тоа ама мислам дека е далеку од реалноста. Еве jас сум со мало дете од година и пол па може да кажам дека 50.000 не не управуваат ни под разно, а имам решено станбено прашаве и не живеам во Скопjе. На кратко и една мала пресметка:
-месечна потрошувачка за храна ни е околу 10.000-12.000 зависи од месецот
-за малиот имаме околу 9.000 трошок месечно (пелени, млеко, влажни марамици и сл.)
-околу 4.000 имаме трошок за нафта
-7.000-8.000 имаме режиски трошоци, оваа сума зголеми jа за 2.000-3.000 во текот на зимата
-околу 6.000 трошиме jaс и сопругата на работа (храна, вода, 200гр кафе и сл.)

Дур да видиш си стигнал околу 32.000-35.000, а не сме ставиле овде дека може некоj да ти доjде на гости и треба плус да испазариш или треба да одиш каj некого и треба да однесеш нешто, може да се разболиш или треба да идеш на стоматолог, треба да тргнеш нешто настрана за годишен одмор, сакаш 1-2 пати во месец да излезеш во град, на колата треба некоj дел да се смени, гардероба треба периоднично да се обновува и ред други работи што во моментов не сум ги спомнал. И пак ќе кажам, непушачи, во сопствен стан, без кредити, со сопствена кола, надвор од Скопjе. Имаше една убава англиска поговорка, вели од платата што jа печалиш одземи ги редовните месечни трошоци кои се неопходни и ќе видиш реално за колку пари работиш. Реков и порано на темава моj став е дека за семеjство со деца, ако платите на дваjцата родители се помали од 90.000, е тешко, зошто ако малку се случи нешто да те извади од колосек (а се случува) и почнуваш да го губиш балансот. Еве еден мал пример на малиот му излезе едно црвенило околу 4.000 дадовме по креми и масти, jас правев заби околу 3.000 ден и наредниот месец колата на сервис, 40.000 ден (редовен сервис и промена на квачило) и како тоа ќе го истераш со 50.000 на месец? Да може да се тера со 50.000 ако се се движи по некоja идеална линиja.
 
Се ти беше ОК постот, до тука! И на шипциве и на кауриве во владата, побитни им се провизиите за нив, него домашни и албански производи. Биди сигурен во тоа!

Toa da, ama mislam deka vie poveke se drzite i imate nekoja nacionalna strategija za sirenje. Apla se gleda deka vleguvaat i kupuvaat pazar vo mkd preku kiper i red drugi firmi. Loso e sto istite utre ke preferiraat proizvodi od drugi drzavi a ne od MKD i so toa go namaluvaat prostorot za lokalni proizvodi. Na eden nacin loso i za nas i za vas sto sme ovde ama u globala pak podobro za vasata kauza. Vo poveke zemji na svetot stranski supermarketi na primer pustaat ama mora da ima prilicno golem % na domasno proizvedena roba na nivnite polici, vo AUS toj procent e 80%.
 
не е така

На Албанците секогаш им е побитно да не е нешто каурско. Докажано милион пати.

Гомно да е, каурско да не е.

Случајот салмонела у слаткарницата у Турска чаршија, е само еден од многуте докази за тоа.
 
За сингл човек колку би ви било потребно пари за ниво на месец дена?
Ме интересира,за основна потреба ниво и друго колку пари ви се потребни за покрај основна потреба+задоволство итн како облека,одмор,автомобил.
Ме интересираат значи две работи
основно буџет(трошоци за живот)
задоволство буџет(одмор,кола,забава итн се што е надвор од режиски трошоци)
 
не е така

На Албанците секогаш им е побитно да не е нешто каурско. Докажано милион пати.

Гомно да е, каурско да не е.

Случајот салмонела у слаткарницата у Турска чаршија, е само еден од многуте докази за тоа.
Нема да ти одговорам оти ми забрануваат пристап до сите теми оти било надвор од тема.
...ама не е така!
 
Toa da, ama mislam deka vie poveke se drzite i imate nekoja nacionalna strategija za sirenje. Apla se gleda deka vleguvaat i kupuvaat pazar vo mkd preku kiper i red drugi firmi. Loso e sto istite utre ke preferiraat proizvodi od drugi drzavi a ne od MKD i so toa go namaluvaat prostorot za lokalni proizvodi. Na eden nacin loso i za nas i za vas sto sme ovde ama u globala pak podobro za vasata kauza. Vo poveke zemji na svetot stranski supermarketi na primer pustaat ama mora da ima prilicno golem % na domasno proizvedena roba na nivnite polici, vo AUS toj procent e 80%.
Aко се фосираат домашни производи потрошувачите ќе бидат оштетени, ќе плаќаат повеќе за понизок квалитет. А ќе има поскапи цени на ресурси зошто ќе има нерентабилни фирми во живот кој ќе поседуваат недвижности, опрема и трошат други ресурси а зависат од политика на државата. Не е паметно да се форисираат домашни производи по маркети. Слободнито пазар е најдобар механизам за оптимизација на цени и ресурси. Фирмите плус ќе зависат од државата а тоа ќе ги мотивира да го корумираат политичкиот систем.
 
WTF? :pos: :pos: :pos:
 
не знам што се чудиш, ставаш акциза рецимо на странска роба 50% и одма цените на домашните производи ќе ти се качат за 20% минимум пошто нема кој да им биде конкуренција. При бранење производство, цената ја плаќа крајниот купец. И дури и при отворен пазар имаш злосторнички здружувања за набивање цени, а можам да замислам како би било у тој случај каде што би забранил секаков увоз.
 
Најголем дел од гласачите се за царини, субвенции и заштита на домашното производство. Сетоа ова е научно докажано дека е на нивна штета. Не сакаат да ги прифатат фактите бидејќи веруваат во национализам. Просечниот гласач е аналфабет за економија.
 
Последно уредено:
Небитно од каде ви ги носат, ако навистина сакате пониски цени, треба конкуренција и кај малопродажбата. И да се 5 денари од надвор, ако конкурентот ги продава 50, јас би ги шиткал за 45-47, поефтин од конкуренцијата, но ни на крај памет не би се откажал од можноста за добра маржа.

Инаку секогаш е најдобро да имате домашно производство, па макар и да е поскапо. Таму може да регулираш стандарди, се гради локална економија и се отвораат работни места, капиталот останува во државата, не зависиш од милоста на тие од надвор. Една војна како оваа во Украина, може да те остави без увоз, и да го плаќаш и 5 пати поскапо од старата цена.

Се виде и за време на Ковид колку е добро ако немаш локална индустрија, едни мочани маски не можеше да си произведеме ни ние, а ни пола свет, и народ се тепаше за тоалетна.
Автоматски споено мислење:

Aко се фосираат домашни производи потрошувачите ќе бидат оштетени, ќе плаќаат повеќе за понизок квалитет. А ќе има поскапи цени на ресурси зошто ќе има нерентабилни фирми во живот кој ќе поседуваат недвижности, опрема и трошат други ресурси а зависат од политика на државата. Не е паметно да се форисираат домашни производи по маркети. Слободнито пазар е најдобар механизам за оптимизација на цени и ресурси. Фирмите плус ќе зависат од државата а тоа ќе ги мотивира да го корумираат политичкиот систем.
Како го опиша ова, излегува треба да сме само потрошувачко општество и сите фирми да ги затвориме оти може да го корумпираат политичкиот систем. Од каде пари?
 
Небитно од каде ви ги носат, ако навистина сакате пониски цени, треба конкуренција и кај малопродажбата. И да се 5 денари од надвор, ако конкурентот ги продава 50, јас би ги шиткал за 45-47, поефтин од конкуренцијата, но ни на крај памет не би се откажал од можноста за добра маржа.

Инаку секогаш е најдобро да имате домашно производство, па макар и да е поскапо. Таму може да регулираш стандарди, се гради локална економија и се отвораат работни места, капиталот останува во државата, не зависиш од милоста на тие од надвор. Една војна како оваа во Украина, може да те остави без увоз, и да го плаќаш и 5 пати поскапо од старата цена.

Се виде и за време на Ковид колку е добро ако немаш локална индустрија, едни мочани маски не можеше да си произведеме ни ние, а ни пола свет, и народ се тепаше за тоалетна.
Автоматски споено мислење:

Како го опиша ова, излегува треба да сме само потрошувачко општество и сите фирми да ги затвориме оти може да го корумпираат политичкиот систем. Од каде пари?
Нека прват дисторзија на пазари. Од тоа добро се заработува. Има еден пазар со минимум на откупна цена а субвенции на продажба цена. Тоа значи дека како продавач ќе имаа огромна побарувачка за неквалитен а скап производ. ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom